Monday, December 27, 2010

НЕБУЛОЗИТЕ НА СОНЛИВАТА ГРДУБАВИЦА



Историјата од ’45 е пишувана во посебен стил. Избришани се цели делови, за да се „исправат“! Но, токму поради преводот на делата на македонски, сомнителни се писанијата на наведените научници!  Сè уште сме склони секое „од Македонија“ да го замениме со Македонец! Великиот Александар „освојувач на Светот“ и неговите претци носеле грчки, а не македонски имиња, пишувале на грчки и ја ширеле токму елинската култура! Варвари, не им е срам! Каков блесав освојувач - наместо своја, ширел туѓа идеја, или можеби, токму ние, во тоа време, сме биле на повисок степен на културен развој отколку сега! Чуден владетел, зарем не?


Да! Постојат теории дека Словените (*не Македонците, туку Словените) се домородното население на овие простори, именувано и како Илири! И не само тука! Тие се и во Скандинавија, Германија… Но, дали тоа го прави Ерик Црвениот Македонец?! Дали Самуил бил Македонец? Дали тоа се и неговите браќа Аарон, Давид и Мојсеј? Чудни некои „македонски“имиња! Зошто ли се пишувал како „Цар на…“? Можеме ли да го промениме тоа?

Го нарекувате ли „полуписмен“, секого кој тврди нешто сосема поинаку! Зарем текстовите на Маврикие и Атајлота (во оригинал), се помалку вреден документ од преписите на Херодот и Ливиј? Токму Иљов е најодговорен за смешната реставрација на мостот кој завршува во скалила! Токму тука паѓа во вода неговата стручност! Пристрасноста е најчестата причина за пишување на дела во стилот на Донски, Иљов, Белчев! Зарем не мислите дека историјата треба да и се препушти на историската наука, а не на квазиисторичари од нивниот тип, или, пак на неписмени политичари? Едниот е историчар на уметноста (археолог), другиот архитект, третиот лингвист! Заедничко им е членството во Неоантичката организација!

Зошто би живееле во минатото, наместо во сегашноста? Имаме ли некаква корист од тоа? Или, можеби дури сега некои од нас си ги откриваат корените во ренесансниот псеудобарок? Јас немам потреба од докажување на својот идентитет, ниту на своите корени! Добро ми се познати! Но, овие најверојатно се изгубени и во времето и во просторот!

И уште нешто. Се работи за Винко Прибојевиќ, а не за Прибичевиќ! Токму тој е и еден од првите кој ги спомнува Илирите како Словени! Не како Македонци, туку како Словени! Тој го споменува и А. Велики како Словен, но со тоа не го докажува неговото македонско потекло! Се работи за текст пишуван околу 1800 години, по смрта на Александар! Човекот, бил поборник на панславизмот, а тоа е сосема спротивно на идеологијата на неоантичките „историчари“ за апсолутната посебност и беспрекорна чистота на македонската нација! Неверојатно, но човекот уште тогаш, бил свесен дека здружувањето (а не делбите) на Словените (Панславизмот) е единствениот можен начин за нивниот опстанок!

*Коментарот се однесува на текст во Нова Македонија потпишан од „авторот е уметник“!

No comments:

Post a Comment