Tuesday, December 6, 2016

(ПРЕД)ИЗБОРЕН СТАВ



Има огромна разлика меѓу крлежите и „нашево“ ВМРО (ΔΡΠΑΜΕ)! Крлежот кога ќе се нацица доволно крв ќе набабри и самиот си отпаѓа, прекинува да ти ја цица крвта. Овие нашиве „миленичиња“ немаат ситка бре! Бабрат, ќе пукнат, ама никако не отпаѓаат. Само со хируршки зафат можеме да ги откачиме од нашиве тела, инаку ќе ни ја исцицаат целата крв. Како тргнале, да можат, би ни ги украле и душите. Фино предвиде еден прост парламентарец (вмровец) на времето: „лавчињата ќе станат вампирчиња...“... Погодил чоекот! Сега е ред да ги претвориме во врапчиња (според пророштвото:) за да можат следниот пат да извикуваат: „в-мро-д-пм-НЕееЕе...“!

Friday, December 2, 2016

КОГА МАФИЈАТА ЌЕ СТАНЕ ДРЖАВА



„Нашата цел е да се инфилтрираме во владата на САД“ – Салваторе Луканија (Лаки Лучијано)

 Кога група луѓе ќе се здружи со намера да се бави со илегални криминални активности, најчесто заради остварување одреден профит, тоа се нарекува организиран криминал. Вака организираната криминална група често е и политички мотивирана како во случајов.

Thursday, August 11, 2016

ПЕКОЛНИОТ АНГЕЛ И НЕГОВИТЕ СПОМЕНИЦИ



*превземено од
веб порталот „Либертас“
 Се зборува дека деновиве се интензивирала градбата на споменикот „Мајка Тереза“, кој за разлика од претходните два на само околу стотина метри одалеченост (едниот пред „Домот Мајка Тереза, другиот под арката од „домот“) овој пат ќе има и фонтана, а велат ќе бил со висина од 16 метри. За пропагандистички потреби во штабот на „Дие Партај“ извадија нов израз во употреба кој го повторуваат како папагали и тоа не само во провладините медиуми, туку и во проопозициските — „скулптурална композиција“.

Monday, July 25, 2016

МЕМЕНТО


  На 1 јули 2012 година беше срамнета со земја околината на Старата железничка станица. Скопје одново доживеа катаклизма! Овој пат за тоа не беше виновна природата, туку човековата глупост. Уништени беа преостанатите перони, дел од пругата, дел од накнадно реконструираното крило...

 Во пресрет на утрешниот ден, еден од најзначајните датуми во историјата на Скопје, објавувам една моја постара фотографија која ја постирав уште во јули 2012-та година, како реакција на катаклизмата која одново ја доживува мојот град – многу пострашна од таа во 1963, овој пат по налог на нашето фирерче, а извршител е Коце кому повеќе му прилега функцијата градски дрвосеча отколку градоначалник. Ужасот ни се случува(ше) пред нашите очи, а ние си молчевме и сè уште молчиме!

  Во чест на мојот град кој за четири-пет години „преродбенициве“ успешно го трансформираа во паланка од крајот на светот, а неговото срце – Центарот на градот – во тешко средсело и селски панаѓур... Во помен на жртвите од земјотресот, наместо едноминутно молчење:

*Кликнете на сликата за да ја зголемите!

Вечна ти слава, граду мој!

Wednesday, July 20, 2016

ТЕЛАЛ ВИЧЕ...



 На 15 јули македонската јавност, тие што гледаа Си-Ен-Ен, или Јуроњуз, имаше можност да гледа во живо како изгледа еден обид за пуч: војска, полиција, тенкови, авиони, хеликоптери, истрели од оружје, неколку експлозии…

 Ништо од ова не наликуваше на „македонскиот пуч“ од јануари минатата година, кога масовни полициски сили беа (зло)употребени за апсењето на пензионираниот разузнувач Верушевски и на политичкиот опонент Заев. За да чудото биде поголемо двајцата беа обвинети под сомневање дека планирале и извеле пуч и дека во УБК организирале прислушкување, со

Monday, July 18, 2016

СОМНИТЕЛНА ИГРА



 Два настани се актуелни деновиве во Германија. Едниот е откривањето на фактот дека германската обавештајна агенција ги шпионирала ЕУ и НАТО, а вториот е судењето на Јосип Перковиќ и Здравко Мустач, поранешни припадници на југословенската тајна служба обвинети за убиство на наводни хрватски дисиденти во осумдесетите години од минатиот век, кои се всушност членови на усташка екстремистичка организација во Германија.

