![]() |
| Растур-барокот крај новоизградениот скопски „стар“ Театар |
Showing posts with label Скопје. Show all posts
Showing posts with label Скопје. Show all posts
Monday, July 31, 2017
МАКЕДОНСКИОТ РАСТУР-БАРОК ‒ ГОРДОСТ ИЛИ ПРЕДРАСУДА (2)
Thursday, July 27, 2017
МАКЕДОНСКИОТ РАСТУР-БАРОК ‒ ГОРДОСТ ИЛИ ПРЕДРАСУДА (1)
![]() |
| Триумфот крај Порта Македонија |
Многу галама се дигна уште во моментот кога некои „наши“ новокомпонирани граѓани одлучија градов да го „претворат“ во метропола и го објавија кон крајот на 2009 г. започнувањето на проектот „Скопје-2014“ преку кој тврдеа дека ќе се возобновела и вознела националната гордост на Македонецот и ќе се забетонирал неговиот национален идентитет.
Monday, July 25, 2016
МЕМЕНТО
На 1 јули 2012 година беше срамнета со земја околината на Старата
железничка станица. Скопје одново доживеа катаклизма! Овој пат за тоа не беше виновна природата, туку човековата глупост. Уништени беа преостанатите перони, дел од пругата,
дел од накнадно реконструираното крило...
Во пресрет на утрешниот ден, еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, објавувам една моја постара фотографија која ја постирав уште во јули 2012-та година, како реакција на катаклизмата која одново ја доживува мојот град – многу пострашна од таа во 1963, овој пат по налог на нашето фирерче, а извршител е Коце кому повеќе му прилега функцијата градски дрвосеча отколку градоначалник. Ужасот ни се случува(ше) пред нашите очи, а ние си молчевме и сè уште молчиме!
Во чест на мојот град кој за четири-пет години „преродбенициве“ успешно го трансформираа во паланка од крајот на светот, а неговото срце – Центарот на градот – во тешко средсело и селски панаѓур... Во помен на жртвите од земјотресот, наместо едноминутно молчење:
![]() |
| *Кликнете на сликата за да ја зголемите! |
Вечна ти слава, граду мој!
Thursday, June 16, 2016
БЕЗВРЕДНИ ВРЕДНОСТИ
Велат, тие правеле нешто. Велат, овие барем нешто изградија. За жал, од ваквите констатации произлегува дека не е битно што се гради, битно е нешто да се гради, па макар тоа било и полски ќенеф. Небитно е што за него се платени милиони евра! Тврдат, најпосле се гледало каде оделе парите кои ги даваат даночните обврзници. Таквата логика оправдува да платите иста цена за ѓердан од дваесет и четири каратно злато и за ѓердан обоен со златна боја, само за да поседувате нешто златно. Дали навистина би направиле такво нешто?
Thursday, September 20, 2012
ЗГОЛЕМЕНА ПОТРОШУВАЧКА, ИЛИ ЗГОЛЕМЕНА СИРОМАШТИЈА?!
Една од задачите на новинарите, покрај истражувањето, е и да
манипулираат со јавното мнение. Тоа се случува и во текстот објавен во
„Дневник“ со наслов „Парите од под перница ги хранат граѓаните“, кој тврди дека зголемувањето на потрошувачката во земјава бил добар
показател за земјава, но суштински бил лош знак?! Приказните за „позитивна“ рецесија,
може да ги чуете само кај нас, во Земјата на чудата. Експертите биле толку
стручни, што поим немаат зошто се случува зголемената потрошувачка?! Одговорот
и не е толку сложен, како што тврдат.
Labels:
BMORK,
БМР0-Δ.Π.Ν.Ε.,
вмро-дпмне,
економија,
преродба,
рецесија,
Скопје
Wednesday, August 8, 2012
ПРЕД СРАМОТ НА „ЅИДОТ НА СРАМОТ“
Крајно бесмислени се „ѕидот на срамот“ (јавното интернет објавување на наводни кодоши), како и лустрацијата која се врши
по цели 20 години од падот на „комунизмот“. Меѓу „жртви на кодошењето“ можно е да се најдат и луѓе кои се судени за криминал и силување, токму како и на онаа листа на „репресирани патриоти“.
Labels:
BMRO,
VMRO-DPMNE,
zakon,
лустрација,
менталитет,
никола груевски,
СДСМ,
Скопје
Monday, June 20, 2011
СКАЗНА ЗА МАЛИОТ КАЛИФ СО ГОЛЕМИ КОМПЛЕКСИ
Сега ми е веќе појасна приказната за комплексите на едно детенце со „многу мачен“живот.
Сказната, започнува вака…
Си било еднаш едно детенце, чија мајка купила стан во близина на седиштето на една партија во близина на населбата Недојдија. Може слободно да ја наречеме и Пустелија, само, ако сакате да ја здогледате. Бидејќи се наоѓала во Калифатот на Земјата на чудата, таа со својата скромна плата и „тешка и мно0огу наапорна работа“ (а работела кутрата 24/7) успеала да си купи уште 5-6 станови, уште само неколку куќички и неки мали фирмички (во странство), кои и’ ги поклонил самиот Господ, но тој и’ посочил дека таа мора и натаму да живее скромно со своето мало синче.
Tuesday, September 21, 2010
ПОЛИТИЧКА УМЕТНОСТ
Интересен заклучок ми се наметнува од дискусијава. Очигледно е дека се работи за политичка, наместо - Расправа за и околу Уметноста!
Friday, July 2, 2010
БЕЗЗАКОНИЕ!
Можеби и има некои сличности меѓу Нерон и „нашиот“ Пастир* (*превод за неупатените: Пастир-водач на овци, овчар:)! Нерон, прво го запалил Рим, па ги ограбил Патрициите за да го направи прекрасниот Рим, кој го замислил да наликува на Атина! Пастирот, успеа да го урне Скопје, без да го запали, прогласувајќи го тоа за градење, земајќи од најбедните: невработените, болниците, стечајците, млекарите, „плебсот“... со намера да ги Збогати „патрициите“, а Скопје, почнува да наликува на Атина, според Неокласицизмот, кој тие го сонуваат како Антички Великомакедонски „Грандиозен Барок“ (читај: анахрона глупост)!
Friday, June 4, 2010
А ДЕНЕС, ЗА ЛОШАТА ТРЕВА
повод: „Поленот од тревите ги задуши скопјани“, натпис во „Утрински“
Ајде да ги уништиме тревите! Да ги уништиме тие Подли Билки, што се дрзнале некому да предизвикаат алергија! Ајде да ги уништиме зелените дрвја - и тие ни го загадуваат животниот простор со својот зол полен и со грдите цветови! Знам: ќе ги прогласиме за Стари - се препречиле на тротоарите и не можеме да си ги прошириме авениите, за нашите нови џипчиња! Да ги уништиме цвеќињата по планините, парковите, терасите!

