Tuesday, July 13, 2010

ТОКМАКОТ СЕ СТОКМИ



Сатирата извира и од парахроното враќање во праисторијата,што го нарекувате проект“! Замислете да го вратиме Ќиро“, бидејќи некому му буди сентиментални сеќавања, или да го урнеме центарот, во делот кај сегашниот Сити“ (Стоковна Куќа“) за да на негово место ги изградиме бараките и бројните кафеани, но овој пат во Барок“!? 

Ајде да се вратиме во феудализмот, бидејќи некому му се ќефнало да го проживее минатото, изминато во планина, но овој пат како стар граѓанин“, безуспешно обидувајќи се да си ги докаже така своите изгубени корења - преку Малограѓанштината и ненаситната Мегаломанија! Ајде да се вратиме во камено доба, и мегалитската опсерваторија Кокино, да ја преместиме на плоштадот! 

Нештото кое е подржувано од мнозинството граѓани“ не ја докажува својата оправданост преку таквиот мнозински“ избор, ниту така ги докажува своите естетски вредности, бидејќи тие се непознаница за мноштвото“! Во самиот проект не се почитувани ниту основните естетски норми со кое некое дело станува Уметност! Круцијалното во целата папазјанија со проектот „Скопје 2014Δ.Π.Ν.Ε.“ е Непочитувањето на законот од страна на оној, кој е обврзан да го почитува - Владата! Ставањето на власта и поединци над законите, водат единствено кон невидено Беззаконие! Безочното трошење на пари во услови на Економска Криза, со оправдувањето дека така правел и Кралот Сонце“ е уште еден параметар за исправноста“ на Сулудиот проект!

Интересен е списокот на заслужни личности“, наведени од авторот! Заслужни за што? Шарло Шаторов е човек со псевдоним Стария българин“! Говорот на Шатев го оддава во намерите:...наложените от Белград лидери се стремят да смажат всичко българско, без да подбират средства за това.“ и од 1945 е назначен од Бугарското Ме-Ве-Ре за член на „Македонския Научен Институт“! Псеудоинститут, чија единствена македонска идеја е таа - за приклучувањето кон Мајката! Брашнаров участва в основаването на Българските акционни комитети“ и до 1943 си бил Български учител! Ченто го поддржува делегатскиот статус на гољамите македонци“ Йордан Чкатров и Трайче Чундев, членови на истиот Български акционен комитет! Бедна и лоша е тенденцијата овие инсталации на Мајка България да се прогласат за македонски патриоти!

Занимлива е тенденцијата на веб-администраторот на „Нова Македонија“, (12.7.2010) да цензурира спротивни ставови,а слободно да ги објавува примитивните коментари со пцости и навреди! Горниот текст е оригиналниот текст кој е пратен, а необјавен поради цензура! Текстот што се наоѓа на линкот е мојата преправена верзија во обид сепак да се објави спротивното мислење од авторот кој е заслепен во својот „антикомунизам“!

4 comments:

  1. Ти си дефиниција за србо-македонец!

    ReplyDelete
  2. Според овој „храбар Македонец“,кој немал смелост ниту да се потпише со псеудоним, србо-македонци се сите оние кои ја разоткриваат генезата на бугарскиот карактер на „најпатриотите“(БМРО)!Кукавичлукот е карактерна особеност на ваквите герои!Да токму така,веќе навикнав дека секое противење на ВМРОвската бугарштина означува дефиниција за србоманство,србофилство,предавство,непатриотизам...!

    ReplyDelete
  3. Щом си айван доктор, оди си лечи хайванчета - коне, магарета и т-н. :) :)
    Нищо не разбираш от история, по-добре не се занимай с това...........

    ReplyDelete
  4. @Anonymous
    Секако,ги објавувам и навредливите коментари како твојов!Тие повеќе говорат за тој што ги пишувал,отколку за мене и воопшто не ме навредуваат!Барем да си се потпишал со псевдоним,па да направам разлика со твојот претходник!

    ReplyDelete