Monday, December 15, 2014

МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ГРБ - СОЦИЈАЛИЗАМ, АНТИКА, ИЛИ БУДАЛАШТИНА?


Грбот на Жером де Бара
(1581)
 


 Ете, ја откривме најголемата пречка на патот кон посветлата иднина. Одот кон просперитетот цело време ни го попречувал државниот грб кој, замислете само, бил социјалистички! Ја избришаа дури и петокраката, со што композициски го нагрдија постојното дело, но „социјализмот“ си остана во него.

 Идејата, била протната уште лани, но сега повторно ја заживеа некоеси „Македонско хералдичко здружение“. Во прв момент помислив дека во него има историчари и уметници, но глеј чудо главен мајстор во ложата и ле Гранде Хералд да ти бил физичар, кој студирал теологија (не онаа православната), а магистрирал во Нови Сад, па потоа магистрирал и „Историја во Скопје“ (со два магистериуми треба да знаеме дека „историја“ не се пишува со голема буква, ниту пак останатите два збора во називот на здружението).

Thursday, December 11, 2014

Wednesday, December 3, 2014

САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ



Какви неверојатни догматичари!

 За зголемување на посетата на секој „Саем за вработување“ ги повикуваат невработените со СМС за обавезно присуство, а штом стигнеш таму никој не води сметка дали си дошол, или не! Ова значи дека поголемиот дел од невработените се појавиле на саемите, ама кога ќе стигнат таму ги очекува изненадување:

Monday, December 1, 2014

ДИСПЕРЗИРАНО ПАСОШКО ОДДЕЛЕНИЕ




„Кога слепецот води слепци“
Питер Бројгел Постариот
 Петок е. Гледам, и не им верувам на своите очи. Не смеам! Велат, гледањето и прогледувањето биле антидржавни дејства. Пред мене се појавува работилница за дисперзирано издавање пасоши: купишта пасоши, кутии, ножици, хартии наредени што на тепих, што на маса… и еден тег за јакнење на мускулите. Си велам, нема никаква симболика, само неколкумина беа погубени јавно. Добро, сега… имаше и една пејачка што учеше летање низ тераса, ама тоа мора да е нечие херојско дело.

Wednesday, November 26, 2014

БАРОКЕН ГТЦ



 „Кучињата“лаат, идиЈотиве си „остваруваат“ - вака некако гласи модифицирано народната поговорка. Народот може и да се противи, но она што го намислил нашиот „генијален“ пастир мора да се спроведе во дело!

Налудничавото нагрдување на Скопје продолжува! Турбофолк барокот ќе се залепи и на ГТЦ, веројатно и на кулите крај ГТЦ, на Градска болница...

ЕКСТЕРЕН ДРЖАВЕН ИСПИТ

Описменувањето
по Втората светска војна


За жал, за разлика од плакнењето мозоци... фреските, де... бунтот на студентите остана незабележан во пропагандната владина машинерија. Обидот протестот да се затрупа и да се стави под тепих не беше успешен, па најпосле студентската реч оддекна онака како што им доликува на интелектуалци.

Wednesday, November 12, 2014

МЕСЕЧИНАТА – ЗАФАТЕНО!

Византиска монета


 „На Месечината постојат вонземни сили кои се значајно помоќни отколку што можеме да претпоставиме, но јас не смеам да зборувам за детали“ - Вернер фон Браун, изјава дадена набргу после откажување на програмата за истражување на месечината! .


 „Не можам да навлегувам во детаљи, само ќе кажам дека нивните бродови се знатно посупериорни од нашите и по големина и во технологија... И се заканувачки. Не, не станува збор за вселенски станици! Ни ставија до знаење дека местото е зафатено!“ - Нил Армстронг



 Секако, мојот текст може да ви е чуден и да ме прогласите за луд, но авторот на овој текст беше сведок на една чудна појава над Скопје. Во септември 1997, рано изутрината, чудно летало се појави над градот. Наликуваше повеќе на некаква чудна аморфна маса која без прекин ротира менувајќи ги боите, без некакви додатоци од страните. Извесен период лебдеше сенишно, потоа најпрвин нагло се задвижи странично на лево, па повторно на десно, а потоа под агол од 90 степени најпрвин се оддалечи од мене и потоа наеднаш исчезна со неверојатна огромна брзина. Како да беше протнато низ некаква дупка, едноставно испари, го снема.

