Showing posts with label сатира. Show all posts
Showing posts with label сатира. Show all posts

Monday, September 10, 2012

ЛУДИЛОТО ПРОДОЛЖУВА

Трајно лудило (кликни за да ја зголемиш сликата!)

Нормално, господата покондурени сељаци не може да знаат дека тогаш во град се носела облека (а`ла турка, или а`ла франка), а не носија. Носиите идат уз опинци, не со кондури, патики и со шешири. Изгледа, повторно некоја загатка ќе да е! :0)))

За другите фелери на „преродбата“:
УТНАТА ГОДИНАТА НА ЗГРАДАТА НА МНР
ГРЕШКА НА СПОМЕНИК ВО ЖЕНА ПАРК

Wednesday, January 25, 2012

ЗА ТАЈНИОТ ЧОВЕК И ЗА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ



Како и во реалниот живот, така и на Фејсбук — едни ви се пријатели, а некои се таму само за да проверат кои сте, што сте и до каде сте, иако слабо, или никогаш не комуницираат со вас. Тука се, само за да ѕирнат што сте ручале, што сте имале за доручек, дали сте воделе љубов со жена ви, или можеби повеќе преферирате да ја возбудувате швалерката… Кога ви е најтешко ретко ќе ве сослушаат и тешко дека некогаш воопшто ќе ви помогнат, но, кога треба да ја отворат устата за вас, тогаш се први. Секогаш се подобро упатени за вашиот живот дури и од вас самите! Ги знаат и најситните подробности од вашиот живот, па дури и оние за кои никогаш и воопшто не сте ни сонувале.

Monday, March 21, 2011

ПЛАТА ПО УЧИНОК



Деновиве станува актуелен предлогот за воведување на принципот на „плата според учинок“. Не! Воопшто не сум против неговото воведување! Јас сум против неговата селективна примена и негова важност единствено за лекарите, судиите и за јавната администрација!

Saturday, November 27, 2010

МАЈКИ - МИЛЧО МАНЧЕВСКИ




Трогнат сум до коска! До бол! Погоден право во срцето, во душата! Филмот, од самиот негов почеток, па сè до крајот, ме остави без здив! Остава силен впечаток со својата преубава порака, уште од самиот негов почеток, со кадри и приказна својствена за врвен уметнички ум. Гледањето на неговиот филм е прекрасно доживување, едно цело ново искуство! Секој кадар е влезен на своето место, осмислен е до бескрај. Водена е сметка за композицијата во целосен спој со динамиката на кадрите! Прекрасен филм со исклучителна фотографија. Посебен фил на целиот филм дава длабочината на сказната и нејзината порака. Филмот говори од секоја негова пора! Секоја негова секунда е преполна со длабоки чувства!

Wednesday, September 22, 2010

НОВО! АНКЕТА!




Хммм... Деновиве, откако напишав еден коментар во „Нова Македонија“, за „метастазата“, ми се втури еден од коментаторите со зборовите: „Загрижува една друга работа кај овој опозициски коментатор (инаку го среќавам во Утрински) што ноторни вистини ги подведува во пресметка на власта со одредени структури. Ова го прави со опозициски акцент.“!? Значи, ем му смета мојата појава во „Утрински“, ем што сум се дрзнал да пишувам во „опозициската“ Нова Македонија. Ова ми роди идеја за анкета!

Tuesday, July 13, 2010

ТОКМАКОТ СЕ СТОКМИ



Сатирата извира и од парахроното враќање во праисторијата,што го нарекувате „проект“! Замислете да го вратиме „Ќиро“, бидејќи некому му буди сентиментални сеќавања, или да го урнеме центарот, во делот кај сегашниот „Сити“ („Стоковна Куќа“) за да на негово место ги изградиме бараките и бројните кафеани, но овој пат во „Барок“!?