Showing posts with label macedonia. Show all posts
Showing posts with label macedonia. Show all posts

Monday, July 31, 2017

МАКЕДОНСКИОТ РАСТУР-БАРОК ‒ ГОРДОСТ ИЛИ ПРЕДРАСУДА (2)


Растур-барокот крај новоизградениот
скопски „стар“ Театар
…Колку и да се трудат растурбароков да изгледа како од некое друго време (од антиката) го издаваат ситници како материјалите, изработката, изгледот, ликот, кои никогаш нема да можат да ги постигнат бидејќи оние оригиналните се продукт на некое сосема друго и поинакво време. Нè издава недостатокот на мајсторството на старите мајстори. Не можете да добиете рачно исклесан камен, ако тоа го правите со машина наместо со длето! Не можете да добиете рачно изработен накит, ако го изработувате со машина!

Thursday, July 27, 2017

МАКЕДОНСКИОТ РАСТУР-БАРОК ‒ ГОРДОСТ ИЛИ ПРЕДРАСУДА (1)



Триумфот крај порта Македонија
Триумфот крај Порта Македонија
„Тоа е за да можат да се навикнат на мракот. Што помалку им биде јасно, толку подобро ќе маршираат“ („Опсадна состојба“, А. Ками) 

Многу галама се дигна уште во моментот кога некои „наши“ новокомпонирани граѓани одлучија градов да го „претворат“ во метропола и го објавија кон крајот на 2009 г. започнувањето на проектот „Скопје-2014“ преку кој тврдеа дека ќе се возобновела и вознела националната гордост на Македонецот и ќе се забетонирал неговиот национален идентитет.

Sunday, August 31, 2014

ПУТИНОЉУБИЕ, ИЛИ АМЕРОДЕМОНКРАТИЈА, ПРАШАЊЕ Е СЕГА!


Поделба на сфери,
Југославија (1941)
  


Гледам се развила дискусија на темата „путинољупци“и „амеродемократи“ без мое присуство, па да не останам должен некому!

 Поделбава на проруси и проамери кај нас изгледа зема замав, само што малку ми е наопака. Филозофијата и „аргументот“ за омраза дека Русите „ја поделиле Македонија“ и „не ја признаваат црквата“ не држи. Првото, затоа што во 1913 можеле да поделат само недефиниран географски поим, а не и држава. Македонија е држава од 1943. Што се однесува до црквата („јака причина“) таа може да биде признаена само од васељенски собор, а не од било која друга црква. Да не се лажеме, разговорот за самостојност на црквата не е македонштина туку чиста бугарштина!

Wednesday, July 16, 2014

ИЗГОРЕНИ ОД СОНЦЕТО

Сцена од филмот „Изгорени од сонцето“


 Жртви на комунизмот би требало да се лица кои се разликуваат по својата идеологија од него, лица кои се залагале за слобода на говор, за слободна мисла. За жал, најголемиот дел од нашите сегашни „жртви“ се националисти и национал-социјалисти, кои зад себе кријат залагања за етнички чисти (самостојни) држави на своите нации, наспроти мултиетничноста и мултикултурализмот на тогашната земја.

Wednesday, March 28, 2012

(НЕ)АРГУМЕНТИРАНО ПРОТИВ ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА






Во саботното издание на „Дневник“, Влатко Ѓорчев, пратеник во Собранието, ја отвори повторно темата за проституцијата во Македонија. Она што ме зачуди во текстот е површноста со која тој расправа за оваа сериозна тема и застанува против нејзината легализација, што повеќе посочува дека аргументите се резултат на политичка проституција и додворување кон електоратот, отколку сериозен политички настап. Неколкуте тези изнесени пред читателите, под превезот аргументација против легализацијата, всушност воопшто не се тоа.

Monday, April 11, 2011

БИСЕРНИ ЗАКОНИ



Честа е појавата, кај нас законите да се донесуваат на брза рака! Некој во законодавниот дом спомна како било многу подобро да се донесе било каков закон, одошто, воопшто да не се донесе никаков! Така дојдовме во фаза кога сме преполни со закони кои се нефункционални, противуставни, неприменливи и најчесто двосмислени... 

Thursday, October 7, 2010

ЛАВОВИ ИЛИ ВРАПЧИЊА?




Македонски лавови или Симба
Очигледно е дека некои луѓе не можат да се одлепат од идејата да нè засмејуваат! Сатирикот замрел, сплотувајќи се со власта во едно. Некаде меѓу лавот и кошулата го снемало и духот. Се изгубил во замаглениот меѓупростор! Но неговиот сон повторно го создаваат некои нови Сатирикон скулптури,кои изгледа,му се потсмеваат на неговиот „стручен“ невкус! А зошто и не? Паричките се земени! 

