Tuesday, July 3, 2018

АЈВАНИЗМИ I



Ете, колку да се потсетат моите пријатели на моите а-фори-зми пишувани во периодот од 2009 до 2014-та. Она што е најинтересно, некои од овие мои ајванизми се актуелни и денес...





- Изгледа... сосема нормално е у една напредна Банана држава бананите да се поевтини од патлиџанот! :0))) 

- Си правам нешто Бајрам (пресметки) на паметов… Добро бе луѓе, како е можно, ако веќе имаме 30-40% сиромашни останатите 80% постојано да јадат и да пијат од сабајле до вечер по кафани?! Ако се 70% вработени, како тоа најголема гужва у градов од 10:00 саат наутро?! Ајде, кажете после дека не сме Земја на Чудата! :0Þ 

 - Абе, ни у Африка више не поправаат улици без да постават сообраќајна сигнализација! (само кај нас - во суверена, самостојна, независна Република Македонија. Веројатно бидејќи сме библиска земја) 

- Знам дека докторите нема да создадат „Ѕид на срамот“ на кој ќе ги ставаат политичарите кои згрешиле! Не затоа што им е страв, туку нема доволно голем ѕид на кој ќе може да ги испишат сите имиња! :0Þ 

 - Налудничавиве споменици служеле за да се обележело владеењето на ВМРО-ΔΡΠΑΜΕ! Не грижете се, тоа е сосема нормална појава! Дури и животните си ја обележуваат својата територија со замочување! 

 - Точно е! Тие претераа само со два-три споменика! Останатите 300 и онака се занемарливи! 

- Името нема да нè скара! Тоа ќе го сторат политичари кои имаат свое име и презиме! 

- Предлагам локалниве избори за општинска власт и превласт да се одржуваат секоја година! Можеби луѓево така најпосле ќе добијат асфалтирани улици, канализации, водоводи, електрификација… 

 - Жена разубавена со многу шминка, со пластична хирургија и со купишта силикони на себе е повеќе пластика отколку жена! 

- Најдобро доживување од Охрид: Влегувам во рибен ресторан и барам риба за ручек, а тие ми одговараат со: „Немат!“! :0))) 

- Tочно е! Сите граѓани потекнуваат од село… Само што едните од село во град мигрирале пред повеќе од 100, 200, 300…години, а другите станале граѓани пред помалку од 50, 20, 10… години! :0)) 

- Власта заглавена во темно минато и со која живеете кошмарна сегашност, секогаш ќе ви ветува светла иднина! 

- На многумина единствено Фотошопот би можел да им го разубави животот! 

- Современа бајка: Си биле еднаш Љубчо и Тодорче... и си живеа среќно до крајот на животот! :0)))) (*она кога Т. Петров му ја отворил вратата на Љ со Б -како-баба-Георгиевски со пешкир, штотуку излезен од бања) 

 - Имам чувство дека некој постојано си се „дуинг бизнис“ со мене! (*за првото место во „Дуинг бизнис“) 

- Скопје - град у кој ќе ги чуете сите можни дијалекти освен скопскиот! 

- Струјата, парното, бензинот и нафтата поскапеа, храната и земјоделските производи исто! Сè е тоа нормално во земја каде паметот секојдневно поевтинува! 

 - Секогаш кога проаѓам крај преродбеничките мегаломански споменици и згради што постојано блештат осветлени од штедливи светилки се прашувам дали следниот месец повторно ќе поскапи струјата! Им плаќа ли Бладава нешто за осветлувањето, или решиле ЕВН да ни наплаќа за гордоста на ангро? 

- Линкот од сајтот на Комисијата за „верификација на факти“ е насловен како „Управа за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи“, а тој води директно кон една многу интересна биографија на еден наш успешен економист: И кој е после кодошот?! 

- Не заборавете, кога ќе бакнете рака на дама, тогаш сте господин! Кога бакнувате рака на политичар, тогаш сте најголемиот лигавец! (*она кога еден му бакнуваше рака на Б.Ц.)

 - Внимавајте да ви се поклопуваат сказните со официјалната државна вистина, за да не останете без пријатели! :0)))) 

- Македонска работа! Наместо нашата Обединета дијаспора (ОМД) да бара привилегии и за нашите луѓе кои имигрираат во Австралија, тие - со барање да се укинат привилегиите на Грците, по старото добро правило „да му цркнат козата, кравата и магарето на комшијата“! :0))) Напред шампиони! 

- Ме фаќа страв на следните избори да гласам за СДСМ! Ако победат, после нема да знам кои се ВМНЛОвци, а кои комуњари! :0))) 

 - Пусто Македонче! Лебче и солца да му дадеш, пак ќе биде пресреќно и ќе си замислува дека јаде сланина како другите! :0)) 

- Глувците секогаш први го напуштаат бродот што тоне, а капетаните остануваат последни! Во последно време толку многу посакувам да сум глушец! 

- Некои луѓе се закоравени атеисти! Само... ни за жива глава не си ја даваат верата! 

- Инаку, по убедување сум атеист, ама и голем верник! Верувам во силата на човековиот ум и во онаа на природата! Не се крстам, освен кога се чудам! Не се клањам никому, освен пред некои научници и уметници! 

