На 1 јули 2012 година беше срамнета со земја околината на Старата
железничка станица. Скопје одново доживеа катаклизма! Овој пат за тоа не беше виновна природата, туку човековата глупост. Уништени беа преостанатите перони, дел од пругата,
дел од накнадно реконструираното крило...
Во пресрет на утрешниот ден, еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, објавувам една моја постара фотографија која ја постирав уште во јули 2012-та година, како реакција на катаклизмата која одново ја доживува мојот град – многу пострашна од таа во 1963, овој пат по налог на нашето фирерче, а извршител е Коце кому повеќе му прилега функцијата градски дрвосеча отколку градоначалник. Ужасот ни се случува(ше) пред нашите очи, а ние си молчевме и сè уште молчиме!
Во чест на мојот град кој за четири-пет години „преродбенициве“ успешно го трансформираа во паланка од крајот на светот, а неговото срце – Центарот на градот – во тешко средсело и селски панаѓур... Во помен на жртвите од земјотресот, наместо едноминутно молчење:
*Кликнете на сликата за да ја зголемите! |
Вечна ти слава, граду мој!
No comments:
Post a Comment