Monday, June 28, 2010

PER LUBRICUS AD ASTRA

Прекрасен текст на Јосиф Ќурчиев во „Утрински“,25.6.2010! Постојано свеж настап, за состојбите,современието, текстов е насловен како „Шверцери на сопствените животи“! За него имав краток коментар, опишувајќи го цитираното од познатиот хрватски филозоф припадник на движењето Praxis!



Црвот, се утепува од ползење, па можеби е нормално за полжавот, до височините да стигне Лигавејќи се! Проблемот е што, кај нас, Полжавите продолжуваат да се Лигават и откако ќе стасаат на врвот, а црвот, продолжува да ползи! Едноставно, качувајќи се по угорнината, тоа им преоѓа и им останува во крвта (можеби и во генетското наследство, кој знае?!)! Најверојатно постои и момент кога забораваат дека се Полжави, па влегуваат во филмот „Јура“ занесени во улогата на големи Ти-Рекс Диносауруси, враќајќи нè назад низ времето! Кангрга е прекрасен! Одлично Ги опишува полжавите и нивните приземни „височини“!

No comments:

Post a Comment