Wednesday, June 9, 2010

ХОЏА, СТАЛИН, ИЛИ ЧЕНТО... KОЈ?

Ете, се случи и тоа! Пристигна уште еден „споменик“од минатото! Токму од оние, кои себе си се претставуваат како антикомунистичка авангарда, добивме нов Надгробен споменик, наменет за народот, од времето на Соцреализмот. Какво ли лудило нè има зафатено, штом, си дозволуваме екскурзии по минатото? Дали е во прашање празноглавата теза дека, бидејќи сме го одминале (прескокнале) барокот, треба да се вратиме во Соцреализмот? Тој, рака на срце, не им беше наметнуван на Уметниците, ниту во ’50-те, ниту во ’60-те од „просрпската и комуњарска“елита, што значи - и него сме го прескокнале, па според логиката на некои малоумници, треба да се вратиме назад во времето, за да го доживееме. Или, пак, поборниците на барокот, се изместиле, па живеат во заблудата, дека соцреализмот, со своите карактеристики е најблизок до „нашиот“барок?! Што ли се одвива во нивниот заматен ум?


Зошто Ченто? Дали ова ни се случува, единствено поради респект кон краткотрајната функција која ја обавувал, Претседател на Президиумот на АСНОМ, или како враќање на долгот кон неговите семејни наследници, за сработеното за БМРО? Зошто е заборавен податокот дека, по негова иницијатива, на Заседанието на АСНОМ, присуствуваат Фашистички дејци (под маската на „големи“Македонци), членовите на Българските Акционни Комитети - Йордан Чкатров и Трайче Чундев! Случајност, или очигледна намера? И, како може некому да му се избрише матниот ôд низ историјата?

Одењето на Заседанието, на овие „храбри“делегати со Ранец и Стап (како излетници на планина) и одбивањето да прифатат оружје, кое им било нудено, е факт, кој говори за „величината“! Да напоменам дека во округ од триесетина километри, немало никаков бугарски војник, а тие по излегувањето од куќата, во која престојувале, ползеле, во страв да не бидат приметени од Бугарите! Патриоти!? Херои?! Дури подоцна го добив објаснувањето од одговорниот за нивната безбедност, М. Панче, кој дури подоцна ја разбрал поентата - Бугарскиот окупатор не можел да ги осуди, ако носеле стап и ранец! Суделе единствено заради вооружено востание против Бьлгарската држава, и тоа, единствено, ако ги фателе со оружје (на дело), тогаш доказите ќе биле несоборливи! Единствената можна пресуда за ваквите дејства, „вооружена буна против Царството“ била Смртната Казна! Какви големи Герои!

Вртењето на капата, според правецот на ветерот и камелеонството, се очигледна Долгогодишна појава кај „Македонските политички дејци“! Тоа е видливо и од тврдењето на очевидци дека, главната причина за неговиот сукоб со Светозар Вукмановиќ - Темпо е всушност затоа, што се спротиставил на одреден број пратеници избрани на Заседанието на АСНОМ, кои ги нарекол „србомани“! Колку познато и современо звучи! И денес, секој оној кој говори и се залага за Југословенство се прогласува за србоман! „Заведен комунист“(!?), кој „не им подлегнал на српските“, туку на бугарските бајки за МК! Што друго да се очекува од полуписмен Тутунар?! Традиција, со особено значење, која го опишува „нашиот“историски континиум! Еден, во „Утрински“, напишал дека „бидејќи не сакаше да ги жртвува македонските интереси во корист на српските, па затоа мораше да плати и со животот“. „Платил со живот“, оној кој е убиен во војната или стрелан, а не оној, кој умира во1957 година, во педесет и петтата година од својот живот, поради рак на желудник, во својот дом! А заштитата на „македонските интереси“и поведувањето по Б’лгарската парола „на Солун, наместо на Срем“, доволно говори за каква „заштита“ и за чии интереси се работи! Подоцна, некаде во ’90-те ќе биде рехабилитиран, по инсистирање на Киро Глигоров (за неговото житие, друг пат), и тоа без спроведување на постапка, дали бил виновен, или не, за стореното дело, туку со едноставно прогласување дека заслужува рехабилитација, со самото тоа што се залагал за самостојна Македонија (идеја пласирана од Бугарија, за своите цели)!

