Showing posts with label александар станковски. Show all posts
Showing posts with label александар станковски. Show all posts

Thursday, July 24, 2014

МОНОЛОГ



И друг пат да внимавате кого го нарекувате „авангарда“! 

Зарем авангарда е тоа да црташ и сликаш полови органи (во светов сликани уште од предегипетското доба, наваму)?! Тврдам дека секој авангарден уметник има своја точна филозофија и теорија за уметноста. Таа најчесто се докажала како точна и исправна. Нивната теорија води дијалог со претходно поставените постулати на таа тема, ги руши нивните табуа. Затоа овие уметници се колосални по својата уметност и ќе останат врежани во светското културно наследство. Кај нашиов апологет на парахрониот владин нацибарок, нема ниту ронка од теоријата на естетиката, туку цело време во круг вергла за историјата на уметноста, која е одамна позната на пошироката јавност.

Friday, May 31, 2013

АНТИЧКАТА БАРОКНА ПСЕУДОЛОГИЈА




Бројни се апологетите на парафронетичната владетелска креатура „Скопје 2014“. Постојано се обидуваат да го оправдаат ваквиот потег, трошењето енормни средства од државната каса, со некакво „воздигање на нацијата“, со навраќање во некаква фаза  која наводно сме ја пропуштиле и прескокнале низ историјата. Затоа, велат, ни го пласираат квазибарокниов кичерај, затоа ни бил извитоперениов наци-соцреализам – за да го врателе сјајот на нацијата изгубен низ вековите покорност, кој особено залутал во периодот „под србокомунистичкото ропство“, во периодот кога според нив се случило „најголемото однародување“ осмислено како „затупување на нацијата“ со цел „заборавање на неговите антички корени“.