Friday, January 28, 2011

И ЈАС СУМ А1!



Вчера, во неколку наврати безуспешно се обидував да го оставам мојот коментар за поддршка на вработените во А1! Токму онаму, на нивниот сајт, каде стои насловот „Власта ја затвора А1“! По неколкуте безуспешни обиди, се откажав! Проблем во подесувањето на мојот прегледник, или...?!

Затоа, го поставам својот коментар, наменет за А1, на мојот блог:


Се обидувам да разберам.Затворени сметки, а пресудата ја нема!? Каква држава сме ние? Врз основа на што се блокирани сметките? Заради здружување против државата?! Очигледно имаме умислени бладетели кои себеси се сметаат за држава! Ако секое спротиставување и секое противење усмерено кон нивните Глупости се смета за непријателско здружување“, еве, се ПРИДРУЖУВАМ кон здружените непријатели“! Еден предлог до новинарите на А1: Од денес, би било сосема културно и потполно оправдано да ги БОЈКОТИРАТЕ политичарите, особено оние кои и припаѓаат на владеачката малоумна елита“! Доволно е на снимките од Шерифот и Портокаловиот Неред да го исклучите тонот! Еден од начините е и новинарите да ги бојкотираат нивните прес-конференции! И онака немаат што да кажат! И онака од нивото владеење нема никаква полза за државата! Единствената полза ја имаат нивните ненаситни џебови! Бедна е состојбата на демократијата во МК! Стравично е непочитувањето на правата и злоупотребата на правниот систем од страна на оваа власт! Жално! Притвораат граѓани, без никакви докази и ги држат во притвор“ неограничено долго, без пресуда, а тоа е карактеристика единствено на најмрачните системи! Тоа станува замена за осуда“ и „оцрнување“ на личноста, наместо реална и правична Пресуда! Всушност, мракот одамна е присутен на овие простори! А1 беше една од ретките светулки во темнината! Целосна поддршка од моја страна до вработените во А1! И, секако: >>>--И ЈАС СУМ А1!--<<

No comments:

Post a Comment