Showing posts with label кичфигурини. Show all posts
Showing posts with label кичфигурини. Show all posts

Thursday, June 16, 2016

БЕЗВРЕДНИ ВРЕДНОСТИ



 Велат, тие правеле нешто. Велат, овие барем нешто изградија. За жал, од ваквите констатации произлегува дека не е битно што се гради, битно е нешто да се гради, па макар тоа било и полски ќенеф. Небитно е што за него се платени милиони евра! Тврдат, најпосле се гледало каде оделе парите кои ги даваат даночните обврзници. Таквата логика оправдува да платите иста цена за ѓердан од дваесет и четири каратно злато и за ѓердан обоен со златна боја, само за да поседувате нешто златно. Дали навистина би направиле такво нешто?

Friday, September 9, 2011

НАЈСВЕТЛИОТ СПОМЕНИК НА „ПРЕРОДБАТА“




Кулминираше национал-социјалистичката еуфорија! Вистински делириум тременс! Лет во место, со сите наши три хеликоптери и со нашите два авиони, на чија опашка гордо се вееше македонското знаме… Катарза на аменцијата!

Војници маршираа како победници во војната против Авганистан и Ирак. Велат, биле во мировна мисија.

Tuesday, January 4, 2011

КАТАЛЕПСИЈА



Можно ли е системот, кој го нарекувавме демократски, да ни се преобразил во најцрна диктатура? Дали Македонија, наместо од социјализам („комунизам“) во капитализам, преминала во некаква, досега невидена, форма на фашизам? Сè ми се чини, ја срушивме сопствената држава (Југославија) во име на рушење на постоечкиот „нехуман“ систем и бришење на границите, а останавме затворени во тор, со нови граници, впишани дури и онаму каде што никогаш ги немало! Системот ни се претвори во беден национал-социјализам продуциран од истите сурати, довчерашни „комунисти“!

Thursday, October 7, 2010

ЛАВОВИ ИЛИ ВРАПЧИЊА?




Македонски лавови или Симба
Очигледно е дека некои луѓе не можат да се одлепат од идејата да нè засмејуваат! Сатирикот замрел, сплотувајќи се со власта во едно. Некаде меѓу лавот и кошулата го снемало и духот. Се изгубил во замаглениот меѓупростор! Но неговиот сон повторно го создаваат некои нови Сатирикон скулптури,кои изгледа,му се потсмеваат на неговиот „стручен“ невкус! А зошто и не? Паричките се земени! 

Tuesday, September 21, 2010

ПОЛИТИЧКА УМЕТНОСТ

Скопје, по 2014


Интересен заклучок ми се наметнува од дискусијава. Очигледно е дека се работи за политичка, наместо - Расправа за и околу Уметноста!

Friday, July 2, 2010

БЕЗЗАКОНИЕ!

Можеби и има некои сличности меѓу Нерон и „нашиот“ Пастир* (*превод за неупатените: Пастир-водач на овци, овчар:)! Нерон, прво го запалил Рим, па ги ограбил Патрициите за да го направи прекрасниот Рим, кој го замислил да наликува на Атина! Пастирот, успеа да го урне Скопје, без да го запали, прогласувајќи го тоа за градење, земајќи од најбедните: невработените, болниците, стечајците, млекарите, „плебсот“... со намера да ги Збогати „патрициите“, а Скопје, почнува да наликува на Атина, според Неокласицизмот, кој тие го сонуваат како Антички Великомакедонски „Грандиозен Барок“ (читај: анахрона глупост)!

Wednesday, June 9, 2010

ХОЏА, СТАЛИН, ИЛИ ЧЕНТО... KОЈ?

Ете, се случи и тоа! Пристигна уште еден „споменик“од минатото! Токму од оние, кои себе си се претставуваат како антикомунистичка авангарда, добивме нов Надгробен споменик, наменет за народот, од времето на Соцреализмот. Какво ли лудило нè има зафатено, штом, си дозволуваме екскурзии по минатото? Дали е во прашање празноглавата теза дека, бидејќи сме го одминале (прескокнале) барокот, треба да се вратиме во Соцреализмот? Тој, рака на срце, не им беше наметнуван на Уметниците, ниту во ’50-те, ниту во ’60-те од „просрпската и комуњарска“елита, што значи - и него сме го прескокнале, па според логиката на некои малоумници, треба да се вратиме назад во времето, за да го доживееме. Или, пак, поборниците на барокот, се изместиле, па живеат во заблудата, дека соцреализмот, со своите карактеристики е најблизок до „нашиот“барок?! Што ли се одвива во нивниот заматен ум?

Thursday, June 3, 2010

ИЗБОР НА НАЈГЛУП И НАЈГРД НАДГРОБЕН СПОМЕНИК

Време е на споменици! Време за лечење на патриотизмот! Лековит Споменик! Колку тоа „гордо“звучи! Му недостасува ли патриотизмот на Македонецот? Дали е токму тоа, она што му недостасува? За вас избрав неколку Кичфигурини, кои се прескапо платени (ако некогаш воопшто ја дознаеме вистинската цена)! Одберете ја најглупавата! И што тогаш?! Право пред неа, на лечење! Намерно во нив ги нема „спомениците“на Гоце, Даме, или некој од непристигнатите! За да не ги навредам овие личности, кои сакале, или не, се сепак дел од матната историја на овој народ!