Tuesday, June 8, 2010

ЗАЛУТАНОСТ

Дали еден професор доктор смее да си дозволи пишување глупости? Дури и најбистриот ум некогаш знае да се замати,па зошто не и оној на Ванковска!



Причината за КИСС (*keep it simple and stupid) - принципот изгледа е во јавноста! Не верувам дека Европа ни го нашла единствениот проблем - Името! Кај нас тоа (името) воопшто и не е проблем! Проблемот е во наопаку поставеноста на суштината, а таа воопшто не е во името! Блазе си ни, ако тоа ни е единствената пречка за напредокот! Овој спор е само вештачки производ на маглата.која успешно ја расфрла владеачката каста! Што е со реформите, кои ги правиме со цел да не биде како што било, а не со цел да стане подобро?!  Што е со секојдневната загрозеност на човековите права на индивидуата,наспроти лажната загрозеност на групи и етникуми? Што е со малоумната идеја да се изградат споменици за две години, во број кој ги надминува сите граници на пристојноста? Што е со идејата Неокласицизмот и класицизмот, да ги прогласиме за Врв на Барокот? Зарем реформите во судството и јавната администрација се прават со тоа што ќе објавиме дека сме ги промениле судиите, или шефовите на канцелариите, или со тоа што ќе прогласиме дека сме спровеле успешни реформи? Зарем реформи во образованието има, со самото тоа што сме решиле да поставиме „компјутер за секое дете“(за волја на вистината, ниту основниот оперативен систем не го содржат во себе), а учебниците им доцнат цела година?! Зарем е доволно да прогласиме успешно решавање на проблемите во здравството, со тоа што ќе ги раздружиме Клиниките, а болните ќе ги оставиме без лекови, упатувајќи ги да се лечат со Грандиозноста на Глупоста?! Дали со енормното зголемување на бројот на факултетите ќе постигнеме повисока образованост кај граѓанинот, или само ќе предизвикаме обезвреднување на интелектот? Не, професорке! Името не е нашата пречка! Пречката е во 18 годишната Апсолутно Неспособна власт! Пречката се наоѓа во нашата неорганизираност, во нашата неспособност да го подобриме животот на индивидуите, заради себичните егоистични настојувања на празноглавите... Во заблудата дека 18 години креираме промени и реформи! Пречката, е во Нас Самите!

No comments:

Post a Comment