Се изнаслушав деновиве после референдумот за ГТЦ „мудрости“ од типот дека тој бил неуспешен, слабо изведен, дека градоначалникот на Општина Центар треба да понесе одговорност и слично, а најголемата моронштина од сите е содржана во соопштението на агитпропот на владеачката партија дека „мнозинството граѓани покажале дека не ги одобруваат политиките на СДСМ и нивната коалиција“, дека се работи за некаков неуспех и дека референдумот бил „политички оркестриран од СДСМ и Жерновски“ со „огромна поддршка“ на целата „машинерија“ невладини организации и медиуми „финансирани од Фондацијата Сорос“. Со еден збор, вели пораката на ЦК-то на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Општина Центар го поддржаа „истенчениот естетски вкус на владетелот“.
Ајде да ја разгледаме „неуспешноста“ на референдумот. Дали навистина се
работи за некаков дебакл?