Friday, March 16, 2012

РАЃАЊЕТО НА ЗЛОТО I




"Другари, не виждате ли, че сега вече не сме роби на разпадащата се турска държава, а сме роби на европейските велики сили, пред които Турция подписа своята пълна капитулация в Берлин. Затова трябва да се борим за автономията на Македония и Одринско, за да ги запазим в тяхната цялост, като един етап за бъдещето им присъединяване към общото Българско отечество”.
(Гоце Делчев)
...


Овие зборови на Гоце, ги запишал во своите сеќавања К. Ципушев, опишан како закоравен Б’лгарин и организатор на колежот на српските војници, на Велики петок, во Валандовско-удовската акција, додавајќи дека истата идеја ја имал и Т. Александров. Тогаш која е разликата меѓу нив?! Токму ова посочува дека идејата за автономија на Македонија била само една добро осмислена лага, параван за идејата за приклучувањето на Македонија кон Бугарија. Таа никогаш (ниту пред 1992, ни години по неа) не била прочистена од нејзиниот втор дел — приклучувањето кон „мајка Б’лгарија“. Истата идеја не се разликува многу ниту денес, неколку години по сецесијата од Југославија. Токму затоа се силни тежненијата кон Бугарија на одредени сили сконцентрирани во партиите со префикс ВМРО, но и во оние кои имаат социјалистички и социјал-демократски предзнак. Многу лесно се преминува преку одредени тези дека „ете, Бугарија го потпомагала македонскиот народ (со оружје и пари) постојано низ историјата“, а како потврда за добронамерноста се наведува тоа што таа „прва нè признала“, заборавајќи при тоа на вековните аспирации, наивно прогласувајќи ги за дел од заборавеното минато. Беше силна дури и во периодот на социјалистичкиот развиток на земјава. Причината е едноставна: разликата меѓу „централистите“ и „врховистите“ е во идеологијата — социјалистичка „лева“, наспроти капиталистичко-монархофашистичката „десна“ опција, но целта им е сосема иста. Таа цел се простира како врв на патриотизмот, величајќи ги оние кои биле за „самостојна“ Македонија, наспроти оние кои заговарале федерација со другите јужнословенски народи, а Македонија незапирливо се турка во челуста на Бугарија, кон остварувањето на дамнешната вековна цел на „најпатриотическата“ организација во Македонија.


Со години живеев во заблуда дека често цитираната реченица од Христо Татарчев за оснивањето на ВМРО (впишана во повеќето историски читанки и научни трудови) е искажана пред, или барем во текот на Илинденското востание. Тој во неа вели вака:
—„Разисква се на дълго върху цельта на тая организация и по-сетне се спрѣхме върху автономията на Македония съ предимство на българския елементъ. Не можехме да възприемемъ гледището прямо присъединение на Македония съ България, защото виждахме, че туй ще срещне голѣми мѫчнотии поради противодействието на великитѣ сили и аспирациитѣ на съседнитѣ малки държави и на Турция. Минаваше ни презъ ума, че една автономна Македония сетне би могла по-лесно да се съедини съ България, а въ краенъ случай, ако това не се постигне, че ще може да послужи за обединително звено на една федерация на балканскитѣ народи. Одринско, до колкото си припомнямъ, първоначално не влизаше въ нашата програма, и мисля, че по-сетне се замисли да се включи и тая область кьмъ автономна Македония. Като се установихме върху цельта на нашата организация, въ сѫщата среща се заловихме да изработимъ устава на организацията. Имахме на рѫка единъ томъ на Запискитѣ на Захария Стояновъ и отъ тѣхъ взехме за образецъ устава на Българския революционенъ комитетъ.”.

Замислете каков шок доживеав кога открив дека времето за кое говори Татарчев е непосредно пред Богојавление (Водици) 1904:
„Раздѣлихме се обаче съ увѣреность, че ни предстои сериозна и тежка задача. Задължихме се взаимно да действуваме предъ наши познати и всѣки единъ отъ насъ гледаше при сгоденъ моментъ да използува пребиванието на учители, еснафи, свещеници и търговци въ Солунъ, дошли отъ провинцията, и да агитира предъ тѣхъ за идеята. Така се мина до края на 1903 год. Въ началото на 1904 год. презъ праздницитѣ пакъ казанитѣ шестима души се събрахме преди Богоявление въ стаята на Андонъ Димитровъ (срещу кѫщата сега на братя Дамянови, бившия български пансионъ), за да туримъ вече началото на една революционна организация.“.

