Monday, June 28, 2010

ДАЛИ ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА?


Дали историјата се повторува, прашува еден граѓанин во „Нова Македонија“,12.6.2010, кој се потпишал себе си како Мусо (видување на еден обичен граѓанин)! (сигурен сум, се работи за апологетот на власта Musso) Мојот одговор на овој Текст поради веројатен проблем со веб администраторот не е објавен, но бидејќи мојот одговор (како еден сосема Необичен граѓанин) заслужува внимание и го поставувам пред вас!


И мешањето Баби и Жаби е стара појава, која континуирано се повторува! Постојано и константно Дежа Ву! Сепак, наспроти авторот, јас сум НеОбичен Граѓанин! Негов целосен антипод! Што ли ќе се случело, ако КПЈ, ја прифатеше резолуцијата на ИБ-то и се покаеше за своите престапи“ е прашање кое е равно на она: Ако беше баба ми Дедо...“! Дали тогаш, граѓаните ќе имаа пасош со кој ќе можеа да прошетаат низ светот? Дали граѓаните ќе можеа да ги слушаат Битлси, Пол Енка, Литл Ричард, Чак Бери, Том Џонс...? Дали ќе носеа фармерки? Дали ликовните уметници ќе можеа да го избегнат Соцреализмот, (уметност по диктат на Владетелот и неговиот (не)вкус кој за жал, денес, ни се олицетворува преку КичФигурините распоредени во Грандиозната Глупост Скопје 2014п.н.е“? Дали писателите ќе мораа да пишуваат исклучиво Оди за владетелот? Дали ќе можеа слободно да одат Напред, кон уметноста која претставува Вечен незапирлив Експеримент и ôд кон новото, неоткриеното, или ќе заглавеа во канализацијата на Нашиот“ барок, кој е производ на слепите желби на владеачката каста, а не на реалноста? Комунизмот, ниту ми е Всаден“, ниту Наметнат“! Или сакате да кажете дека ви беше наметнато да урлате Да живеат Тито и Партијата“?!?! Или дека ви беше забрането одењето/влегувањето во верски објекти?! Мене Не! Влегував и тогаш, непречено и без срам, во Црквите, Џамиите и Синагогите, желен да ја видам нивната патина, Но никогаш не ги извикував добро познатите пароли! Неодреденоста и осудата на некои“ емисари (новинари и академски граѓани“), кои се Осмелиле да Мислат Поразлично од тогашниот Владетел, можат и упатуваат на личното делување во тој период! Очигледна е и збунетоста на авторот, но тој се одредува: На правата линија на Партијата, На Правата Линија На Владетелот! Секогаш! Не смее да се бранува, бунтува, ниту да се размислува поинаку! Последиците се големи! Затоа, мир:Како што рече нашиот најумен лидер…“! Поделбата на патриоти“ (За Власта) и на Предавници“ (оние против неа) не е ниту нова, ниту измислица на авторот! Таа постои откога и човештвото, а Противниците на власта (Предавниците“) често ја имале честа“ да платат и со главата! Минусот-власта и минусот-народот, во дружба, секогаш даваат Минус! Во недостаток на енергија, Нема никакво движење! Мораме да признаеме дека најголемиот Минус, Власта, повеќедецениски си го носи Македонија на своите плеќи! Тој е наследен од времето на социјализмот“! Прашање е дали Народот ќе се преобрази во плус, Извишувајќи се над глупостите промовирани од власта, за да може да добиеме Минус и Плус-Движечка Енергија! За среќа, Верувам дека се завршени деновите, кога беше доволно да ги спомнете Сталин, или Ленин, па блискиот, другарот, или комшијата да ве прикаже во Најцрно Светло пред УДБА, како Предавник“, Непријател на државата и поредокот“ и сл. заради својот сопствен напредок во маалската Месна Заедница, Општинскиот Комитет, или во Селската Задруга, на работното место...! Ако не се завршени тие денови, тогаш нека ни е Среќна Новата 1948 година! Или, пак, повеќе ни мириса на ’41-та?!

No comments:

Post a Comment