Monday, July 4, 2016

СÈ ПО СТАРО




Антички барокен циркус
 Реформи во светот се прават за да се подобрат состојбите во некоја област. Кај нас се прават повеќе од 24 години, но тие, наместо да ја подобрат, со години ја влошуваат состојбата. Не е ни чудо кога се прават наопаку и целта не им е подобрување или средување на работите, туку поединци да се прикажат како реформатори. Зад себе оставаат хаос.

Thursday, June 16, 2016

БЕЗВРЕДНИ ВРЕДНОСТИ



 Велат, тие правеле нешто. Велат, овие барем нешто изградија. За жал, од ваквите констатации произлегува дека не е битно што се гради, битно е нешто да се гради, па макар тоа било и полски ќенеф. Небитно е што за него се платени милиони евра! Тврдат, најпосле се гледало каде оделе парите кои ги даваат даночните обврзници. Таквата логика оправдува да платите иста цена за ѓердан од дваесет и четири каратно злато и за ѓердан обоен со златна боја, само за да поседувате нешто златно. Дали навистина би направиле такво нешто?

Friday, June 3, 2016

РЕТРО АНТИКВИЗАЦИЈА

НИП „Нова Македонија“
во 1980 г. (горе)
и во 2014 г. (долу)
(*сликата е позајмена
од еден мој ФБ пријател)


 Случајно налетав на еден мој коментар за антиквизацијата на Република Македонија во онлајн изданието на „Нова Македонија“ на текст од М. Велиновска (апсолутен непознавач на ликовната уметност, иако зела диплома како историчар на уметноста) насловен како „Кај ќе беше цивилизацијата без антиквизацијата“, па за да бидам во тренд (а ретрото е „ин“ во Македонија) мора да ви го претставам, како и мојот одговор на коментарот на некојси Анѓелкоски. Текстот е од 15. јули 2010 година, време, кога полистирен-лудилото уште беше на зачетокот. Во меѓувреме лудилото нарасна во своите апетити, се прошири и се надгради како нивната програма за зацрнување на граѓаните на Македонија.

Tuesday, May 31, 2016

СИЛЕЏИСКА, ИЛИ СИЛНА МАКЕДОНИЈА?



 Украинско сценарио!? Него деновиве постојано ни го подметнуваат владините апологети во обид да залепат непримерна етикета кон граѓаните кои се бунтуваат против абузивната власт. Која е разликата меѓу украинското сценарио и состојбата во Македонија?

 Во Македонија денес царува национализмот. Постојано се затскрива зад привидниот патриотизам, лажен и фиктивен колку и самите патриоти! Тој е вкоренет во сите нации кои живеат во државава, а особено е силен кај најбројните – македонската и албанската популација. Ваквиот национализам е манифестација на слабоста на една нација, а не е израз на нејзината сила.

Wednesday, May 25, 2016

СТРАНСКИ СЛУЖБИ


Во светот на шпионажата негирањето, залажувањата и полувистините се нормална комуникација, а искреноста е најчесто амбалажа за да на противникот му се поттури многу поголема лага! („Дијалог“ - Оријана Фалачи).

Friday, January 22, 2016

БИТНО ПОСТОИМЕ

„Битно нешто се гради“ е став кој е чест во пропагандното клише на ВМРО како оправдување на владиното енормно и абнормално расфрлање со парите од државната каса. Овој став стана приказна зад која стојат сите наши причини, услови и последици. Со него, и низ него, може да се оправда секоја друга наша постапка. Битно нешто се гради, велат.