Кузман Јосифовски - Питу Роден е 1915 во Прилеп во занаетчиско семејство. Уште како гимназијалец станал младински раководител, истакнат активист во книжевно друштво и предводник во судирите со Љотичевците. Во 1938 е примен за член на Комунистичката партија на Југославија. Станува член на здружението „Вардар“. Во 1939 на тајно гласање е избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ. Полицијата на Кралството Југославија безуспешно се обидува да го уапси.
Во септември 1940 станува член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, но веднаш доаѓа во конфликт со пробугарски определениот Методија Шаторов - Шарло.
После бугарската окупација го осудува ставот на Шарло за неспротиставување на бугарските фашисти и станува еден од организаторите на Народноослободителното движење и активно учествува во него. Во својство на член на Главниот штаб за Македонија и како член на ЦК КПМ, во октомври 1943 го формира Петтиот регионален комитет на КПМ во Скопје и ги врши организационо-политичките подготовки за Првото заседание на АСНОМ. Од сочуваната кореспонденција од тој период е видливо дека тој комуницирал со лица од сите соседни комунистички партии. Во екот на Февруарскиот поход ја одржува врската со Главниот штаб и ЦК КПМ и испраќа нови партизани.
При еден состанок со претставник на Бугарската работничка партија (спротивно на денешните тврдења дека неговото убиство е нарачано од С. Вукмановиќ - Темпо) е предаден и бега од бугарската полиција и заноќува во една куќа и во една улица во близина на некогашната фабрика „Алумина“ паѓа смртно погоден на 25 февруари 1944 година, застрелан од бугарската полиција. Во мртвото тело е најдена лажна лична карта на Димитар Филипов - Рафаилов, близок соработник на Иван Михајлов. Врската за состанокот бил неговиот вујко Димитар Чкатров, човек кој по бугарската окупација сите Срби во Македонија ги прогласува за „српски колонисти“. Останува фактот дека Кузман Јосифовски е предаден токму од овие кругови во момент кога имал средба со претставник на македонскиот крволок Ратко! Неговиот вујко, Димитар, веднаш по ослободувањето на Македонија, во судењето кое започнува на 25 мај 1945, заедно со своите соработници Димитар Ѓузелов и скопскиот кмет од 1941 Спиро Китинчев е осуден како соработник на бугарскиот окупатор кој работел на присоединување на Македонија кон Бугарија и јакнење на бугарскиот национален дух меѓу Македонците. Заедно со Китинчев и Ѓузелов се едни од оснивачите на „Българските акционни комитети“. Тројцата обвинети воопшто не порекнуваат дека се „борят за запазване на българското население в Македония от сръбската асимилация и освобождаването му от сръбско робство“. Чкатров и Ѓузелов се осудени на смрт и тие се стрелани. Скопскиот кмет Китинчев, кој бега пред партизаните при ослободувањето на Скопје на 13 ноември 1944, а таму, во Ќустендил го апсат бугарските власти кои го предаваат на македонските органи на правдата, си ја спасува главата. Пресудата му е преиначена на 20 години во затворот во Идризово, каде умира од туберкулоза. Станува јасно зошто на кметот, кој на душа носи неколку ликвидирани партизани, му е ублажена смртната пресуда.
Со указ на Претседателството на Антифашистичкото веќе на народното ослободување на Југославија, од 2 август 1945, Кузман Јосифовски - Питу е меѓу првите борци на Народноослободителната војска кој е прогласен за народен херој.
Нека му е вечна слава!
No comments:
Post a Comment