Појасно од ова, здравје! Очигледно дека почетоците на организацијата се по Илинденското востание, а не, како што се тврди, уште во 1893 година. Целото сеќавање го запишал на 26 (13) јануари 1917. Оттука произлегува дека „Македонскиот карактер“ на востанието воопшто и не постои, туку дека тоа е испровоцирано од Бугарската воено-разузнувачка служба и од Бугарскиот елемент. Бугарската пропаганда е најјаката на овие простори уште од XVII - XVIII век. Таа е најгрлата и денес. Нејзините разузнавачи непречено работат и дејствуваат пласирајќи ја идејата дека единствените Македонци во Македонија се оние кои се всушност македонски Б’лгари, а сите други се „србомани“ и „гркофили“. Бугарската егзархија имала огромни привилегии кај Османлиите и целата пропаганда ја вршеле преку неа. Причината е едноставна - таа ја имала јурисдикцијата над Македонија. Карактеристично за сите тогашни членови, создавачи на БМОРК (подоцна ТМОРО и ВМРО) биле посетители на Българска мъжка гимназия во Солун. Треба да сме наивни, па да веруваме дека целта на бугарската држава била само да ги учат и описменуваат Македонците. Основата е што уште во 1897 истакнати членови на БМОРК (ВМРО) основале друштво кое го нарекле „Друштво против Србите“, а нивен водач бил довчерашниот српски четник Дамјан Груев. Целта на друштвото била „со огин и меч да ги изгонат Србите од Македонија“ („Държавен вестник“, Бугарија). Токму затоа идејата за самостојност на Македонија е компромитирана уште на почетокот со додатокот дека „да се приклучи кон Бугарија“, што е основната идеја и на многу „наши“ дејци, постфестум херои: Брашнаров, Ченто, Шатев и сл.

На целото создавање на Бугарско македоно-одринскиот револуционерен комитет (името, не случајно е одбрано по углед на Бугарскиот револуционерен комитет) му претходи создавањето на Б’лгарски таен централен револуционерен комитет во 1885 година, кога е поставена целта — ослободување на Македонија од османлиска власт и нејзино припојување кон Кнежевството Бугарија. Била постигната полесно остварливата цел — присоединувањето на Источна Румелија кон Кнежевството (1885). Со Санстефанскиот договор од 3 март, 1878, меѓу Русија и Турција, на Кнежевството му се доделени територии (дури во Албанија и на југ во Грција) кои набргу се оспорени на Берлинскиот конгрес од Велика Британија, во јули истата година. Тогаш започнува вродената омраза меѓу Србите и Бугарите и борбата за придобивање на териториите кои дотогаш биле под Османлиското Царство и таа трае непрекинато до денес. Меѓу оснивачите во овој комитет ќе ги најдете имињата на Пере Тошев, Ѓорче Петров, Христо Татарчев, но и на Андреј Љапчев, ресенчанец кој подоцна станува министер на војната на Бугарија и нејзин премиер од 1926 — 1931 година.

Името „Македонски револуционерен комитет“ се однесува на организацијата која постоела од 1894-1896. Според првиот сочуван устав, јасно се гледа карактерот на таа организација од самото нејзино име — „Бугарски македоно-одрински комитети“. Според многумина историчари тоа е и првото име на организацијата. Дури во 1905-та се менува името во ВМОРО со цел да се демонстрира поголема самостојност на организацијата и за да се измами народот дека организацијата е независна од Бугарија.

14 comments:

  1. Haivan SRBOMANSKI PEDER SI TI !!! CHETESH PISANO OT AVTORI, A DOKUMENTI -NIKAKVI !! KAKO DEVILOT EVANGELIETO !!!

    ReplyDelete
  2. @Christov Колку лесно лепиш етикети некому и навредуваш,веднаш штом нешто ќе ти зашкрипи во ушите!За среќа,ваквиот твој став,повеќе говори за инсуфиенциите на твојата примитивна личност,отколку за мојата „сексуална изопаченост“!Што е тоа „србоманското“во текстов?Поголемиот број документи од кои произлегуваат моите текстови се бугарски,или превземени токму од бугарските архиви!Ако имаш некои поинакви,слободно наброј ги!

    ReplyDelete
  3. От самото заглавие "Раждането на злото" и снимките личи че си сърбоман.

    Иначе фактите са верни, но ги тълкуваш като като сърбо-македонист.

