Tuesday, November 30, 2010

ГРУШИТЕЛИ!

Готово е! Започнува преродбата! Преродба која треба да го заборави минатото и да нè упати кон моќната иднина! Дали е навистина така? Изгледа дека преродбата успева само во едното: да го преправи минатото, во облик благопријатен за Шерифот! Да го избрише постоењето на сè што било пред тоа, пред 2006! Тогаш, во периодот пред нивното доаѓање на власт, немало ништо! Сè било лошо, грдо, нездраво, без мозок, затворено, без вера, без култура...без „нашиот“ барок!

Monday, November 29, 2010

А1 - ВИРТУЕЛНИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА



Да! Повикот на бунт во Македонија е забранет! Но, нешто не е во ред со народот кој молчи при силување! Нешто не е во ред со народ кому цели 20 години, разни политичари, му ветуваат влез во светла иднина, а таа никако да му осамне!

Saturday, November 27, 2010

МАЈКИ - МИЛЧО МАНЧЕВСКИ




Трогнат сум до коска! До бол! Погоден право во срцето, во душата! Филмот, од самиот негов почеток, па сè до крајот, ме остави без здив! Остава силен впечаток со својата преубава порака, уште од самиот негов почеток, со кадри и приказна својствена за врвен уметнички ум. Гледањето на неговиот филм е прекрасно доживување, едно цело ново искуство! Секој кадар е влезен на своето место, осмислен е до бескрај. Водена е сметка за композицијата во целосен спој со динамиката на кадрите! Прекрасен филм со исклучителна фотографија. Посебен фил на целиот филм дава длабочината на сказната и нејзината порака. Филмот говори од секоја негова пора! Секоја негова секунда е преполна со длабоки чувства!

АМЕНЦИЈА И НЕЈЗИНИТЕ БЕБИЊА



Аменција е стара и грда баба, но секогаш се движи како боксер и токму како во бајката за Снежана, го преобразува ликот во мирно и кротко јагне. Всушност, таа постојано е накриво насадена и секојдневно, заслепена од својата удобна фотелја, умислува дека нејзината големина е барем десет пати поголема од природната! Секојдневно се огледува во огромното огледало, поставено среде собата, гледајќи го својот лик на кој стои круна неколку пати посветла од сонцето. Фотелјата, со својот одраз во огледалото, секогаш наликува на најсјајниот и најголемиот трон што некогаш сте можеле да си го замислите.

Monday, November 15, 2010

ЗДРАВИ БОМБИ




Уште пред десетина години олујата, што беснееше во регионот, го загади секое делче од „недопрената“ природа. Интервенцијата на „ослободителот“ ги „осиромаши“ пределите на бивша Југославија со ураниум до тој степен, што балканските клиники за радиологија и онкологија уште долго ќе ни се преполнуваат со пациенти! „Не е штетен“ - тврдеа владетелите, весело! Тоа во превод би требало да значи дека е здрав за околината и за човекот!?