Monday, July 5, 2010

ЗЕЛЕНАТА ТИКВА НА РАМБО

Му има ли крај на лигавењето кон власта од овој новинар? Очигледно е настроена како математичарот Бајрам!  Целосно и секогаш и’ е посветена на власта! „Нова Македонија“, 2.7.2010.


Интересно ќе биде сознанието на тие копачи од иднината (по илјада години) откако ќе ги ископаат „нашите“ антички артефакти!Ќе биде интересно да им се види Фацата!

Сигурно ќе бидат во огромен шок и ќе заклучат дека пред точно илјада години, во денешно време, живееле луѓе кои безуспешно се обидувале да ја копираат цивилизацијата на Александар, починат 2333 години пред раѓањето на „неговиот барок“, кои уживале во кичот, прогласувајќи го за „врвна уметност“ - национална „слава“, создадена од искомплексирани зелки и тикви во политиката, и се хранеле од него! А, кога ќе ги откријат брујоните и картушите за Патјемкиновото Село „Скопје 2014“, ќе бидат зашеметени од фактот што одредени „аналитичари“, наши современици, го прогласиле за „патриотски“ лек,с тиматозен супститут за храна и воздух, кој, ете, “успешно“ нè одржувал во животот!

No comments:

Post a Comment