    ReplyDelete
  4. @Anonymous, Одлично!Ако добро те разбрах фактите са верни,по нашки претерано вистинити,но бидејќи вистината е болна треба да ја превртам и да ја толкувам като българин,затоа што поинаку тие се „сърбомански“,или „сърбо-македонистички“?!Насловот укажува на злото на една терористичка организација која од своето создавање до Втората светска војна зацрнела многу луѓе во Македонија,но не помалку и во Бугарија!Организација која два пати била забранувана во Бугарија,еднаш од А.Стамболиски,бугарскиот премиер,втор пат од Борис III,бугарскиот цар!Мета на нивните крвави напади,освен бугарски,српски и грчки политичари,војници и офицери,најчесто биле невини цивили (жени,деца,немоќни и старци)!Најмалку нивна цел биле турскиот аскер и турските владетели!Оттаму е и насловот за Раѓањето на злото!

    ReplyDelete
  5. Ти четеш историята на ВМОРО както дявола чете евангелието.
    ВМОРО е революционна организация, а не мирна и затова е имало и убийства и братоубийствена война и т.н. Целта е освобождение от турско робство на българите в Македония и Одринска Тракия. След това се е борила и срещу сърбите и гърците, установили власт над поробените българи във Вардарска и Егейска Македония. Убивала е българи само ако са били предатели.
    Да, била е забранена от Стамболийски, заради огромен натиск от западните държави, които не са давали заем на България, симпатизирайки тогава на Сърбия и Гърция. България е имала нужда от заем за многобройните български бежанци от дошли от Македония и Тракия и намерили спасение в майка България след войните . за земя, къщи и други. Това е истината, братко....

    ReplyDelete
  6. Ха!Ти очигледно имаш великобългарски синдром,па мислиш че сите Македонци се по потекло Българи!За жал тоа е само еден дел од вистината,а секоја делумна вистина е лага!ВМОРО (поточно БМОРО)е организација основана од Бугарската држава и работела во интерес на Бугарската држава!Токму затоа се борела против Грците и Србите,а во интерес на бугарската пропаганда која била и најјака на овие простори,особено во Егејска Македонија!Да сакале да ја ослободат Македонија од Турско ропство,лесно ќе го стореле тоа!Нив помило им било да се борат против Србите (браќа по род)и Грците (први соседи)сонувајќи Гољама Бугарија!По што ли ги оценувале Българите предавници?Според тоа дали ја откриле бугарската позадина на ВМОРО?И Стамболиски ли бил ългарски предавник?!Само затоа што се залагал за Балканска федерација и што потпишал договор со Александар Караѓорѓевиќ!?И сега ли затова се пењавите?Заради заем од западните држави?!Затоа ли е така крвнички ликвидиран Стамболиски?Таквото убиство може да го стори само ѕвер со испран мозок и со неразумна омраза во себе (http://ajvandoktor.blogspot.com/2012/03/blog-post.html)!Имам роднини во Бугарија!Тие не се „бежанци“,туку намерно и на сила се однесени таму во тој период (од ВМРОто),за да ја потврдат тезата на бугарската пропаганда дека биле загрозени од Србите (тоа самите си го признаваат)!

    ReplyDelete
  7. Всичко в статията ми харесва,с изключение на няколко момента.Искам първо да кажа,че не съм някакъв български шовинист,а се интересувам и обичам да чета история,особенно борбите за освобождение на македония.Далеч не смятам,че населението на географската област мк са българи,въпреки,че преди 100 и косур години са се определяли като такива според турските архиви:'bulgar millet'-християнин екзархист/Какво значи пропаганда?Нима някой насила ги е карал да се пишат българи?Никога,ама никога не съм чел някъде да е имало въстание против българите,па даже и по време на т.нар."фашиска окупация".Против гърци и сърби-да.Съгласен съм,че ВМРО в един момент става терористична организация/особенно когато неин председател става Иван Михайлов/,но такава е била и БРТЦК на Левски и Ботев.ВМРО е изпълнявала политически поръчки на тогавашната бг власт.Убивали са турски бейове за пари,отвличали са мис Стоун и т.нат.Но никога не са изселвали хора тук и там.Така,че ми е интересно кои са ти роднините да отида и да ги попитам?...

    ReplyDelete
  8. Раждането на злото???Хх-м интересна тема.Ако ВМРО е злото е интересно,кой щеше да се бори за свободата на македония?А защо не се бори БСДП основана од Димитър Благоев през 1896 на Бузлуджа за тая свобода?Хубаво е да коментираш бг история,но не през призмата на Титова Югославия.Да,ВМРО е била терористична организация,но такава беше и БРТЦК на Левски и Б отев.Трепеха турски бейове и аги,отвличаха кадъни и мисс Стоун,но го правеха за пари и в името на нещо.А нещото е СВОБОДАТА!А свободата е кога напишам нещо в Утрински весник,да ми излезе коментарот!

