Tuesday, July 3, 2018

АЈВАНИЗМИ II




Ова е продолжение на моите а-фори-зми пишувани во периодот од 2009 до 2014-та. Некои од овие мои ајванизми се актуелни и денес... 



 - Формирам Здружение за заштита од здружението за заштита на спомениците! Влез слободен! Обавезно понесете си француски клуч! (може и динамит, или зоља - поефикасни се)! :0))) 

- Нас у голема нужда ни ТОИФОР нема да може да ни помогне! :0))))) 

- SFOR, UNPROFOR, KFOR, EUFOR, IFOR... TOIFOR... :0)))) 

- Има народи кои знаат во пустина да одгледаат рози! Има и такви, кои дури и да живеат на најплодната земја умеат да посадат единствено коров, па потоа се молат од него да им процветаат рози! 

- Формирав „Здружение против јадење гомна“ и утре одржуваме протест, онака - од радозналост, само за да видиме дали владата повторно ќе организира контра-здружение и уште едни контра-протести! ;0))))) 

 - Бугарите на цел глас кукаат дека им било забрането да се изјаснуваат како такви, а ВМНЛОвциве песни им пејат! Меѓу присутните - и врвот на штатите ни! 

- Приметен е значаен еволутивен напредок кај граѓаните на Македонија! Во 1945, поголемиот број биле неписмени и со минимален број дипломи од завршени факултети! Денес, се исто толку неписмени, но повеќето се со дипломи! 

- Порано, поштарот ѕвонеше само два пути! Сега, овие лешинариве од УЈП не се симнуваат од ѕвончето, а поштарот нигде го нема! 

- Мажите често забораваат: најубавите жени ги краси внатрешноста, а не тоа што го носат на себе! 

- Македонски економски чири-бу-чири-ба: Имаш, а немаш! Немаш, а имаш! ¦0)) (*имаше една реклама - „имаш, дури и кога немаш“) 

- Позитивно сум негативен, како македонскава рецесија! :0)) 

 - Како тргнало со американскава кампања за претседателски избори, Ромни ќе победел заради Македонците, а Обама, заради Албанците! :0)) Глупо е, трагично, ама изгледа дека е наша реалност: —Ти бе за кого си? —За Ромни! —Ааааа, Македонец си бил! — А, ти бе! — Ја за Обама! — Аааа, Албанец, а? 

- По Ромни се познаваат Македонците, по Обама Албанците! Луѓето — по човечкото во нив! 

- МРТ, отсега (од недела, де) „со нов имиџ“! Вака подмладена со старци, веројатно ќе си го смени и името во Зомби ТВ! ...заборавив... Името не го давамеЕеее!!! :0)) (*веста беше „МРТ со нов имиџ“) 

- Зона на самракот (сцена прва): МРТ, дневник во 19:30 недела, излегува „млада“ надежна спикерка: „Добро вечер, драги гледачи, започнуваме со најновите вести: Ех, у мое вр`е`меееЕе…“ :0))))) 

 - Ете, сепак моја среќа е што не гледам МуТаВа! Си ја преспав војната! Денес, се разбудив многу посреќен, слушајќи за минатото и за „херојската борба“ на Тодор Петров! :0)) 

- Тодор Петров, оди ти напред, ние веднаш ќе ти се придружиме - од позади! :0))))) (*она кога Т. Петров му ја отворил вратата на Љ со Б-како-баба-Георгиевски со пешкир, штотуку излезен од бања и кога Т. Петров повикува да си го ослободиме „окупираниот македонски дел“)

 - Да знаел Шекспир колку гнила може да биде една држава, никогаш не би ја спомнал Данска! 

- Дури и животните побргу успеваат да го научат она што на некои луѓе никогаш нема да им појде од рака! 

- Пред неколку месеци Гwујокио се сретна со Анџелина Џоли,на нејзино барање! :0)) Пред недела-две Хорхе I Миноре се сретна со Обама во ден кога Белата Куќа објави дека не прима никого! :0)) Пред некој ден, беше убиен Македонец во Солун кој веднаш потоа испарил! Во Земјата на чудата, каде историјата е онаа која никогаш не се случила, кајшто убавата сегашност ќе ни се случува во посветла иднина, почнаа да ни се случуваат и настани кои никогаш не ни се случиле! Остварија! :0))) 

- ВМРО остварува нов градителски потфат! Ни направија кружни текови - најголемиот е затворен и без излез! 

 - Не ми е јасно што прават овие од бладава! Ја градат, или ја оградуваат земјава?! Ова второво далеку подобро им оди! ¦þ (*се однесува на оние бившине со Грујо, кои сега се обидуваат да го направат истото) 

- Тој е чесен и искрен политичар... Така започнува најдобриот виц на светот! :0)) 

- Како тргнало со поскапувањава, Македончето од лепче и солца ќе се префрли на трева... само мир да е! ¦Þ (*мирна оаза)

продолжува:

No comments:

Post a Comment