Но, ајде да се вратам на Споменикот! Дури и од наведените фотографии е видлива сличноста со спомениците на Тешкиот Социјализам, кој беше застапен во вид на диктатура, не толку во СССР, колку во Албанија! Потсетува на бедна копија на илјадниците споменици, излеани во чест на Сталин, Ленин, Хоџа... Единствената разлика е што овој минорен продавач на Алкохол, не им е ниту до малото прсте. Дури, ниту по образованоста! Енвер Хоџа, има завршено на познатиот Универзитет во Монпеље, природни науки и Филозофија на Сорбона, а тоа е далеку од средно трговачко училиште во Прилеп! Споменикот е поставен токму во позата на скулптурите од овие, далеку попознати творци! Дали се работи за сподоби, добро запознаени со Советскиот Сталинистички Соцреализам (уметност по диктат)? Сигурен сум дека одговорот е Да! Имаше еден поголем број „наши“граѓани кои живееа во овој поредок, па потоа дојдоа да живеат во Македонија, со сите привилегии: школување, стан, работа! И тоа сè Гага! Дури одбиваа и да земат државјанство на СФРЈ и СРМ! Погодувате за кого се работи, нели! Истите, денес се претставуваат за гооолеми земјопоседници во една соседна држава, која гледаат да ја Оцрнат на секој чекор (таа им е виновна за сите нивни незгоди и трагедии од животот), иако, поголемиот дел од нив биле единствено Неписмени Аргати и Наполичари. Сега, тврдат дека ги изгубиле документите!(?) Но, поголемиот дел од нив, беа и на спротивната страна во Втората Светска Војна - во Бугарските Фашистички чети, иако со помош на два сведока, масовно земаа боречки пензии!

Гломазен е по својата структура и Грандиозен единствено во својата големина! Нема никаква вредност, токму како и „Шмизла“, простакот „Еејјј...!“, „Заљубените“, па ниту во дадените стотици илјади евра за познатиот италијански мермер „во кој работеле Микеланѓело и Донатело“! Изгледа, мермерот и италијанската изработка се Единствените Уметнички Вредности на надгробниов споменик! Каков е тој патриотизам, кога за безвредна скулптура на човек од прилепските села Леништа и Плетвар, наместо мермерот од Прилеп, е користен баснословниот италијански!

Она што зачудува е трупецот, кој се наоѓа зад нозете на оваа Кичфигурина! Која е потребата од него? Единствената причина е урамнотежување на самиот споменик, но никако не и на Неговата Композиција! Тоа е видливо од самата негова поставеност - под капутот на Ченто, со несомнена функција да го придржува споменикот! Грдо! Наликува на додадена трета нога, или влошка! Самиот расчекор, наместо да воспостави рамнотежа, ја нарушува композицијата, го изместува тежиштето на целата структура, но и точката на визуелна рамнотежа! И оваа, како и другите Кичфигурини, ја носи во себе заедничката карактеристика - тие се без свој особен израз, бескарактерни, и во целост изостанува било каков печат на авторот! Ниту за една од фигурините, не може да се каже дека е особеност  на некој автор! Токму таа црта ја нема во нив, отсуствува, како и Оригиналноста, а токму тоа го зголемува впечатокот за Големината на Кичерајот!

7 comments:

  1. This comment has been removed by a blog administrator.

    ReplyDelete
  2. Во најголем процент го делам твоето мислење искажано во текстов. Потребен беше ваков текст за демистификација на ликот. Само има неколку моменти во кои си претерал во оцрнувањето на Ченто. И реториката ми изгледа полна со омраза со погрдни и неосновани напади.
    Накратко еве зошто:
    1."Што друго да се очекува од полуписмен Тутунар?!"- Ова истово би можел да го кажеш и за Рацин зар не??? Извор на егизстенција бил тој (и е за некои до ден денес). Зошто тука квалификација на " полуписмен" (и неколку пати во текстов). Ако со такво изведување заклучок се служиш тутун- неписмен, значи и Рацин не е далеку од обичен полуписмен тутунар.
    2."поголемиот дел од нив биле единствено Неписмени Аргати и Наполичари"- хм, каква погрдна квалификација за пролетеријатот. Па како да бидат начитани и виско образувани во земја која глава нема кренато од окупатори и угнетувачи. Тие што оделе по странство се дел од младата буржоазија која знаеме како стигала до пари (ваљда немало тогаш стипендии за студурање :))
    3."Единствената разлика е што овој минорен продавач на Алкохол, не им е ниту до малото прсте." - Сега авторот му суди и што бил минорен продавач на алкохол.
    Па ајде стави се сам во тогашните времиња. Егзистенција од никаде, администрација нема, плата готова нема. Ако бил миноен продавач на алкохол, не бил нарко бос!
    4.„Платил со живот“, оној кој е убиен во војната или стрелан, а не оној, кој умира во1957 година, во педесет и петтата година од својот живот, поради рак на желудник, во својот дом!'' - 55 години за тебе се длабока старост. А како го добил својот рак на желудник? Не тврдам, само прашувам: да не го добил од неухранетост или екстремно лоша исхрана по затворите и заточенијата?

