Tuesday, September 21, 2010

ПОЛИТИЧКА УМЕТНОСТ

Скопје, по 2014


Интересен заклучок ми се наметнува од дискусијава. Очигледно е дека се работи за политичка, наместо - Расправа за и околу Уметноста!



Она што е потегнато во текстот на авторот е токму прашањето на уметност и култура - прашањето за парахроната појава на Барокот, кој патем се означува како „класика“, токму од уметнички дилетанти. Од каде потекнува мојот заклучок? Од тоа што, наместо аргументи, кои се однесуваат на одбрана на потребата од „барок“во XXI век, од аспект на композиција, естетика, пропорција, визуелно доживување и впечаток… навлегуваме во беспредметна расправија pro et contra, за тотално Политички инспирирана Уметност! Политичката мотивација на „барокот“ (псеудобарокноста) е очигледна! Уште поочигледно е дека тој е промовиран од политичари, апсолутни непознавачи на постулатите кои ја карактеризираат уметноста!

Која е вредноста на Кич-фигурините, распослани низ центарот на градот за кој, барем така се изјаснуваат во своите настапи и говори, тенденцијата им е да го направат „Светска Метропола“? Од каде и да тргнеме, од Стара железничка кон Камениот Мост, или обратно, единствената вредна фигура е „Просјакот“! И поред извесни сличности со одредени слични дела во светот, има свој сопствен ликовен и визуелен Израз! Сите оние „Еј“; „Шмизли“; „Мачки“… се безвредно Ругло на градов, без сопствен печат, претежно диспропорционални, безизразни, со нарушена статика и композиција, во голем дел и лоши имитации, кои згора на сè се и нечија Прескапо платена мегаломанија со туѓи пари! Се работи за Превреднувана Умислена „уметничка слобода“, која под истиот поим подразбира дека, она што го изработува, може и да се коси со основните предиспозиции за да создаденото се нарече Дело. Се коси со основите на визуелното и естетското, што е и главната карактеристика на Кичерајот!

Всушност, како и самата презентација на Морбидната Инсанија „Скопје 2014“ се работи за Кич, кој е обвиткан во Златна рамка, во безупешен обид кичерајот да се именува како уметност! Златната рамка во случајов е заменета со големо количество псеудопатриотизам, кој преку замена на тези, упростувајќи го невозможното, сите противници ги етикетира како предавници, а сите слепи подржувачи како единствени носители на националниот идентитет!

*текстот е мој коментар на текстот во „Окно“, насловен како „Барокот на тасманиската пештера“!

No comments:

Post a Comment