    ReplyDelete
  9. Ех, Матей, за твоја жал фактите во текстовиве најголемиот број податоци се од б’лгарски историски извори, а не од Титова Југославија. Сите овие податоци можеш да ги најдеш во книгите издадени таму во Бугарија, дел од нив како мемоари на „гољамите дејци на ВМРО. Кој се избори за слободата на Македонија прашуваш! Та, токму оние кои со својата борба ја протераа Турската Империја од Балканот после пет векови! Да сакале Бугарите да го сторат тоа ќе го стореа борејќи се заедно со Србите! Тие ја пропуштиле својата историска шанса и во тој период делувале во обратен правец! Патем, сè до пред првата војна меѓу Србија и Бугарија испровоцирана од германската политика на Балканот,тие си живееле сосема убаво меѓусебе и имале шанси многу порано да го урнат Османлиското Царство! Се согласувам дека свобода е кога ќе напишеш нешто во Утрински весник, да ти излезе коментарот!

    ReplyDelete
  10. Патем, долго време мислев дека во Македонија против Османлиската Империја се бореле само ВМРО (кај нас опишано како единствена сила која се борела за слобода на Македонија). Историски факт е дека токму тие многу повеќе се бореле против српските чети, отколку против турскиот аскер! За тоа многу добро говори и заловувањето на Дамјан Груев (поранешен српски четник) од страна на четничкиот војвода Мицко Крстиќ. Текст во Њујорк Тајмс од 1903 посочува дека четите на „Првата република на Балканот“ кукавички побегнале од Крушево, оставајќи го небранетото цивилно население во Крушево (претежно составено од Грковласи) на немилост на турскиот башибозук.

    ReplyDelete
  11. Докторе, парадоксална е позицията ти. От една страна приемаш историческите факти, обективно, такива каквито са били в действителност. Изживял си катарзиса от удбашката лъжеистория, с която всичко българско в Македония е преиначавано. В същото време считаш себе си за етнически македонец, знаейки, че такива до 1944-45 година не е имало. Като доктор, макар и айван, как обясняваш подобна шизофрения, в която сам се вкарваш? След като признаваш българската история, откъде извира в тебе това зло, което приписваш на българите, дали живота си за свободата на Македония? Да, в периода 1913-24г. от Вардарска и Егейска Македония в България са прокудени близо 500 000 бежанци. Те, всички до един са се чувствали българи, не гърци, не сърби, най.малко етнически македонци. Такова понятие, прекрасно разбираш въобще не им е минавало през главата. Тези които са останали, са направили компромис с вярата и родовата си принадлежност, но през 1941 г. с километрични шпалири и цветя са посрещали българската армия!!! Що за франкенщанщина днес е твоята убеденост, че си "македонец", при такава интелигентност и обективност, която се мъчиш да демонстрираш. Да знаеш, ти си повече за ожалване от простите надъхани фиромци, считащи себе си за антички македонци...

    ReplyDelete
  12. Документите кои ги прикажувам во моите потраги по вистината се во најголем дел од бугарски извори и архиви, многу мал дел се од „удбашко“ потекло, има такви кои се пишувани во Стара Србија и в „Обединетото ти Кралство“, но има и такви кои ги пишувале Американци и Англичани! Од нив станува јасна најголемата лага во Македонија, а тоа е дека, формираната од Бугарија - ВМРО, воопшто некогаш претставувала некаква патриотска организација која била „за Македонија“. Вистината излегува на површина и говори дека и покрај политичките игри на Бугарија (во интерес на Руското и Германското Царство), таа не успеала во намерите да му се наметне на овој народ како „освободител“, туку отсекогаш настапувале како окупатори, а нејзината терористичка организација настапувала со една единствена цел низ историјата: „припојување на Македонија кон мајка Бугарија“ и остварување на Санстефанскиот сон за Бугарија „от Черно Море до Охрит“. Зошто, пријателе, вашата земја не се ангажираше околу ослободувањето на Македонија од турско ропство, туку колаборационираше со нив? Исто како и со Германците! Да не беа тие, Бугарската Армија никогаш немаше да влезе во Македонија. Зошто не поведовте битка со злото?

