Showing posts with label турбофолк-барок. Show all posts
Showing posts with label турбофолк-барок. Show all posts

Friday, February 23, 2018

ГРУЕВСКИ ПАДНА, ЗА ГРУЕВИЗМОТ ‒ ЌЕ СЕ ИЗНАЧЕКАМЕ.




  Деновиве читав нешто за Ахеменидското Персиско Царство и вистинско чудо е како ние Македонците не сме вовеле во историјата дека потекнуваме од Дариј I Велики, туку само од Великиот Александрос. Како ли само смеевме да го пропуштиме тоа!? Така е тоа кога целата наука ни е „сила“, како и државава!

 Добро, штом веќе не сакате, еве јас си се прогласувам за наследник на Дариј, а вие што си сакате бидете си од левото јајце на Александрос Мегас. Замислете, царството на Дариј било далеку поголемо од

Monday, July 25, 2016

МЕМЕНТО


  На 1 јули 2012 година беше срамнета со земја околината на Старата железничка станица. Скопје одново доживеа катаклизма! Овој пат за тоа не беше виновна природата, туку човековата глупост. Уништени беа преостанатите перони, дел од пругата, дел од накнадно реконструираното крило...

 Во пресрет на утрешниот ден, еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, објавувам една моја постара фотографија која ја постирав уште во јули 2012-та година, како реакција на катаклизмата која одново ја доживува мојот град – многу пострашна од таа во 1963, овој пат по налог на нашето фирерче, а извршител е Коце кому повеќе му прилега функцијата градски дрвосеча отколку градоначалник. Ужасот ни се случува(ше) пред нашите очи, а ние си молчевме и сè уште молчиме!

  Во чест на мојот град кој за четири-пет години „преродбенициве“ успешно го трансформираа во паланка од крајот на светот, а неговото срце – Центарот на градот – во тешко средсело и селски панаѓур... Во помен на жртвите од земјотресот, наместо едноминутно молчење:

*Кликнете на сликата за да ја зголемите!

Вечна ти слава, граду мој!

Friday, June 3, 2016

РЕТРО АНТИКВИЗАЦИЈА

НИП „Нова Македонија“
во 1980 г. (горе)
и во 2014 г. (долу)
(*сликата е позајмена
од еден мој ФБ пријател)


 Случајно налетав на еден мој коментар за антиквизацијата на Република Македонија во онлајн изданието на „Нова Македонија“ на текст од М. Велиновска (апсолутен непознавач на ликовната уметност, иако зела диплома како историчар на уметноста) насловен како „Кај ќе беше цивилизацијата без антиквизацијата“, па за да бидам во тренд (а ретрото е „ин“ во Македонија) мора да ви го претставам, како и мојот одговор на коментарот на некојси Анѓелкоски. Текстот е од 15. јули 2010 година, време, кога полистирен-лудилото уште беше на зачетокот. Во меѓувреме лудилото нарасна во своите апетити, се прошири и се надгради како нивната програма за зацрнување на граѓаните на Македонија.

Friday, January 22, 2016

БИТНО ПОСТОИМЕ

„Битно нешто се гради“ е став кој е чест во пропагандното клише на ВМРО како оправдување на владиното енормно и абнормално расфрлање со парите од државната каса. Овој став стана приказна зад која стојат сите наши причини, услови и последици. Со него, и низ него, може да се оправда секоја друга наша постапка. Битно нешто се гради, велат.

Tuesday, September 1, 2015

СВОИ НА СВОЕТО!?



 Не е тајна дека Груевски е главниот заговарач на нацистичково лудило плеснато низ центарот на градов. Ја копираат идејата на нацистичка Германија чија главна поента била да се зголеми продуктивноста преку изградба на трајни објекти, па уште се вози по патиштата на Хитлер и градбите не ни почнале да темнеат. За разлика од нив ВМРО-ΔΡΠΑΜΕ ни го постави новокомпонираниот турбофолклорен барок кој експресно се распаѓа.

 Проектот „Скопје“ 2014 (п.н.е.) ги голта парите што граѓаните ги обезбедуваат преку даноците, преку порезите на имот и преку казните кои ги уплаќаат во општинската и во државната каса.

Thursday, June 4, 2015

COSA NOSTRA



Банда на Република Македонија
Често ќе ви го постават прашањето „наш ли си?“ за да ве препознаат. Се сеќавате, зборчето „наш“ беше најчесто употребуваниот предлог во вмровската пропаганда. Зборчето беше вметнато пред секој назив на секоја нивна акција. Виктор Клемперер (1881-1960), професор по литература на Дрезденскиот технички универзитет во својата книга „Јазикот на Третиот Рајх“ вели: „Наш весник, наш глас, наш приемник... Не, не говорам за Хитлер, туку за радиото. Сакам да си купам едно“.

Wednesday, April 29, 2015

ГТЦ ИЛИ ПУСТОШ



Се изнаслушав деновиве после референдумот за ГТЦ „мудрости“ од типот дека тој бил неуспешен, слабо изведен, дека градоначалникот на Општина Центар треба да понесе одговорност и слично, а најголемата моронштина од сите е содржана во соопштението на агитпропот на владеачката партија дека „мнозинството граѓани покажале дека не ги одобруваат политиките на СДСМ и нивната коалиција“, дека се работи за некаков неуспех и дека референдумот бил „политички оркестриран од СДСМ и Жерновски“ со „огромна поддршка“ на целата „машинерија“ невладини организации и медиуми „финансирани од Фондацијата Сорос“. Со еден збор, вели пораката на ЦК-то на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Општина Центар го поддржаа „истенчениот естетски вкус на владетелот“.

Ајде да ја разгледаме „неуспешноста“ на референдумот. Дали навистина се работи за некаков дебакл?

Friday, January 16, 2015

Ајван Доктор® ДО КОЊОТ ПОД ВОИНОТ

Ограда пред Хаџиристиќева палата
(*фото: „Утрински весник“)

Еве, еден мој предлог...

  Па, не иде бе, коњу (низа)еден, лимена ограда крај барокни фасади! Зарем не би било преубаво и оградите да ни бидат барокнозлатни со дорски и јонски столбови со розети, со „мермерни“ орнаменти и со куполи! Оди ли ограда без купола и без златна фарба!? Па, не биваше ли и оградите да ни бидат грандиозни и најголеми во светот, токму како тебе и како твојот воин што те јавнал?! Ш’о е ова, си ги напраил оградиве ниски до колена! Јас би ја затворил и „Илинденска“ додека не се поплочи со барокна калдрма по која Ти ќе можеш задоволно и среќно да галопираш гордо јавнат од великиот воин!

(*повод: оградите во Опшина Центар)

Wednesday, November 26, 2014

БАРОКЕН ГТЦ



 „Кучињата“лаат, идиЈотиве си „остваруваат“ - вака некако гласи модифицирано народната поговорка. Народот може и да се противи, но она што го намислил нашиот „генијален“ пастир мора да се спроведе во дело!

Налудничавото нагрдување на Скопје продолжува! Турбофолк барокот ќе се залепи и на ГТЦ, веројатно и на кулите крај ГТЦ, на Градска болница...