- Имам чувство дека министерчено Тодоров не спие, смислувајќи нови заебанции и игри без граници за докторите и за пациентите, а здравството - тоне ли, тоне! 

 - Само една крајно тоталитарна власт има потреба да го одржува својот народ под постојана пресија и да шири страв од некаква континуирана надворешна опасност! За таа потреба постојано ќе ни измислува нови (внатрешни и надворешни) непријатели, за да може да си го оправда сопственото лудило! (*парафраза на Орвеловата Фарма)

- Патем, поголемиот број од документите што се објавени во „процесот на лустрирање“ се однесуваат на посткомунистичкиот период,од 1992 до денес, што докажува дека бројот на документирани граѓани, соработници и кодоши на тајните служби, драстично се зголемил по осамостојувањето на земјава! 

- Тодоров толку многу ни го среди здравството што се прашувам дали ќе преживееме! 

- Отидов на одмор за да не ѝ пречам на преродбата во нејзиното патриотско работење на процутот на татковината, а дабетер најдов кога се вратив - зејтинот се претворил во стотка, бензинот деведесетка, а дупките во автопатот Аце Гољамиот сè поголеми и поголеми! За струјата и комуналните давачки да не праам муабет! До мене било - да не се вратев, овие уште малку, па сè ќе си оствареа! 

- Someone, perhaps a close friend or partner, could present you with a small gift today, Virgo, possibly a book. (Free dayly horoscope) Е, го погодија човекот, отсекогаш сум им верувал на видовњациве! :0))) 

 - Во последно време станав побожен! Почнав да се крстам и со лева и со десна на глупостиве што никнуваат низ градов! :0))) 

- Додека ние сонуваме,„преродбата“ продолжува да си (се) остварува! Секое утро нè дочекуваат со нови „генијални“ изуми, па сега ми е страв да се разбудам! Ќе продолжам буден да си сонувам! 

 - „Мојата Ели, откако ја спреми магистратурата не може да престане да чита“, ја фали сопругот Ели додека таа чита љубовно романче од типот „беше плав, со плави очи, атлетски граден…“! „Јас, да ме утепаш нема книга да отворам“, се пофали госпоѓата до нив! (македонски муабети на плажа:0)))) Верувам во иднината! 

- Леле, каква феноменална власт! Нема свински грип! Нема птичји грип! Нема СИДА! Нема ни западно-нилска треска, нема ни тигрести комарци! Нема жолтица! Нема наезда на вошки! Нема криза! Нема сиромаштија! Нема невработеност! Нема трте-мрте! Изгледа нема ни зима...за нив! :0)))) (*пишувано во едно ледено утро)

 - Погледот од национална, религиска, или идеолошка перспектива, најчесто предизвикува посебен вид неизлечиво слепило! Заболените умислуваат дека поседуваат право на сопственост врз земјината топка! 

 - Кај нас секој си мисли дека е најпаметен, затоа и не можеме глава да дигнеме од глупости! 

- Според најновите откритија на институтот „Павел Шатев“ и ЦК на ВМРО-ΔΡΠΑΜΕ, интернетот е измислен од Александар Македонски и тој со лаптоп, преку Скајп комуницирал со неговите антички војсководци! 

- Како што рече нашиот уидеw на Си-Ен-Ен:  „Wи аw паwадајз“! 

- Стално ни ветуваа посветла иднина, па изгледа затоа ќе си завршиме во темница! :0)))... Сијалициве, штедливи ли им се, или од старите се? Прст пред око не се гледа! :0))) 

- Нормално, господата покондурени сељаци не може да знаат дека тогаш во град се носела облека (а`ла турка, или а`ла франка), а не носија! Носиите идат уз опинци, не со кондури, патики и со шешири! (*по повод текстот „градска носија“ под скулптурите пред влезот на зградата на МНР) 

- Ако ви се чини дека сте го допреле дното тогаш нешто сте заборавиле… Сте заборавиле да се смеете и тоа дека дното може да биде бесконечно длабоко! Токму кога ќе помислите нешто црно, сфаќате дека има уште поцрно… Добро ви утро Фејсбуковци, не заборавајте да им се насмеете на своите деца и да ги гушнете! Неповторливите Монтипајтоновци за ваш убав ден! „Life's a piece of shit/When you look at it/Life's a laugh and death's a joke,it's true./You'll see it's all a show/Keep 'em laughing as you go/Just remember that the last laugh is on you…“...

- Мене,Фејсбук-профилите на функционерите најчесто ми изгледаат како да ги создале некои дечиња! :0)) 

- (од еден наш оглас:) „FIRMA ZA PROIZVODSTVO NA PROZORCI VRATI OD PVC I ALUMINIUM, OGRADI, GELENDERI I VRATI OD KOVANICI VRABOTUVA - TEX.SEKRETARKA (1 ZENSKI POL) DELOVEN ASSISTENT PRIDRUZNIK (1 ZENSKI POL) Испратете цв и кратка биографија со сликана неа“.  :0))) Недостасуваат во описот на потребните квалификации (*прочитај обавезно) само уште танга гаќичките и нивниот број! 

- Македонски едношалтерски систем: сто души на еден шалтер, а и тој не работи! 

- Македонски едношалтерски систем: „Умри машки“!

продолжува...
АЈВАНИЗМИ II
АЈВАНИЗМИ III

No comments:

Post a Comment