Friday, July 5, 2013

КОМУЊАРА



Според вМОРОНИВЕ секој оној кој не мисли со шупливата глава на владетелот, по правило е комунист. Да, ете, признавам, за разлика од нив кои се тешки комуњари јас сум очигледно тежок комунист! Иако никогаш не бев член на таа партија, а не бев лумпенпролетер, не сум по потекло „од сиромашно земјоделско работничко семејство“ и не гледам иднина (ниту убавина) во прескап безвреден псеудобарок и во позлатени рамки додека болните умираат заради недостаток на лекарства и болнички апарати!

Friday, May 31, 2013

АНТИЧКАТА БАРОКНА ПСЕУДОЛОГИЈА




Бројни се апологетите на парафронетичната владетелска креатура „Скопје 2014“. Постојано се обидуваат да го оправдаат ваквиот потег, трошењето енормни средства од државната каса, со некакво „воздигање на нацијата“, со навраќање во некаква фаза  која наводно сме ја пропуштиле и прескокнале низ историјата. Затоа, велат, ни го пласираат квазибарокниов кичерај, затоа ни бил извитоперениов наци-соцреализам – за да го врателе сјајот на нацијата изгубен низ вековите покорност, кој особено залутал во периодот „под србокомунистичкото ропство“, во периодот кога според нив се случило „најголемото однародување“ осмислено како „затупување на нацијата“ со цел „заборавање на неговите антички корени“.

Friday, March 1, 2013

ИЗБОРНА МАНИПУЛАЦИЈА



Според Изборниот законик, во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, но само ако на изборите излегле една третина од вкупниот број избирачи.  За разлика од првиот круг, истиот законик за во вториот круг гласање дозволува избор на градоначалник со просто мнозинство.

Monday, February 25, 2013

69 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ - ПИТУ



Кузман Јосифовски - Питу Роден е 1915 во Прилеп во занаетчиско семејство. Уште како гимназијалец станал младински раководител, истакнат активист во книжевно друштво и предводник во судирите со Љотичевците. Во 1938 е примен за член на Комунистичката партија на Југославија. Станува член на здружението „Вардар“. Во 1939 на тајно гласање е избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ. Полицијата на Кралството Југославија безуспешно се обидува да го уапси.

Wednesday, February 20, 2013

70 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ КОРЧАГИН

Раде Јовчевски - Корчагин
Безживотното тело
на Раде Јовчевски - Корчагин












Раде Јовчевски - Корчагин,
роден е 1919 година во Скопје во Ново Маало.

По завршувањето основно училиште, завршува два класа гимназија и го изучува кожарскиот занает во Трговското училиште. Заминува во Белград како веќе политички определен. Вклучен е во синдикалното движење на градот.

Thursday, December 6, 2012

ГРАБЕЖ





„Ко украде један хлебац,
Тога тежа казна стиже,
Него оног - правдо худа,
Милионе који диже!“
 („Лопов“ – Коста Абрашевиќ)


Актуелно е барањето за воведување санкции за кражбата на електрична енергија и вода, како и градењето на туѓо земјиште како кривични дела кои ќе се казнуваат со казна до 20 000 евра и до три години затвор. Не знам зошто ваквите кражби досега беа премолчувани и зошто не се внесени како опција во кривичните закони. Зарем секоја кражба не е кражба?! Зарем има и дозволени кражби?! Ќе треба ли да воведуваме посебни членови во законите и за грабежот што го вршат моќниците од позиција на власт, или тие вршат „корисни малверзации“ со кои воопшто не нè пљачкосуваат?

Tuesday, November 13, 2012

РАЃАЊЕ НА РЕНЕСАНСАТА




фреската „Оплакување Христово“
од црквата „Св. Пантелејмон“, Нерези
 Деновиве бев шокиран од новото тврдење во владиниот рекламен спот „Истражи ја Македонија“ дека, покрај барокот, кај нас започнала и ренесансата. Тоа да ни била владина „кампања за промоција на Македонија како атрактивна туристичка дестинација“, па затоа било дозволено да кажеме сè и сешто во неа.(?!) Всушност, не можам да се одвојам од впечатокот дека пропагандната преродбеничка машинерија постојано се обидува да нè убеди дека Македонија е центар на светот. Според нив, таа е матката на светот.