Wednesday, May 11, 2011

ПОСРЕДНИЦИ СО ПОСЕБНИ ОВЛАСТУВАЊА

Како ли ќе се воздигнеме со новинарчиња кои цел живот се подобни? Како ли ќе одиме угоре, кога вечно се воспева владетелот? Како ли ќе го согледаме црното во своите редови, кога постојано гледаме што има во туѓиот двор, а во сопствениот — кал и ѓубре до гушата и воопшто не ги ни приметуваме!?


Со моите пари, очекував некој да овозможи на болните да се лекуваат достоинствено во болниците, а не да се лечат со соцреалистички Кичфигурини-плацебо за болниот „патр(идиоти)зам“! Да не ме враќаат назад во „великото“ минато, за да заборавам на кошмарната сегашност! Дека нашите деца нема да го изучуваат Кичот како национално богатство! Очекував дека економијата, науката и уметноста ќе се ослободат од прангиите на политиката и дека најпосле ќе создадат услови за фер конкуренција, во која ќе се исклучи влијанието од политичките нисочинки! Очекував дека моите пари нема да отидат залудно, кај неколку Кичмајстори и дека нема Волшебно да испаруваат преминувајќи во џебовите на неспособните политичари! Дека нема да се фрлаат за лудото парахроно сениште од XVII век заради елевација на националното чувство! Мислев, тоа чувство се гради преку силината на економијата! Очекував дека нема да нè залажуваат со Успесите на Тапкањето во место и на летот во празно, со (п)разни „Бунарџици 1,2,3…“! Се надевав дека најпосле ќе се вложува во индустријата и стопанството, за да може, дури потоа, да вложуваме во културата и образованието!

Но, Гwујокио, откако ни презентираше дека светската криза нè одминала, па сме станале трета економска сила во Европа… сега преку своите портпаролчиња „слободни мислители“ ни ветува дека во наредните 100 чекори, светот ќе ни стане уште порозева реалност! И тоа во земјата каде една третина од населението не работи, онаму, каде повеќе од 30 проценти од населението е сиромашно, во земјата каде е најниска платата, не само на Балканот, туку и многу пошироко!

И!? Каде е тука Хари Потер со малолетниците кои непречено гледаат вести и потоа треба да им веруваат на бајките на „убавицата“!?

 *Ајван Доктор беше повторно цензуриран на текстот во „Нова Македонија“ од М. Велиновска! Повторно го пренесувам до вас преку мојот блог!

1 comment:

  1. Бидејќи Мирка -партизанка е одамна прочитан буквар(селски) не се ни трудам да ја читам. Зтаоа што ми е доста од проституирани професии и психологии, доста ми е од нејзината самоувереност дека во Македонија освен нејзе нема друг паметен, учен и човек што мисли со своја глава. Мене ми се украдени (настрана од заедничките пари во државниот буџет) 20 години од мојот живот, коишто не можат да ми ги надоместат со комплексашките инсталации во просторот (со некои монструозни проекти) за градот од град да заличи на кулиси од некоја петпарачка, второкласна опера. Инаку на Мирка зградата е првокласна, па ја боли нејзе одреден орган каде што и` е сместен мозокот, место да да и` е во главата. Обезбедена таа, обезбедено нејзиното потомство...Заслужила брате, проституцијата (интелектуална) не е лесен занает!

    ReplyDelete