Tuesday, July 13, 2010

НЕВОЛШЕБНИКОТ ОД ЗОО


И Магарињата имаат право на Смеа!Зар не?!

Животот во Бедната Копија на Зоо можеби е и потрагичен, колку и бедното копирање на граѓанството! Дали ќе удрите со левицата, или со десницата(?) - та, сеедно е, средината е иста, ударот е постојано Слаб, Немоќен! Магијата воопшто не постои, таа е само привид! Мираж! Неа ја замислуваме во нашите глави како производ на пустите желби!

Потекнува од едно исто лигаво тло, иста Лигава Средина, на ползачи, кои отсекогаш ползеле, превземајќи нечија туѓа кожа, нечиј туѓ лик, глумејќи несоодветно некаква Господа во одело од кое секогаш Срамно ѕиркаат Опинците и покрај џипот, и покрај материјалното (стекнато преку-ноќ) делумно зачнато богатство во празноглавиот ум! Упорно се трудат да ги сокријат, како срамежлива цура која се обидела да облече миниќ, постојано влечејќи си ја прекратката сукњичка надолу со рацете, обидувајќи да го сокрие она што не може да се сокрие - Срамот и бедата

Можеби се трудат да се нашминкаат со неумерени талози од портокаловата боичка? Како пред тоа да не го направиле истото, преминувајќи од аловото кон синото, површно барајќи го она, што воопшто не можат да го најдат!? Нешто, кое всушност претставува Дуњоленд и е далеку од секакви божества, бидејќи мириса на празноглав трулеж, на преправање во она што не е - Божица Мајка!

Ниту Малиот Принц, ниту Кралот Сонце, не се способни да пркнат над небото, бидејќи принцот ја нема големината во душата, никогаш и не бил способен да го стори тоа, освен кај Сент-Егзипери и некаде надвор од границите на ова сивило, а сонцето повеќе наликува на Црни Темници! 

Дури и богатите грофови“, кај нас се бедни бели (црно-бели) крекери - чист полјоделски лумпенпролетаријат, па од нив не бидува ништо! Во темницата Ништо не вирее, а таа е огромна бидејќи корените и се длабоку во душата! Дури и тоа што ќе никне, има сосема мала димензија, закржлавено е, безначајно е и лито, поради отсуство на фотосинтеза и покрај огромните количества на Ѓубриво, кои, повеќе го затрупуваат и ја немаат намената на исхрана, туку сосема спротивното - Да го Угушат, да сотрат сè што било, сè што виреело, прогласувајќи го за ништовно, прогласувајќи дека дури и светот започнува од амебите, а амебите се токму - Самите Тие! Дека Самиот тој, Светот, е далеку од нивните бедни достигнувања!



Ха! Повторно Цензура... Не ми го објавија текстов во „Нова Македонија“, па го предавам на јавноста преку мојот блог! Најверојатно беше спротивен со „високите“ норми на цензорот (веб-администратор)! Текстот е напишан како одговор на тешките глупости изнесени од страна на „Авторот е уметник“! Авторот се внесува себеси во улога на Дороти Гејл („Волшебникот од Оз)... Ах, каква „уметност“! Да Ви презентирам дел од коментарите: Bi vi go predlozil slednovo: So ovoj "TEKST" -POEZIJA mozite slobodno da sa prijavite za Nobelova nagrada za poezija.“! Се согласувам со авторот на коментаров! Би било прекрасно оваа награда да се доделува и за Глупост! Верувам дека ќе врие од Македонци - нобеловци!

No comments:

Post a Comment