    Во ниту една земја на светот нема чиста нација, па ниту во мојата, а искрено ниту во твојата. Дури и Хитлер не бил чист Германец, ариевец, туку во голема мерка Евреин! Секаде, а особено во граничниот појас со други земји, постојат луѓе припадници на народите од другата страна на границата. Јас знам дека заедно со вашиот производ, партијата ВМРО(ДПМНЕ,НП,Обединета и сл.), во Македонија се трудите да ја испревртите вистината и упорно ја пласирате тезата за бугарското потекло на Македонците. Јас никогаш не сум тврдел дека нема Бугари во Македонија, но тврдам дека истите наместо јавно да истапат како Българи, тие „храбро“ се кријат зад името „голяами Македонци“! Целта на ваквото кукавичко криење е да го докажат невозможното - дека сите Македонци се Бугари!

    Моите претци повеќе од 700 години живеат на ова парче земја. Поседувам и докази за ваквото тврдење. Во мојата крв има Хазари, Кумани (Половеци), Черногорци, Срби, Бугари (во најмал процент), Власи, Грци. Никаде не сум се произнел по националност, а најчесто се сметам себеси за обичен човек кој трага по вистината и кој нема ништо против поинаку обоените, инаквите по религија и национално определување.

    За „пречекот на освободителите“: https://www.youtube.com/watch?v=txlve5Ws07E Мислам дека ти е јасно дека и Хитлер во Париз бил пречекан като освободител! Со „километрични шпалири и цветя са посрещали“ хитлеровата армија! Дали бил навистина тоа, тоа е сосема друго прашање.

    ReplyDelete
  13. Огромна грешка правиш, като сравняваш "Хитлер в Париж" и българската армия в Скопие, Охрид, Битоля и други градове. 70 % от българската армия освободила Вардарска Бановина е съставена от българи от Егейска и Вардарска Македония. Братя по произход и кръв, освобождават братятата си от сръбска окупация. Между тях е бил и моя дядо, прокуден през 1924 г. на 10 годинки от Енидже Вардар в България. През 1941 г. като кавалерист от армията на НВ Цар Борис III Обединител е посрещнат в Скопие като освободител. Безспорен факт, българин от Егейска Македония освобождава българите в Скопие от сърбите. Още един факт, който в Югославия беше скриван. На 11.10.1941 г. сърбоманот Душан/Душко/ Наумовски застрелва българския полицай, родом от Прилеп Петър Колев. Петър Колев не само е българин от Македония, но и е племеник по майчина линия на Даме Груев. Така наречената ви "първа пушка" е пукнала в ръцете на сърбоман срещу български македонец, от славен революционен род. Кое е положителното, революционното в този криминален акт, който сте превърнали в национален празник? Ето това е началото на истинското зло в днешна Македония! Тук търси "Раждането на злото"!!!

    ReplyDelete
  14. Лошо е што се претставуваш како Anonymous, па не знам дали си истиот лик од претходниот коментар. Викаш Скопје, Охрид, Битола и другите градови биле Б’лгарски!? Па зошто тогаш Бугарите не ја ослободија Македонија од турското ропство во 1912 година, туку за неа гинеше Српската војска во која имаше и луѓе од Македонија? Напротив, во тој период вие Бугарите и оние од ВМРО сте соработувале со Турците! Колку ми е познато во Македонија автохтоното население се и Власи, Срби, Турци, Албанци, Роми...Тие исто живеат со векови на овој простор, а Власите и Србите многу пред да дојдат Бугарите (види: https://euroasiaserbia.files.wordpress.com/2010/09/europe_814.jpg). Оттаму факт е дека во 1941 сте окупирале територија која се викала Краљевина Југославија (обединета татковина на јужните Словени), а не некакво Српско кнежевство! Ениџе Вардарско е во Северна Грција, ама вашиот б’лгарски Санстефански сон и денес е до Јонско Море. Душан Наумовски не е никаков „србоман“, но точно е дека покрај Македонци, во борбата против бугарските фашистички окупатори се вклучија голем број Срби, Власи, Роми, па дури и Турци, Албанци и Грци (Т. Зордумис и др.) дури и дел од Евреите кои ви побегнаа и не успеавте да ги запалите во печките на Аушвиц (Мориц Романо, Бено Русо, Естреја Овадија...). Кога Бугарите ја окупираа Македонија 1941г. влегоа со помош на германската фашистичка армада. Без Хитлер, Цар Борис ќе можеше само да сонува за „единен народ“ и Македонија. Никогаш немаше да ве пречекаат како „освободители“ да не беа бугароманите од Акционниот Б’лгарски комитет: Китинчев, Ѓузелов, Брашнаров, Чкатров...!

    ReplyDelete