Раде Јовчевски - Корчагин |
Безживотното тело на Раде Јовчевски - Корчагин |
По окупацијата станува еден од главните организатори на антифашистичкиот отпор. Излегува во партизани со првиот Скопски партизански одред и станува член на неговиот штаб. Заради своите ораторски способности и револуционерност го добива прекарот Корчагин. По распаѓањето на одредот заминува во илегала. Во 1942 во отсуство е осуден на смрт од бугарскиот воен суд, а полицијата распишува потерница по него, со парична награда. Истата година повторно излегува во партизани како заменик-комесар, а следната во здружениот Македонско-косовски одред. По една битка со бугарската војска, при што умира неговиот пријател Александар Урдаревски, а Македонско-косовскиот одред е разбиен, тој се враќа во Скопје, но во зори, го опколува бугарската полиција и го убива на улиците на Маџир Маало, на 20 февруари 1943 година. Неговото тело облеано во локва крв е оставено цел ден да лежи на улица како предупредување за останатите, а на неговите најблиски, кои живееле во близина, не им дозволувале да пријдат до телото. Голема е веројатноста тој да бил предаден од некој кој соработувал со окупаторот.
Прогласен е за народен херој на Југославија со указ на претседателот на ФНРЈ од 8 октомври 1953 година. Вечна му слава!
No comments:
Post a Comment