Sunday, August 31, 2014

ПУТИНОЉУБИЕ, ИЛИ АМЕРОДЕМОНКРАТИЈА, ПРАШАЊЕ Е СЕГА!


Поделба на сфери,
Југославија (1941)
  


Гледам се развила дискусија на темата „путинољупци“и „амеродемократи“ без мое присуство, па да не останам должен некому!

 Поделбава на проруси и проамери кај нас изгледа зема замав, само што малку ми е наопака. Филозофијата и „аргументот“ за омраза дека Русите „ја поделиле Македонија“ и „не ја признаваат црквата“ не држи. Првото, затоа што во 1913 можеле да поделат само недефиниран географски поим, а не и држава. Македонија е држава од 1943. Што се однесува до црквата („јака причина“) таа може да биде признаена само од васељенски собор, а не од било која друга црква. Да не се лажеме, разговорот за самостојност на црквата не е македонштина туку чиста бугарштина!

Tuesday, August 5, 2014

ПОЛИТИЧКА ЕДНОЧИНКА (РАСТУР-СИСТЕМ)

„Ко овде не полуди, тај није нормалан.“ (Горан Бреговиќ)


I чин
 Сцена прва (место: една скопска улица; време: среде бел ден): Сообраќајка на една раскрсница. Судир на две возила. Детенце и жена со лесни повреди, неколку набиеници. Некој од соседите повикува полиција и ги носи жената и детето во

Monday, August 4, 2014

ПЕЛИНЦЕ - ШТО МАЈКА БАРАВТЕ ТАМУ?




 „Револтирани од недоличниот и негаторскиот однос на актуелната власт"... Сојузот на борците на Македонија присуствуваше на прославата на Илинден!

 Зарем не требаше да ја бојкотираат прославата организирана од власта што ги исфрли како партал од нивните простории во кои беа со децении?! Зарем не требаше да ја бојкотираат прославата затоа што со години се ставени на маргините на општеството од страна на истата таа власт? Затоа што си ги изгубија сите права со првото доаѓање на власт на ВМРО, но не им ги ни повратија ниту оние од СДСМ кога ги замени другиве на власт! Не требаше ли да повикаат главната прослава да биде во Пелинце, каде што македонскиот народ ја извојува својата слобода и државност? Онаму каде што станавме Македонци!

Thursday, July 24, 2014

МОНОЛОГ



И друг пат да внимавате кого го нарекувате „авангарда“! 

Зарем авангарда е тоа да црташ и сликаш полови органи (во светов сликани уште од предегипетското доба, наваму)?! Тврдам дека секој авангарден уметник има своја точна филозофија и теорија за уметноста. Таа најчесто се докажала како точна и исправна. Нивната теорија води дијалог со претходно поставените постулати на таа тема, ги руши нивните табуа. Затоа овие уметници се колосални по својата уметност и ќе останат врежани во светското културно наследство. Кај нашиов апологет на парахрониот владин нацибарок, нема ниту ронка од теоријата на естетиката, туку цело време во круг вергла за историјата на уметноста, која е одамна позната на пошироката јавност.

Monday, July 21, 2014

ПОКОНДУРЕНА БАРОКИЈАДА



Минував вчера крај зградата на Владата на РМ, онаа поранешна зграда на ЦК на СКМ и наеднаш ме зашемети изгледот на новата нацибарокна фасада на зградата. Искрено, очекував секој момент на заѕиданиот прозорец без стакло да се појави прекрасната Јулија Капулети во ликот на легендарната Боркица.

Wednesday, July 16, 2014

ИЗГОРЕНИ ОД СОНЦЕТО

Сцена од филмот „Изгорени од сонцето“


 Жртви на комунизмот би требало да се лица кои се разликуваат по својата идеологија од него, лица кои се залагале за слобода на говор, за слободна мисла. За жал, најголемиот дел од нашите сегашни „жртви“ се националисти и национал-социјалисти, кои зад себе кријат залагања за етнички чисти (самостојни) држави на своите нации, наспроти мултиетничноста и мултикултурализмот на тогашната земја.