Showing posts with label Стара Баба. Show all posts
Showing posts with label Стара Баба. Show all posts
Friday, June 29, 2012
Friday, May 4, 2012
МИЛОЗЛИВ ПОТСЕТНИК ЗА ПОЛИЦИЈАТА
Карактеристично за случајов е што за апсењето на дваесеттина
терористи, МВР употребило 800 полицајци! Истиот број специјалци, можеби и
поголем, беше употребен и при апсењето на Велија Рамковски и на неговите
соработници, обвинети за злосторничко здружување и за затајување на данок. Се
поставува прашањето што е поопасно за државата, тероризмот, или
неисполнителните даночни обврзници!?
Friday, January 13, 2012
„ГРАЃАНСКА“ ЕСТЕТИКА
Утро е! Петок 13-ти. Едвај чекам да видам каква нова глупост
ни смислил владетелот. Како тргнало, почна да ми станува страв и да се
разбудам. Покрај сите глупости што ги прави оваа власт во обид да му се допадне
на народот, еве ја и најновата: „Изберете го новиот лик на зградата на
Илинденска б.б.“, велат. Владата и граѓаните ќе ја бираат новата фасада.
Поставија и анкета на сајтот на владата: „Од причини што се работи за проект и решенија кои беа надвор од Програмата за работа на Владата“, усвоена во Собранието, бараат финална оценка и потврда од страна на граѓаните за своето лудило. Оценката ќе
била од значајна корист за стручната комисија при натамошните постапки, велат.
Wednesday, September 28, 2011
ГРАЃАНИ ОД ПОСЛЕДНИОТ РЕД
„Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат.“ (Член 32 од Уставот на Република Македонија)
Колку убаво звучат овие ставови од највисокиот правен акт, кој ги уредува правата, слободите и должностите на граѓаните, нивниот однос кон државата, но и односот на државата кон нив.
Labels:
BMRO,
вработување,
македонија,
македонци,
менталитет,
преродба,
СДСМ,
споменици,
Стара Баба
Thursday, June 2, 2011
Monday, April 11, 2011
ПАРАНОЈАТА НА БАБА МИРКА
Ха,ха,ха...! Каков дебакл! Ми претставуваше задоволство да ја гледам дури и репризата во која се распаѓа Миленко, кој, едвај знаеше да состави реченица, обидувајќи се да го оцрни гостинот! Уф! Емисија за паметење!
Tuesday, January 4, 2011
КАТАЛЕПСИЈА
Можно ли е системот, кој го нарекувавме демократски, да ни се преобразил во најцрна диктатура? Дали Македонија, наместо од социјализам („комунизам“) во капитализам, преминала во некаква, досега невидена, форма на фашизам? Сè ми се чини, ја срушивме сопствената држава (Југославија) во име на рушење на постоечкиот „нехуман“ систем и бришење на границите, а останавме затворени во тор, со нови граници, впишани дури и онаму каде што никогаш ги немало! Системот ни се претвори во беден национал-социјализам продуциран од истите сурати, довчерашни „комунисти“!
Monday, December 13, 2010
УТРЕ Е ПРЕДОЦНА!
Народот, има легитимно право да бара смена на легално избрана власт која го прелажала и се заборавила во своето владеење! Надмени, самобендисани, апсолутни шампиони во аматеризам, со приземно и површно знаење од секоја област (претставено како научен зенит), без идентитет, без скрупули, со огромен малограѓански невкус... Тие се мали умислени богови кои себеси се поставуваат над законите, корумпирани борци против корупцијата, грабливци-лешинари кои се борат против криминалот... Тоа се само дел од карактеристиките кои ги поседува оваа власт!
Tuesday, November 30, 2010
ГРУШИТЕЛИ!
Готово е! Започнува преродбата! Преродба која треба да го заборави минатото и да нè упати кон моќната иднина! Дали е навистина така? Изгледа дека преродбата успева само во едното: да го преправи минатото, во облик благопријатен за Шерифот! Да го избрише постоењето на сè што било пред тоа, пред 2006! Тогаш, во периодот пред нивното доаѓање на власт, немало ништо! Сè било лошо, грдо, нездраво, без мозок, затворено, без вера, без култура...без „нашиот“ барок!
Saturday, November 27, 2010
МАЈКИ - МИЛЧО МАНЧЕВСКИ
Трогнат сум до коска! До бол! Погоден право во срцето, во душата! Филмот, од самиот негов почеток, па сè до крајот, ме остави без здив! Остава силен впечаток со својата преубава порака, уште од самиот негов почеток, со кадри и приказна својствена за врвен уметнички ум. Гледањето на неговиот филм е прекрасно доживување, едно цело ново искуство! Секој кадар е влезен на своето место, осмислен е до бескрај. Водена е сметка за композицијата во целосен спој со динамиката на кадрите! Прекрасен филм со исклучителна фотографија. Посебен фил на целиот филм дава длабочината на сказната и нејзината порака. Филмот говори од секоја негова пора! Секоја негова секунда е преполна со длабоки чувства!
АМЕНЦИЈА И НЕЈЗИНИТЕ БЕБИЊА
Аменција е стара и грда баба, но секогаш се движи како боксер и токму како во бајката за Снежана, го преобразува ликот во мирно и кротко јагне. Всушност, таа постојано е накриво насадена и секојдневно, заслепена од својата удобна фотелја, умислува дека нејзината големина е барем десет пати поголема од природната! Секојдневно се огледува во огромното огледало, поставено среде собата, гледајќи го својот лик на кој стои круна неколку пати посветла од сонцето. Фотелјата, со својот одраз во огледалото, секогаш наликува на најсјајниот и најголемиот трон што некогаш сте можеле да си го замислите.
Wednesday, September 22, 2010
НОВО! АНКЕТА!
Хммм... Деновиве, откако напишав еден коментар во „Нова Македонија“, за „метастазата“, ми се втури еден од коментаторите со зборовите: „Загрижува една друга работа кај овој опозициски коментатор (инаку го среќавам во Утрински) што ноторни вистини ги подведува во пресметка на власта со одредени структури. Ова го прави со опозициски акцент.“!? Значи, ем му смета мојата појава во „Утрински“, ем што сум се дрзнал да пишувам во „опозициската“ Нова Македонија. Ова ми роди идеја за анкета!
Friday, July 2, 2010
БЕЗЗАКОНИЕ!
Можеби и има некои сличности меѓу Нерон и „нашиот“ Пастир* (*превод за неупатените: Пастир-водач на овци, овчар:)! Нерон, прво го запалил Рим, па ги ограбил Патрициите за да го направи прекрасниот Рим, кој го замислил да наликува на Атина! Пастирот, успеа да го урне Скопје, без да го запали, прогласувајќи го тоа за градење, земајќи од најбедните: невработените, болниците, стечајците, млекарите, „плебсот“... со намера да ги Збогати „патрициите“, а Скопје, почнува да наликува на Атина, според Неокласицизмот, кој тие го сонуваат како Антички Великомакедонски „Грандиозен Барок“ (читај: анахрона глупост)!
Thursday, June 24, 2010
Subscribe to:
Posts (Atom)












