Tuesday, June 22, 2010

НАЕЗДА ОД ТУРИСТИ

Ве поздравува Лудата Мара - „Утрински“21.6.2010.

Шетам низ градов и постојано се чудам!Како да сум залутала!Се мислам,дали сум сеуште во Скопје,или во некоја Странска земја!Навалиле туристиве,не можеш да поминеш од нив!Исток,Запад,Север и Југ..Од секаде!Не можеш главата да ја дигнеш,а да не те погледнат некои искосени очи!Дошле и тие кутрите да се Лечат пред Лековитите Надгробни Споменици!
Лековитиот глас бргу се шири,оној,за лечењето на болните души,уште побргу...Налетав на неколкумина што застанаа во ред пред гондолите од Жичарницата,чекајќи да се качат на Водно,па оттаму да го разгледаат Светското Чудо Невидено!Се туркаа,се пустеа: „Ајде,што чекате?“,им се смеам.А тие во глас:„ПоСфетлата иднина фи пристигна!“!„Дас ист Скопје 2014,15,24..комт!Шнел!“!„Во Ист Котсе,Фангел Бошинофски..?Најн Eiffel,Котсе унд Фангел!“!Останав зачудена!Не чуле за Ајфел-саде Коце и Вангел ги бараат!?Да не сум болна?Веднаш побрзав накај спомениците!Што би рекол Орце проф.по СвеЦката Географија на БМРО за Македонија на Македонците: „Ура,Остваривме!Pozz..“!

No comments:

Post a Comment