Tuesday, August 31, 2010

„ВЕСЕЛА“ ИСТОРИЈА



Ајде повторно за историјата! Зошто таа, кај нас, е толку лажна? Вистинска, или лажна? Всушност се работи за Недоречена историја, која најчесто им одговара на бугарофилистичарските интереси! Всушност, во „нашата“ историја, постојано се изнесуваат делумни вистини со една единствена цел - да се сокрие вистината. Оттаму навиката, луѓе кои постојано делувале спротивно на интересите на македонското постоење и егзистирање, да ги прогласуваме за „борци за македонската кауза“! Немам намера да навлегувам многу назад во историјата. Доволно е да се прегледа реално и непристрасно периодот од времето на Втората Светска Војна.

Wednesday, July 7, 2010

КАРТА, ЗА БЕДНА КОПИЈА



„Нашиот“ Циркус е само Бледа копија на „Медрано“! Толку ни чини и ако ја платиме картата стотина денари, или неколку стотини евра! Услов е само да не се работи за оние Барокните!

Monday, June 28, 2010

ЕВЕРГРИН

Децата пораснале, а Пипи, долгите чорапи ги заменила со подвезици! Така барем вели човекот кој се потпишува како уметник во „Нова Македонија“, наведувајќи ја сласта задскриена под подвезиците и чипканите чорапи, заборавајќи дека огавните, ќе останат такви и поред чипкастите гаќички и трите тони шминка, кои безуспешно го кријат примитивниот порив на најстариот занает!

ДАЛИ ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА?


Дали историјата се повторува, прашува еден граѓанин во „Нова Македонија“,12.6.2010, кој се потпишал себе си како Мусо (видување на еден обичен граѓанин)! (сигурен сум, се работи за апологетот на власта Musso) Мојот одговор на овој Текст поради веројатен проблем со веб администраторот не е објавен, но бидејќи мојот одговор (како еден сосема Необичен граѓанин) заслужува внимание и го поставувам пред вас!

Tuesday, June 22, 2010

НАЕЗДА ОД ТУРИСТИ

Ве поздравува Лудата Мара - „Утрински“21.6.2010.

Шетам низ градов и постојано се чудам!Како да сум залутала!Се мислам,дали сум сеуште во Скопје,или во некоја Странска земја!Навалиле туристиве,не можеш да поминеш од нив!Исток,Запад,Север и Југ..Од секаде!Не можеш главата да ја дигнеш,а да не те погледнат некои искосени очи!Дошле и тие кутрите да се Лечат пред Лековитите Надгробни Споменици!

Wednesday, June 16, 2010

...А СÈ МИСЛЕВ ДЕКА СЕ 2000...

Карикатурата можете да ја видите тука!

Најновото откритие,на нашиот најмлад Нобеловец Емилија Гелева,говори дека се работи за 200 000(години се разбира,никако за евра:)!

МОБИ-ЛИЗАЦИЈА, МИТИНГ...

Пренесено до вас со благослов од Лудата Мара, „Утрински“16.6.2010!


Отсекогаш знаев дека Бабата што доцни е некоја стара Гатара,која визионерски ни ја гледа Иднината!Секој ден ја очекуваат и на телевизија,заедно со Шерифот од бајките!Замислете се јавувате на 0800 ХХХ5-550 и наместо хардкор (*народен панк,не она другоно) налетувате на визионерска Баба, „наша“најубава збрчкана убавица,која,по доцнење на емисијата од половина час,ви се смешка од ТВ-екраните и ви вели:

Wednesday, May 19, 2010

СО ЖИЧАРНИЦА ДО КРСТОТ

Одговор на малоумните писанија во рубриката Писма („Утрински весник“бр.3286,19.5.2010.)

Големите визии не се за Ситните Искомплексирани Души! И балонот се шири до одредени димензии, но онолку колку му дозволува капацитетот! Жичарницата ќе превезува 1200 патници на час, но која е бројката на патници потребна за нејзина исплатливост? Исплатливоста е главното прашање што треба да се постави за ваквото „чудо“! Каде ќе најдете 1200 патници на час? Гледам Скопје врие од туристи! Не можам да се движам низ улициве и тротоариве од нив! Знаете ли дека ќе се исечат 12000 метри квадратни Шума, само за да ја задоволат Болната Суета на Власта! Гледам, пресреќни сте што ќе може за Божиќ да се крстите на Милениумскиот Крст на Водно! Се прашува ли некој колку чини струјата за негово осветлување? Многумина се Крстат, гледајќи ги „достигнувањата“на преродбата! Вселенските размери во Светот ги мерат според Научните Достигнувања на една нација, а не според Бројот на направените Глупости!