Saturday, June 16, 2012

ГОЛЕМА ГАЛАМА ЗА НИШТО







Деновиве во Скопје се одржува настан кој се именува како фестивал
„Скопје креатива“.  Почнаа да се пишуваат текстови како најава за настанот, одредени новинари кои немаат поим од естетиката веднаш, однапред, уште неотворен, го прогласија за врв на креативноста и естетското доживување. Идејата, најверојатно потекнува од самиот назив, кој ги поттикнал априори да го наречат „собир на креативци“. Излегува дека е доволно да кажете дека се занимавате со уметност и со дизајн за да кај нас бидете прифатени како уметник и дизајнер. Доволно е да пишете дека сте креативна личност и веднаш да бидете пропагирани како таков.

Monday, May 7, 2012

НЕДОРАСНАТ ЗА АРХИТЕКТУРАТА


Споменик на
паднатите херои во Жена парк,
или Берлинска колумна на победата?!
А, што друго да каже почитуваниот господин Танге? Сигурно бил шокиран од убавињата на преродениот барок! Ако некој ужива во грдото и го воспева како убавина, треба ли тој да му го ускрати задоволството? Зарем би требало да расправа со некого кому естетиката не му е ниту во зародиш? Што да каже, ако некој ужива во грдиот сладкаст кичерај и го воспева како убавина единствен градски белег на ребрендираното Скопје!? Зарем би требало да објаснува за убавото некому кому вилеровите“ гоблени во златна „барокна“ рамка му се естетски врв, или, пак, со оние кои купуваат слики на кило за да им одговара на мебелот? Како оние во ТЦ „Бисер“, или пред Гратскиот трговски, каде сликите се продаваат за 50-100 евра, во зависност од димензиите?!

Friday, May 4, 2012

МИЛОЗЛИВ ПОТСЕТНИК ЗА ПОЛИЦИЈАТА






Карактеристично за случајов е што за апсењето на дваесеттина терористи, МВР употребило 800 полицајци! Истиот број специјалци, можеби и поголем, беше употребен и при апсењето на Велија Рамковски и на неговите соработници, обвинети за злосторничко здружување и за затајување на данок. Се поставува прашањето што е поопасно за државата, тероризмот, или неисполнителните даночни обврзници!?

Thursday, May 3, 2012

ИСПОВЕД НА ГРЕШНИОТ




Деновиве се изнаслушав глупости од типот дека сите оние неверни се некои зли и расипани до с’рж луѓе, платеници на странските служби, предавници, луѓе криминалци и убијци, кои повеќе наликуваат на монструми и некакви мутирани суштества од вселената отколку на живи овоземни битија. Неретко ваквите констатации потекнуваа од такви пред чие име стои некоја научна титула. Наспроти тоа, тие нè уверуваат дека верните се високоморални личности, преполни со љубов за ближните, кои никогаш не би посакале туѓо, ниту украле, ниту би сториле некакво зло.

Wednesday, March 28, 2012

(НЕ)АРГУМЕНТИРАНО ПРОТИВ ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА






Во саботното издание на „Дневник“, Влатко Ѓорчев, пратеник во Собранието, ја отвори повторно темата за проституцијата во Македонија. Она што ме зачуди во текстот е површноста со која тој расправа за оваа сериозна тема и застанува против нејзината легализација, што повеќе посочува дека аргументите се резултат на политичка проституција и додворување кон електоратот, отколку сериозен политички настап. Неколкуте тези изнесени пред читателите, под превезот аргументација против легализацијата, всушност воопшто не се тоа.

Friday, March 16, 2012

РАЃАЊЕТО НА ЗЛОТО III (ЅВЕРОТ)




Сè започна со писмото до партиското членство. Се чудев, како е можно во XXI век некој да ги прогласува сите неистомисленици за непријатели на татковината и за предавници на македонштината со кои конечно треба да се пресметаме во решавачкиот бој!? Навистина, ваквите сподоби постојано ни се презентираат како врвни патриоти. Доволно е да бидете ВМРО (НП, ДПМНЕ, ТМОРО, Гоцева…), па да станете веднаш, по автоматизам, невиден патриот-надчовек, „загрижен, исклучиво за македонскиот народ и за неговите интереси“. Парите кои при тоа ќе ги стекнете се попатна неодвоива и неодолива патриотска придобивка. 

РАЃАЊЕТО НА ЗЛОТО II






"Ние, българите от Македония и Одринско, не трябва да изпущаме изпредвид, че има и други народности и държави, които са много заинтересовани от разрешението на този въпрос. Една намеса на България ще предизвика намесата и на съседните държави и може да доведе до разпокъсването на Македония. Ето защо народите, населяващи тия две области, трябва сами с общи усилия и жертви да извоюват своята свобода и независимост в границите на една автономна Македоно-Одринска държава, като разчитаме само на материалната и морална подкрепа на България и на Великите сили”.
(Гоце Делчев)