Според Изборниот законик, во првиот круг од гласањето за градоначалник е
избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои
гласале, но само ако на изборите излегле една третина од вкупниот број
избирачи. За разлика од првиот круг, истиот законик за во вториот круг гласање дозволува избор на градоначалник со просто мнозинство.
Ете ја сликата на
волјата на граѓаните! Ако за избор на градоначалник е потребна излезност (според
членот 132 од Изборниот законик) поголема од 33 проценти, а за избор на градоначалник е
потребно од овој процент да гласаат половината од гласачите и тоа важи само за
во првиот круг, тогаш е јасно дека „волјата“е израз на само 16,5% од вкупниот
број избирачи во таа општина, или уште помала во наредниот изборен круг, затоа
што тогаш е потребно само просто мнозинство без оглед на излезноста на
граѓаните. Тоа е континуираната манипулација што ВМРО-ΔΡΠΑΜΕ ја прави со
„саканоста“ и нивната „омиленост“ меѓу граѓаните! Од 450.691 граѓанин на Скопје со право на глас, на
локалните избори (во вториот круг) излегле 192.352 граѓани, од кои за Коце гласале
115.000, а за Тито 69.000, при неважечки 46.000 ливчиња!? Оваа бројка не се разликува многу ниту во првиот круг. Коце тогаш добил 102.570 (45,7%), а Тито Петковски 60.499 (29,96%) гласови од оние кои излегле да гласаат. Статистичките податоци говорат дека општината Гази Баба кога Коце беше градоначалник ја освоил со 15.857 гласови. Општината брои околу 75.000 жители, иако тој број неофицијално може да изнесува и многу повеќе, а запишани избирачи имало 60.118 (?!), па оттаму произлегува дека ја освоил со околу една четвртина од вкупниот збир гласачи.
При последните избори за општина Центар, Владимир Тодоровиќ-Тинекс добил 11.500, а
Вуиќ 10.300 гласови. Разликата меѓу нив била само 1.200 гласови. Општината центар брои околу 45.000 жители. Повторно излегува дека се работи за 1/4 од жителите. Оваа поддршка тие ја прогласија како поддршка на лудиот проект
„2014“ за покичерување и уништување на градот!? Жално, трагично, одвратно! Иако се претпоставува дека бројот на жители во Скопје е нешто поголем од 669.000, неофицијално
бројот на жители во градот изнесува преку еден милион жители.
No comments:
Post a Comment