Monday, November 15, 2010

ЗДРАВИ БОМБИ




Уште пред десетина години олујата, што беснееше во регионот, го загади секое делче од „недопрената“ природа. Интервенцијата на „ослободителот“ ги „осиромаши“ пределите на бивша Југославија со ураниум до тој степен, што балканските клиники за радиологија и онкологија уште долго ќе ни се преполнуваат со пациенти! „Не е штетен“ - тврдеа владетелите, весело! Тоа во превод би требало да значи дека е здрав за околината и за човекот!?

Порастот на вака „пречистениот“ воздух, кој ти би го вшмукувалe во своите гради, е причинител за зголемените гужви во овие клиники! Додека балканските народи се расправаа околу своите граници и ментални фрустрации, заборавија дека природата (особено воздухот и водата) не ги препознава физичките граници кои ги црта човекот!

Деновиве е актуелно уништувањето на касетни бомби, увезени од БиХ, во пределот на Криволак! Повторно имаме изјави дека штетноста по околината, што би настанала при уништувањето на овие бомби, е минимална! Изјавата доаѓа од министер за одбрана, па, по правило, би требало да му веруваме! „Уништувањето елементи на касетна муниција не содржи радиоактивни компоненти ниту, пак, биолошки или хемиски агенси...“-не уверува тој- „...вкупно би се ослободиле гасни материи што по состав и количество се еднакви на согорување на околу два-три кубни метри огревно дрво.“!

Што се всушност касетните бомби? Тие се пеколна направа, муниција, која може да се исфрли од воздух, но и од земја. Составена е од голем број помали зрна кои, секое засебно, претставува уште една бомба со сопствено полнење. Всушност, при самото активирање на бомбата, овие помали зрна може да останат подолго време неоткриени и неексплодирани, по распрснувањето на главниот контејнер. Можат да предизвикаат смрт и трајни тешки оштетувања на населението уште долго по завршувањето на војната. Нивното полнење може да е со конвенционален експлозив, мини, или пак во себе да носат хемиско, или биолошко оружје! Во секој случај, имајќи го в предвид секојдневното усовршување на оружјето, не е исклучена можноста тоа полнење да е и со осиромашен ураниум! Употребата на осиромашениот ураниум во муниции предизвикува последици по здравјето на човекот на подолг период. Предизвикува пореметување на нормалната функција на бубрезите, срцето, црниот дроб и мозокот, поради својата огромна токсичност! Останува радиоактивен и неговиот процес на полураспаѓање е 4,8 милијарди години! Аеросолите продуцирани при активирањето и делувањето на ваквото оружје може да контаминираат огромни пространства околу местото на ударот, што секако доведува до негово масовно вдишување од страна на луѓето и животните! 

Здравствените студии, при кои се користени култивирани ќелии и лабораториски глувци, укажуваат на можноста од леукемиски, генетски, репродуктивни и невролошки штетни ефекти при перманентна изложеност! Епидемиолошки извештаи наведуваат дека постои зголемен ризик од генетски дефекти при раѓањето, кај лицата кои биле изложени на дејството на осиромашениот ураниум.

1991 година во Ирак се исфрлени 320 тони од овој ужас!
Во војната на Косово, на просторот на Југославија десетина тони!

За само три недели во војната во Ирак (2003) се исфрлени од 1500 до 2000 тони муниција со осиромашен ураниум! Се претпоставува дека вкупниот број е 75 тони осиромашен ужас! Од почетокот на Првата заливска војна канцерот во Ирак е зголемен за 700 - 1000%, деформитетите 400 - 600%! Нивото на радијација во Багдад е за 1000 - 1900 пати поголемо од нормалата!

Студијата во САД, за ветераните од заливската војна, укажува дека 67% од нив имаат потомци со аномалии!

Во 2001 во српката болница во Косовска Митровица докторите наведуваат дека за 200% е зголемен бројот на пациентите со малигни заболувања во однос на бројот од 1998 година!

Во 2003 една студија за животната средина на ООН наведува дека во Босна и Херцеговина е откриен низок степен на контаминираност на водата и воздухот во местата изложени на удар! Неколку извештаи на Светската здравствена организација го потврдуваат истиот резултат - ниско ниво на загаденост на животното опкружување! Ниско ниво!?

Ниту збор за нивото сè додека група војници на НАТО кои учествувале во војната не почнаа да умираат од канцерогени заболувања на ректалниот дел, крвта и бубрезите! Тогаш веќе почна да се употребува терминот „Синдром на Балканската војна“! Преку 31 000 куршуми и преку 1500 крстосувачки ракети се употребени во војните во БиХ и особено на Косово и Метохија, каде тоа е правено константно во текот на 3 месеци! На НАТО „ослободителите“ постојано им е посочувано да не ја јадат локалната храна и да не пијат од таа вода! Што мислите, зошто?

Деновиве, повторно беше пласирана веста, дека на Косово и Метохија, бројот на заболени од малигни заболувања е во пораст. За една деценија, вели извештајот на невладина организација од Косовска Митровица, е зголемен преку 200 насто.  Ниту збор за Македонија! Според ваквите строго контролирани информации, лошите нешта се случуваат само во соседството!

Додека владата преку разни министри „експерти“ нè убедува во позитивниот ефект на уништувањето на касетните бомби од БиХ, сетете се колкав беше бројот на „случано“ фрлени контејнери (како оној во Липковското езеро) и случано паднати проектили на наша почва...! Ајде и без нив, помислете само како би се сопрел загадениот воздух на граничните премини? Со полиција? Со специјалци, или само со царинска служба? Сетете се за „нештетноста“ на дејствијата кои се одвиваа во нашата близина и нивниот „минорен“ ефект кај нас!  Во наивноста на потфатот за уништување на касетните бомби, можете да се убедите ако ѕирнете кон зголемениот број пациенти на Клиниката за радиологија и онкологија, или на Клиниката за хематологија во Скопје! Размислете добро за тоа колкава е финанскиската придобивка од уништувањето на ваквите „здрави“ бомби на наша почва!

Она што најмногу ме загрижува е молкот на еколошките друштва и слични невладини организации!

Еве и неколку текстови од кои ќе ви се исправи косата:
http://www.globalresearch.ca/index.php?context=va&aid=2374
http://www.wise-uranium.org/diss.html
http://www.youtube.com/watch?v=BIHhpfzlMlw
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/e/e9/Kosovo_uranium_NATO_bombing1999.png


3 comments:

  1. Kasetnite bombi se pomalku shtetni, da, od energetskiot gigant "REK Bitola" kojshto zrachi li li zrachi i pridonesuva brojot na zaboleni od kancer ( i megju vrabotenite i megju naselenieto) da se zgolemuva se` povekje i povekje...

    ReplyDelete
  2. Кои здрави бомби?! Тие ги оправдуваат нив врз основа на некои статистики дека не се штетни. Го знаете она: Има лага, паралага и статистика.

    ReplyDelete
  3. Секоја чест!
    Дали македонските политичари јадат од 'библиската почва'дали пијат од Македонската света вода....и каде спијат навечер.Се си мислам дека си одат на спиење во Грција во нивните луксузни станови.
    Браво за Вас,се согласувам со се што сте наапишале.Бидете здрави и живи.Благодарам за човекољубието Ваше.
    Поздрав!

    ReplyDelete