Monday, December 27, 2010

НЕБУЛОЗИТЕ НА СОНЛИВАТА ГРДУБАВИЦА



Историјата од ’45 е пишувана во посебен стил. Избришани се цели делови, за да се „исправат“! Но, токму поради преводот на делата на македонски, сомнителни се писанијата на наведените научници!  Сè уште сме склони секое „од Македонија“ да го замениме со Македонец! Великиот Александар „освојувач на Светот“ и неговите претци носеле грчки, а не македонски имиња, пишувале на грчки и ја ширеле токму елинската култура! Варвари, не им е срам! Каков блесав освојувач - наместо своја, ширел туѓа идеја, или можеби, токму ние, во тоа време, сме биле на повисок степен на културен развој отколку сега! Чуден владетел, зарем не?

Friday, December 24, 2010

СРЕДБА



„Јас, знаеш, точно е... ме избркаа од гимназијата, но не поради незнаење, туку, поради многу зборење! Веднаш потоа, во новото (занаетчиско) училиште влегов и во Сојузот на комунисти...“ - говореше неговиот познаник од детството, со кого заедно учеа во основно училиште! Се сретнаа, сосема случајно, по цели триесетина и нешто години од тогаш! Уфирцан во одело, а тој и понатаму лежерно облечен, говореа за минатото, за нивните животи! Тој, вработен во јавно претпријатие, партиски определен, но „мува нешто“ и приватно (имал фирма), сега станал дури и шеф... факултетот никогаш не го завршил, но не му ни требал, тој бил попаметен од сите тие...

Monday, December 13, 2010

УТРЕ Е ПРЕДОЦНА!



Народот, има легитимно право да бара смена на легално избрана власт која го прелажала и се заборавила во своето владеење! Надмени, самобендисани, апсолутни шампиони во аматеризам, со приземно и површно знаење од секоја област (претставено како научен зенит), без идентитет, без скрупули, со огромен малограѓански невкус... Тие се мали умислени богови кои себеси се поставуваат над законите, корумпирани борци против корупцијата, грабливци-лешинари кои се борат против криминалот... Тоа се само дел од карактеристиките кои ги поседува оваа власт!

Thursday, December 9, 2010

ГОРД СРАМ



Еве ви споменици, водоскоци! Еве ви и панорамски тркала! Дури и жичарница ќе ви градиме! Па каков народ сте вие? Не сакате ниту славно минато! Од ништо не сте задоволни! Од ништо сити! Предавници!  Не ви требаат плати - ви треба освестување, осознавање! Сознание за вашата гордост и големина! Па, вие не сте ниту доволно Македонци! Само нешто мрчите! Не сте ни големи ни моќни колку нас! Ние сме антика! Ееееј, потомци на Александар! Дијадоси! Не ви требаат лекови, ви дадовме споменици...