Ова е уште едно продолжение на моите а-фори-зми пишувани
во периодот од 2009 до 2014-та. Некои од овие
мои ајванизми се актуелни и денес...
Тууу што ти е Европа! Почнав да
му завидувам на Коко! На мајмуни им даваат азил, на магариња - никако! :0=))))
Која е најсреќната држава во светот?
- Aлбанија!
- Зошто?!
- Го има Охридско Езеро, а ги нема Охриѓани! :0))
Не ни треба Коко назад! Па овие и онака постојано од нас прават мајмуни! Еден мајмун помалку,или повеќе, ништо нема да смени во резултатите од пописот! :0))
Молчењето е злато! Кај нас најчесто го исплаќаат во тегли ајвар, вреќи со брашно... ¦0))
Ни се враќаат колхозите и совхозите! Откако ни послаа соцреалистички фигурини кои не се подалеку од нациреализмот на Третиот рајх, истите кои до вчера гласно нè убедуваа дека селаните биле угнетувани во комунизмот заради (присилно) здружување на својот труд во земјоделски задруги, сега пропагираат враќање на истите („по препорака на ЕУ“)! Сè повеќе сум сигурен дека ќе ни смислат и нова наци верзија на самоуправниот социјализам! Кој вели дека „Враќање во иднината“ е само филм?!?! Па, нам ни се случува! :0)))
Чекам, кај и да е, Гwујокио да го изусти славното Информбировско „НЕ“ на Јоже! Или тоа е веќе содржано во она:„Името НЕ го даваме“? :0)))
Сега ми е појасно зошто се за сè невини! И владата и пwемиеwот ни се девици… во хороскоп! :0))
— Еми ти…скопски државјáнин ли си? (правникот,штотуку завршен)
— Еми, како не! Одáмна сам си државјáнин на Скопје! Óште преди три-четѝри гóдини! (тазе дипломиран агроинженер)
(*разговор меѓу двајца нови државни високообразовани кадри во новите автобуси на ЈСП Скопје) …
Си одев по донот и наеднаш пред мене се испречи макосот! (од записот на еден антички Македонец) :0)))))
Чудо е овој народ! Живееме на површина од 25 713 km², а побаруваме цели 42 738 km² од комшиите кои никогаш не биле наши! Ми наликува на онаа народната: преку леб — и погача!
Кој вели дека Македонците не биле по книгите! Познавам Македонци со по неколку партиски книшки! Книшка наместо книга, ама не е битно, важно е дека има со што да си се пофалат! :0)) Си имаат и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, но и од другите (ЛДП,ДОМ и сл) за не дај боже!
Многумина си ги заменија книгите со книшки! Во книшките било знаењето!
Пастиwот најубаво знае колку убаво се живее од овци!
Ха,кој вели дека животот не е комедија! Мистер Бин (поточно Роуан Еткинсон) бил магистер на електротехнички науки, а станал комичар! Кај нас боксер-комичар стана магистеw, уште пред да магистрира, па никому ништо! (Обиди се и ти! Направи го првиот чекор!) :0))) По истата таа логика, бидејќи Брајан Меј (од „Квин“) е доктор по астрономија (завршил физика и математика), а свири гитара, што ли да очекуваме од Елвис Бајрам? Докторат!?
„Сите сме ние ВМРО,само не сме ДПМНЕ!“—Жерновски!
Ете,не сум пропуштил многу! Јас не сум ни ВМРО, ниту ДПМНЕ!
Најдоброто изненадување во ова демократско општество ве чека во Општината во која живеете, кога на шалтер ќе дознаете дека луѓето кои таму работат знаат сè за вас, па дури и она што вие самиот не сте го знаеле!
Она „Вwтевме,вwтевме...“ беше расказ за тоа како се прави многудетно семејство, или за тоа како се вртат паwички?! :0))))
И велам на жена ми, ај да го зголемиме наталитетот и да роди уште неколку, а таа мирно ми вели: „реципроцитет батка, колки ти, толку и јас“!
Остварив! Веќе си имам многудетно семејство! Едно мое дете вреди за три! Бидејќи имам две, тоа значи дека сосе мене жена ми има вкупно 7 деца! :0)))
Гwујокио вчера едвај го прочита напишаното на албански! Изгледа латиницава ич не му оди, исто како и кирилицата! :0))
Најновата заблуда што ја шират со проектот „Скопје 2014п.н.е.“е дека во него имало некаква масонска симболика и дека наводно проектот е создаден од масони! Ако добро се загледате во „симболите“ ќе видите дека се работи за тежок фелер: „нашиве“ не се масони, туку МОРОНИ! :0)))
Велат дека посебна мистерија од проектот била поставеноста на тлоцртот на „Коњот со Воинот“, улицата и „Триумфалната капија“, кои наликувале на древниот египетЦки сиНбол „анк“! Мене истите најмногу ми наликуваат на случајно расфрлени го*на!
Кај нашите масони изгледа дека највисокиот степен е Чирак на Големата ложа на концерт на новокомпонирана музика! :0))
Напред наши, а и ваши…мафијаши!
Полуд од лудиот:
Како тоа Македонија била „поделена (само) на три дела“, а досегала сè до Индија?! :0))) Исламабад е наш! :0)))))
Ако ВМРО си ги оствареше своите идеали, немаше да постојат ниту Македонци, ниту Македонија!
Нов успех на владата! Македонија оваа година со неверојатен економски пораст од 0, исто како и лани, а догодина се очекува задвижување, веројатно со истото „високо“ниво! :0)))
Жално,но вистинито: „патриотизмот“ и „удирањето во гради“ отсекогаш биле најисплатливата професија во Македонија!
Оглас:
· Продавам американски „Патриот“! Со него можете да погодите било која точка на земјинава топка! Цена: 2 500 000$!
Продавам македонски „патриоти“! Можете слободно да ги фрлите во ѓубре, ако воопшто успеете со нив да ја погодите кантата!
Цена: се продава на ангро!
„Уште три дена до изборите во САД“ - баш ме заболееЕ…уво!
No comments:
Post a Comment