Wednesday, May 11, 2011

МУЗЕЈ НА ЖРТВИТЕ НА ПРИМИТИВИЗМОТ



Очигледно, треба да изградиме „Музеј на жртвите на јавашлукот“, или на Молкот! Не е чудо во приватниот сектор да има кршење на работничките права, кога во Јавните претпријатија и државни институции, во областа образование и во секторот правда, имаме појава на Прекршување на Правата на Човекот!


Како ли се вика тоа кога по неколку години „хонорарна“, или работа „по договор“ во јавниот сектор, ќе останете без работно место, како награда за вашиот труд, наместо вработување „на неодредено“?! Какво право е прекршено кога платата ви доцни со денови, месеци, а на многумина и со години!? И што со гордоста, отакако ќе загинете, незаштитени, без осигурување? Дали државата ќе се потруди, барем тогаш да им исплати надомест за штета направена со тој чин, на семејството? Дали некој ќе одговара за злоделото извршено врз вашите деца?!

Како се нарекува појавата кога сте принудени да работите и во викендите и за празниците, без да добиете соодветна надокнада за тие денови кои во нормалните земји ги плаќаат повеќекратно?

Ѕидарите, вработени во „преродбата“, работеа и за „1 Мај“, но неколку пати се жалеа дека платите не им се исплаќаат! Владата и Бабата молчат и се спремаат за избори! Очигледно, за нив е нормално да се гине на работното место во име на „преродбата“!

1 comment:

  1. Примитивни се и повеќе од што сум можел да замислам, но и опасни со својот примитивизам и фрустрации...опасни и по народот и по државата...Остај што ја испокрадоа државата, туку ги нарушија основните принципи во една држава, барем малку компетентност и професионалност...Но партијата им стана и суд, и власт и закон...се едно...Големиот Брат и Фамилијата...и партиска раја...

    ReplyDelete