Во саботното издание на „Дневник“, Влатко Ѓорчев, пратеник
во Собранието, ја отвори повторно темата за проституцијата во Македонија. Она
што ме зачуди во текстот е површноста со која тој расправа за оваа сериозна
тема и застанува против нејзината легализација, што повеќе посочува дека
аргументите се резултат на политичка проституција и додворување кон
електоратот, отколку сериозен политички настап. Неколкуте тези изнесени пред читателите,
под превезот аргументација против легализацијата, всушност воопшто не се тоа.
Wednesday, March 28, 2012
Friday, March 16, 2012
РАЃАЊЕТО НА ЗЛОТО III (ЅВЕРОТ)
Сè започна со писмото до партиското членство. Се чудев, како
е можно во XXI век некој да ги прогласува сите неистомисленици за непријатели
на татковината и за предавници на македонштината со кои конечно треба да се
пресметаме во решавачкиот бој!? Навистина, ваквите сподоби постојано ни се
презентираат како врвни патриоти. Доволно е да бидете ВМРО (НП, ДПМНЕ, ТМОРО,
Гоцева…), па да станете веднаш, по автоматизам, невиден патриот-надчовек, „загрижен,
исклучиво за македонскиот народ и за неговите интереси“. Парите кои при тоа ќе
ги стекнете се попатна неодвоива и неодолива патриотска придобивка.
Labels:
BMORK,
BMRO,
VMRO-DPMNE,
БМОРК,
вмро,
вмро-дпмне
РАЃАЊЕТО НА ЗЛОТО II
"Ние, българите от Македония и Одринско, не трябва да изпущаме изпредвид, че има и други народности и държави, които са много заинтересовани от разрешението на този въпрос. Една намеса на България ще предизвика намесата и на съседните държави и може да доведе до разпокъсването на Македония. Ето защо народите, населяващи тия две области, трябва сами с общи усилия и жертви да извоюват своята свобода и независимост в границите на една автономна Македоно-Одринска държава, като разчитаме само на материалната и морална подкрепа на България и на Великите сили”. (Гоце Делчев)
РАЃАЊЕТО НА ЗЛОТО I
"Другари, не виждате ли, че сега вече не сме роби на
разпадащата се турска държава, а сме роби на европейските велики сили, пред
които Турция подписа своята пълна капитулация в Берлин. Затова трябва да се
борим за автономията на Македония и Одринско, за да ги запазим в тяхната
цялост, като един етап за бъдещето им присъединяване към общото Българско
отечество”.
(Гоце Делчев)
...
...
КАРАКТЕРОТ НА ЅВЕРОТ
Стамболиски — крвавата неизбришива дамка
Александар Стамболиски е човекот кој прв ја согледал
опасноста од сатрапот кој го создала бугарската држава. ВМРО дотогаш имало извршено бројни колежи во кои страдале бројни невини цивили. Ѕверствата и
теророт извршени од оваа крвава терористичка организација во дваесетите години
од минатиот век станале толку силни што на луѓето во Македонија и Бугарија им
било страв да се движат низ улиците. Македонија, ми велеше еден постар
граѓанин, наликуваше на место во кое царуваат анархијата и теророт.
Wednesday, January 25, 2012
ЗА ТАЈНИОТ ЧОВЕК И ЗА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ
Како и во реалниот живот, така и на Фејсбук — едни ви се
пријатели, а некои се таму само за да проверат кои сте, што сте и до каде сте,
иако слабо, или никогаш не комуницираат со вас. Тука се, само за да ѕирнат што
сте ручале, што сте имале за доручек, дали сте воделе љубов со жена ви, или
можеби повеќе преферирате да ја возбудувате швалерката… Кога ви е најтешко
ретко ќе ве сослушаат и тешко дека некогаш воопшто ќе ви помогнат, но, кога
треба да ја отворат устата за вас, тогаш се први. Секогаш се подобро упатени за
вашиот живот дури и од вас самите! Ги знаат и најситните подробности од вашиот
живот, па дури и оние за кои никогаш и воопшто не сте ни сонувале.
Friday, January 20, 2012
МИЛЕНИУМСКИ УБАВИНИ
Влегов во оној ретро-Милениумски-крст автобус. Пристигна на
автобуската станица целиот во кал ― од долу, па до вториот спрат. Црн и сив, со додатоци на црвената. Каков
прекрасен начин да се привлечат туристи! Очекував дека барем внатре ќе биде
нешто подобар,но и таму сликата потполно иста, кал и ѓубре на подот колку
сакаш. Земав билет и седнав. Ечи новокомпонирана музика. Оваа, велат, е
уметнички повредна од оној увозен турбофолк. Ма, каква Цеца! Има ли нешто
подобро од Сузе Национале, или од… Како ли се викаше само? Пред мене,еден
господин, облечен во капут и со шешир (не се ни обиде да го симне од главата),
почна да си ги истражува внатрешните богатства на својот нос. Успеа да извади
парче „руда“ од таму и веднаш почна да го обработува со прстите правејќи топче.
Subscribe to:
Posts (Atom)






