Влегов во оној ретро-Милениумски-крст автобус. Пристигна на
автобуската станица целиот во кал ― од долу, па до вториот спрат. Црн и сив, со додатоци на црвената. Каков
прекрасен начин да се привлечат туристи! Очекував дека барем внатре ќе биде
нешто подобар,но и таму сликата потполно иста, кал и ѓубре на подот колку
сакаш. Земав билет и седнав. Ечи новокомпонирана музика. Оваа, велат, е
уметнички повредна од оној увозен турбофолк. Ма, каква Цеца! Има ли нешто
подобро од Сузе Национале, или од… Како ли се викаше само? Пред мене,еден
господин, облечен во капут и со шешир (не се ни обиде да го симне од главата),
почна да си ги истражува внатрешните богатства на својот нос. Успеа да извади
парче „руда“ од таму и веднаш почна да го обработува со прстите правејќи топче.
Showing posts with label милениумска жичара. Show all posts
Showing posts with label милениумска жичара. Show all posts
Friday, January 20, 2012
Subscribe to:
Posts (Atom)
