Friday, January 16, 2015

Ајван Доктор® ДО КОЊОТ ПОД ВОИНОТ

Ограда пред Хаџиристиќева палата
(*фото: „Утрински весник“)

Еве, еден мој предлог...

  Па, не иде бе, коњу (низа)еден, лимена ограда крај барокни фасади! Зарем не би било преубаво и оградите да ни бидат барокнозлатни со дорски и јонски столбови со розети, со „мермерни“ орнаменти и со куполи! Оди ли ограда без купола и без златна фарба!? Па, не биваше ли и оградите да ни бидат грандиозни и најголеми во светот, токму како тебе и како твојот воин што те јавнал?! Ш’о е ова, си ги напраил оградиве ниски до колена! Јас би ја затворил и „Илинденска“ додека не се поплочи со барокна калдрма по која Ти ќе можеш задоволно и среќно да галопираш гордо јавнат од великиот воин!

(*повод: оградите во Опшина Центар)

Monday, December 15, 2014

МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ГРБ - СОЦИЈАЛИЗАМ, АНТИКА, ИЛИ БУДАЛАШТИНА?


Грбот на Жером де Бара
(1581)
 


 Ете, ја откривме најголемата пречка на патот кон посветлата иднина. Одот кон просперитетот цело време ни го попречувал државниот грб кој, замислете само, бил социјалистички! Ја избришаа дури и петокраката, со што композициски го нагрдија постојното дело, но „социјализмот“ си остана во него.

 Идејата, била протната уште лани, но сега повторно ја заживеа некоеси „Македонско хералдичко здружение“. Во прв момент помислив дека во него има историчари и уметници, но глеј чудо главен мајстор во ложата и ле Гранде Хералд да ти бил физичар, кој студирал теологија (не онаа православната), а магистрирал во Нови Сад, па потоа магистрирал и „Историја во Скопје“ (со два магистериуми треба да знаеме дека „историја“ не се пишува со голема буква, ниту пак останатите два збора во називот на здружението).

Thursday, December 11, 2014

ВО ЧЕСТ НА СТУДЕНТИТЕ И СРЕДНОШКОЛЦИТЕ!


За оние кои не веруваат во масовноста и во бројот на демонстрантите од Студентскиот протест на 10 декември, 2014!

Wednesday, December 3, 2014

САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ



Какви неверојатни догматичари!

 За зголемување на посетата на секој „Саем за вработување“ ги повикуваат невработените со СМС за обавезно присуство, а штом стигнеш таму никој не води сметка дали си дошол, или не! Ова значи дека поголемиот дел од невработените се појавиле на саемите, ама кога ќе стигнат таму ги очекува изненадување:

Monday, December 1, 2014

ДИСПЕРЗИРАНО ПАСОШКО ОДДЕЛЕНИЕ




„Кога слепецот води слепци“
Питер Бројгел Постариот
 Петок е. Гледам, и не им верувам на своите очи. Не смеам! Велат, гледањето и прогледувањето биле антидржавни дејства. Пред мене се појавува работилница за дисперзирано издавање пасоши: купишта пасоши, кутии, ножици, хартии наредени што на тепих, што на маса… и еден тег за јакнење на мускулите. Си велам, нема никаква симболика, само неколкумина беа погубени јавно. Добро, сега… имаше и една пејачка што учеше летање низ тераса, ама тоа мора да е нечие херојско дело.

Wednesday, November 26, 2014

БАРОКЕН ГТЦ



 „Кучињата“лаат, идиЈотиве си „остваруваат“ - вака некако гласи модифицирано народната поговорка. Народот може и да се противи, но она што го намислил нашиот „генијален“ пастир мора да се спроведе во дело!

Налудничавото нагрдување на Скопје продолжува! Турбофолк барокот ќе се залепи и на ГТЦ, веројатно и на кулите крај ГТЦ, на Градска болница...

ЕКСТЕРЕН ДРЖАВЕН ИСПИТ

Описменувањето
по Втората светска војна


За жал, за разлика од плакнењето мозоци... фреските, де... бунтот на студентите остана незабележан во пропагандната владина машинерија. Обидот протестот да се затрупа и да се стави под тепих не беше успешен, па најпосле студентската реч оддекна онака како што им доликува на интелектуалци.