Monday, March 23, 2015

СЛЕПАТА БАБА

Слепата баба:
— Па што сакаат младиве? Глеј ги колку се насобрале!
Ајван Доктор:
— Протестираат против идиЈотски реформи!
*
— Што, бе? Се уплашиле од една математика!? Јас, на времето...
— Не, туку не сакаат да полагаат осум пати матура!

*
— Како 8 пати?!
— Па така! Секој предмет ќе треба да го полагаат по два дена! Дури ќе мора и електронски да го полагаат, па сега уште само математиката им фали! Да не зборувам што во меѓувреме имаат тестови, проекти, екстерни и интерни полагања, испрашувања...
*
— Па што?!
— Па ништо! Владата... бидејќи компјутерите „за секое дете“ им цркнаа, сега ќе ги разнесуваат низ основните училишта во општината во која им е гимназијата за да може да полагаат! Мене, колку се сеќавам не ми беше задолжителна математиката!
*
— Па и јас полагав математика, па ништо не ми фали! Знаеш ли ти, таа е мајка на знаењето! Потребна е и за економски, а и тој што ќе запише филозофија добро е да знае физика!
— Се согласувам, добро е филозофот и тоа да знае, но ако сака да ја знае! На економски, физика, машински, електро... таа е потреба, но на многумина им е непотребна! Сепак не е во ред луѓе со сомнителен интелект и диплома да наметнуваат малоумни решенија!
*
— Кој е сомнителен!?
— Па, ете министерот не се знае како дипломирал, а премиерот не знае да собира иако е магистер по економија!
*
— Од каде знаеш дека не знае да собира?
— Па го има на Јутјуб, вели: „363 и 208 се околу 700“!
*
— Право да ти кажам и јас не знам колку се!
— Па, кој аир од тоа што сте полагале математика на матурата кога не знаете да собирате!?
*
— Па, денес има дигитрон! Шо мислиш ти! Да не го измислил некој што знае некој јазик?
— Госпоѓо, сигурен сум дека дигитронот не го измислил некој Македонец што полагал математика на матура!

*
— Ете, овој барем ни изгради патишта и улици!
— Кои црни патишта? Каде ги видовте!? Улицата кај мене пропаѓа после 2 години од асфалтирањето! Кој гради?! Каде? Фасадине низ град?!

* „Слепата баба“ всушност гледа и на двете очи, ама е со најтежок вид слепило - слепа при очи! Конечно си заминува и си наоѓа друга жртва за тормозење!

No comments:

Post a Comment