Thursday, June 3, 2010
ИЗБОР НА НАЈГЛУП И НАЈГРД НАДГРОБЕН СПОМЕНИК
Време е на споменици! Време за лечење на патриотизмот! Лековит Споменик! Колку тоа „гордо“звучи! Му недостасува ли патриотизмот на Македонецот? Дали е токму тоа, она што му недостасува? За вас избрав неколку Кичфигурини, кои се прескапо платени (ако некогаш воопшто ја дознаеме вистинската цена)! Одберете ја најглупавата! И што тогаш?! Право пред неа, на лечење! Намерно во нив ги нема „спомениците“на Гоце, Даме, или некој од непристигнатите! За да не ги навредам овие личности, кои сакале, или не, се сепак дел од матната историја на овој народ!
Labels:
вмро-дпмне,
кич,
кичфигурини,
преродба,
Скопје,
Скопје 2014,
споменици
Wednesday, June 2, 2010
ГРДОТИЈАТА НАРЕЧЕНА КАМЕН МОСТ
Една прекрасна емисија… емисија за реставрација на еден добро познат мост - Стариот Мост во Мостар, симболот на тој град, изграден од неимарот Хајрудин уште во далечната 1566 година со цел да ги поврзува двата брега на Неретва и трите нации во градот, а срушен до темел од малоумен официр на ХВО во виорот на граѓанската војна во Босна и Херцеговина во 1993 година.
Она што ме зачуди беше ентузијазмот со кој, раководителот на проектот, една млада дама (не постара од 30 години) и целата екипа со која работеше го реконструираа овој легендарен мост. Беше интересно да се гледа заложбата да се обнови мостот со оригиналниот камен тенелија од кој бил изграден во минатото.

Wednesday, May 19, 2010
СО ЖИЧАРНИЦА ДО КРСТОТ
Одговор на малоумните писанија во рубриката Писма („Утрински весник“бр.3286,19.5.2010.)
Големите визии не се за Ситните Искомплексирани Души! И балонот се шири до одредени димензии, но онолку колку му дозволува капацитетот! Жичарницата ќе превезува 1200 патници на час, но која е бројката на патници потребна за нејзина исплатливост? Исплатливоста е главното прашање што треба да се постави за ваквото „чудо“! Каде ќе најдете 1200 патници на час? Гледам Скопје врие од туристи! Не можам да се движам низ улициве и тротоариве од нив! Знаете ли дека ќе се исечат 12000 метри квадратни Шума, само за да ја задоволат Болната Суета на Власта! Гледам, пресреќни сте што ќе може за Божиќ да се крстите на Милениумскиот Крст на Водно! Се прашува ли некој колку чини струјата за негово осветлување? Многумина се Крстат, гледајќи ги „достигнувањата“на преродбата! Вселенските размери во Светот ги мерат според Научните Достигнувања на една нација, а не според Бројот на направените Глупости!

Subscribe to:
Posts (Atom)