„Револтирани од недоличниот и негаторскиот однос на актуелната власт"... Сојузот на борците на Македонија присуствуваше на прославата на Илинден!
Зарем не требаше да ја бојкотираат прославата организирана од власта што ги исфрли како партал од нивните простории во кои беа со децении?! Зарем не требаше да ја бојкотираат прославата затоа што со години се ставени на маргините на општеството од страна на истата таа власт? Затоа што си ги изгубија сите права со првото доаѓање на власт на ВМРО, но не им ги ни повратија ниту оние од СДСМ кога ги замени другиве на власт! Не требаше ли да повикаат главната прослава да биде во Пелинце, каде што
македонскиот народ ја извојува својата слобода и државност? Онаму каде
што станавме Македонци!
