Monday, April 11, 2011

ПАРАНОЈАТА НА БАБА МИРКА


Ха,ха,ха...! Каков дебакл! Ми претставуваше задоволство да ја гледам дури и репризата во која се распаѓа Миленко, кој, едвај знаеше да состави реченица, обидувајќи се да го оцрни гостинот! Уф! Емисија за паметење!
Мирно и сталожено го затемнуваше и онака мрачниот мегафон, чекор, по чекор, сè до провалијата во која пропадна неповратно! После ваквиот дебакл и блед настап на новинарскиот аматеризам, сосема нормално е да се јави Баба Мирка во улогата на Ерида, со каптација, во која изнесува само празни инсинуации и ништо повеќе! Пелуциден и безуспешен обид да се поправи барем дел од пропаста! Фактите и’остануваат некаде во празнотијата на душата и во очигледната бесмислена параноја! Во својата безумна пасквила заборавила да се огледа себеси во огледалото! Зошто ли, пак, на авторот му претставува проблем да се именува како Славомакедонец!? За Албанците ми е сосема јасно, но ваквиот „антички“ став, кај „големите“ поборници на „македонизмот“ е само несоборлив доказ за нивната вапорозна национална определеност!

*Мојот коментар кој беше цензуриран од страна на „Нова Македонија“, како одговор на параноичниот навивачки текст на Мирка!

1 comment:

  1. Ха-ха-ха, па што очекуваше од Миленко? Фала му на Бога што сум пропуштил таква циркусијада (не мислам на гостинот). Но затоа тука е Мирка-партизанка, секогаш во први борбени редови, разбира се за каузата: ко да више! А Н.Македонија се чини дека ја читаат само на интернет, не знам дали хартиеното издание излегува се` уште, ех УДБА, УДБА...фини соработници си нашла за весникот...Ама ако, потребни се и такви отпадници од човечкиот род, за да направиме разлика каков не треба да биде човекот. Се надевам дека ќе им дојде крајот на овие „антички“ платеници и предавници, атеисти, наркомани, комплексирани, нереализирани автори на ниедно поле... Молам да ми се објави коментарот. Поздрав...

    ReplyDelete