Thursday, September 20, 2012

ЗГОЛЕМЕНА ПОТРОШУВАЧКА, ИЛИ ЗГОЛЕМЕНА СИРОМАШТИЈА?!



Една од задачите на новинарите, покрај истражувањето, е и да манипулираат со јавното мнение. Тоа се случува и во текстот објавен во „Дневник“ со наслов „Парите од под перница ги хранат граѓаните, кој тврди дека зголемувањето на потрошувачката во земјава бил добар показател за земјава, но суштински бил лош знак?! Приказните за „позитивна“ рецесија, може да ги чуете само кај нас, во Земјата на чудата. Експертите биле толку стручни, што поим немаат зошто се случува зголемената потрошувачка?! Одговорот и не е толку сложен, како што тврдат.
Доволно е да се видат цените на производите денес, и да се споредат со оние од лани. Тогаш, овие ваши „експерти“ ќе приметат дека цените пораснале, некои дупло, некои повеќекратно, а платите си стојат во место веќе повеќе години! Власта пред секои избори се фали со зголемување на пензиите (особено со нив) и зголемување на платите на мастодонтската јавна администрација (2/3 од вработените). Во реалноста, споредено со цените, платите и пензиите се намалени, а тие (цените) секојдневно растат. Она, за што лани сте требале да платите 60 денари, сега вреди 90. Ако сте плаќале струја 1200 денари, сега во истиот период ќе ве чини 2400 денари. Тоа е вашиот „минимален пораст“ на потрошувачката. Истовремено, можете да купите сè помалку производи, а за нив трошите многу повеќе отколку минатиот месец, па нормално е да ги вадите и оние пари од под перница. Платите секој месец се исплаќаат подоцна и подоцна, исто е и со пензиите.

 Се наметнува главното прашање: како може да биде „добро“ ваквата потрошувачка каде не се работи за купување повеќе производи (зголемена куповна моќ), туку за трошење повеќе пари за помал број производи кои сега ве чинат дупло?!

No comments:

Post a Comment