Сè во врска со оваа Блада е Грандиозно, Монументално, Велелепно, особено нивната кавернозност! Авторот е повторно во својата вечна улога на владин буфон-сонувач! Така, освен „грандиозните“ позеленети (од мака) кичфигурини и грдите франкенштајн-квазибарокни антикоградби слепени и набиени во тесниот простор на тешко оштетениот брег на Вардар, сега, повторно (секако, со заслуга на „грандиозната“ ни власт:) пред нас е веќе остварениот проект „Вардар-Суец-Панама“ со кој најпосле се остваруваат стоте чекори на недозреаните инфанти!
Тоа, особено ќе придонесе Македонија да стане главната егоцентрална држава на Балканот, со што (благодарение на Гwујокио) ќе станеме геостратешки центар на Светот, веќе одамна влезени во XXII век! Сто години пред сите, сто чекори пред сите! Ураааа...!!!
Колку да им го урнам кошмарниот сон, ќе поставам неколку минорни и злобни прашања! Првото е: Како ќе го зголемите водостојот на реката која, зиме, едвај прелива преку шеталиштето? Сложно и колективно ќе мокриме во нејзиното корито, исполнувајќи го гордо дното на пресушената река?! А,второто, особено злобно прашање е: Каде ќе минуваат танкерите и прекуокеанските бродови на „нашата флота“? Дури и најновиот мост на нивната Муза Талија е опасно низок во однос на нивото на реката!
„Бугарскиот премиер ги предложил Доста и Љубчо за први луѓе на Соросовата фондација, а Милчин го предложиле Анте Марковиќ и Киро Глигоров.“!? Токму експресната додела на Орденот за заслуги за Б’лгарија, на бившиот министер за внатрешни работи и бивш наставник по марксизам, Доста, говори јасно за нејзината улога во рушењето на безбедносната структура на државава!
No comments:
Post a Comment