    ReplyDelete
  3. Се работи за ништење на една Перманентна Лага! Неписменоста е потенцирана, затоа што во Македонија, често ни се случува низ историјата да не водат неписмени! Замислете, на гласање за Најголем Македонец во Изминатиот век (мислам на XX)народот како „најголеми“ги наведуваше своите бедни Политичари! Во играта беа: Б.Црвенковски, Љ.Георгиевски, К. Глигоров... но ниту еден писател, ликовен уметник, поет, глумец, композитор... Таму немаше место за еден Петре Прличко, за Никола Мартиноски, за Ѓорѓија Пуљески, Кирил Пејчиновиќ, Г. Прличев!? Таму немаше место за Маргарита Каровска,астрофизичар во НАСА!? Коментарот за Аргати и Наполичари се однесува на наши сограѓани на кои Југославија им даде буквално Сè, работа, образование и Имоти, а тие не сакаа ниту војска да служат, чувствувајќи се вечно како граѓани на соседна држава!Истите овие наши сограѓани, денес, поднесуваат тужби до меѓународниот суд, како сите тие да биле некои големи богаташи, иако најчесто биле токму Безимотни, Аргати и наполичари, претежно безимотни и неписмени селани кои работеле на туѓите имоти и не се исто што и Пролетери! Кога сме веќе кај Маркс, тој, под пролетеријат ги подразбирал и ситната буржоазија, која поседувала сопствени средства за производство, но и самите работеле, токму такви и најчесто имало во Македонија! Зарем не мислиш дека и „младата буржоазија“ имала право на егзистенција? Замисли, едно мое „неверојатно откритие“ тврди дека дури и Тогаш Имало Стипендии за талентирани ученици, кои биле доделувани од Кралот Александар „дури“ и на Македонци! Тогашните „трули“ капиталисти, на бадник носеле казани со храна во затворите и кај сиромашните, што, за сегашниве (изнедрени од социјализмот)не може да се рече, а ако тоа и го направат, тоа го прават од профит, или со цел бесплатна реклама! Несоодветна е паралелата на предвоените капиталисти со денешниве Лумпенпролетери, кои преку-ноќ станаа Газди и тоа на Туѓ, Општествен Имот, без да вложат ниту Еден Денар од својот џеб! Разликата е огромна! Има задужбини низ Македонија кои се градени од Нивни сопствени пари, а не од туѓите, како што тоа денес го прават Груица и компанија! Очигледно имаме и разлика во историското сознание за состојбите во Македонија! Јас не ја признавам ВМРО-вската теза дека во Југославија, македонскиот народ бил поробен! Ништо од она што е напишано на мојов блог не е напишано без сознанија и документи! Јас не сум поборник на тврдењето дека „сите сме исти“! Дали за смртта на мојот татко во 80-тите, на шеесет и нешто години,треба да ги обвиунувам Бугарските Фашисти, поради Отсечената Рака, Ранетата Нога, ослабениот вид и психичкото растројство, стекнато од бугарскиот ќотек до помодрување, или од Безмилосното Бугарско Касапење и изживување врз Неговиот помлад брат?

    ReplyDelete
  4. димитар филиповскиSeptember 30, 2010 at 11:31 PM

    Да ми го јадеш курот

    ReplyDelete
  5. @димитар филиповски -Ех, одвратен и безуспешен Кичмајсторе! Барем да се сокриеше! Толку ти е и културата, колку што ти се и уметничките способности! Барем да напишеше нешто наспроти коментарот за Кичерајот на твојата Фигурина! Благодарам на поканата, ама очигледно најпрвин ќе треба да ти го пронајдам понуденото. Еве, причекај да ја земам лупата!

    ReplyDelete
  6. Ajvane ti ocigledno nemas zivot,zenati se pleska so drug,decata ne te sakaat,cim visis na kompjuter i kontriras na sve zivo divo.Malku vidi se sam pa kritikuvaj drugi.

    ReplyDelete
  7. @Anonymous -Во право си! Признавам, немам живот! За плескањето би ти препорачал да си ја прашаш жена ти - таа најубаво знае кој со кого се плеска! Децата, напротив, ме обожаваат! Се гледам... и гледам... Имам убава долга муцка, прекрасни долги уши и... мнооогу долг... опаш! Баш сум убавец, нели! П.С. според степенот на енормниот примитивизам, искажан во твојот коментар, би рекол дека си уште еден од оние бедни псеудобарокни кичмајсторишта, кои лесно се препознаваат во мојот текст!

    ReplyDelete