![]() |
| Препарираниот Хачико, изложен во Националниот музеј на науката во Уено |
Деновиве прочитав една прекрасна приказна. Се работи за вистински настан, кој овој пат е актуелен и со еден понов филм.
Приказната започнува во Токио во 1924 година, кога професорот на Универзитетот во истоимениот град, Хидесибуро Уено, си зел како милениче (според некои го добил на поклон) еден пес од расата акита, старо околу два до три месеци! Професорот по агрикултура имал околу педесетина години и кученцето го нарекол Хачико (осмиот принц), бидејќи било осмото кученце, по редослед, кое се родило! Хачико, пораснал и станал многу привржан за својот господар.
