Friday, January 28, 2011

И ЈАС СУМ А1!



Вчера, во неколку наврати безуспешно се обидував да го оставам мојот коментар за поддршка на вработените во А1! Токму онаму, на нивниот сајт, каде стои насловот „Власта ја затвора А1“! По неколкуте безуспешни обиди, се откажав! Проблем во подесувањето на мојот прегледник, или...?!

Затоа, го поставам својот коментар, наменет за А1, на мојот блог:

Monday, January 10, 2011

ОСМИОТ ПРИНЦ (ХАЧИКО)



Препарираниот Хачико, изложен во
Националниот музеј на науката во Уено
Деновиве прочитав една прекрасна приказна. Се работи за вистински настан, кој овој пат е актуелен и со еден понов филм.

Приказната започнува во Токио во 1924 година, кога професорот на Универзитетот во истоимениот град, Хидесибуро Уено, си зел како милениче (според некои го добил на поклон) еден пес од расата акита, старо околу два до три месеци! Професорот по агрикултура имал околу педесетина години и кученцето го нарекол Хачико (осмиот принц), бидејќи било осмото кученце, по редослед, кое се родило! Хачико, пораснал и станал многу привржан за својот господар.

Tuesday, January 4, 2011

КАТАЛЕПСИЈА



Можно ли е системот, кој го нарекувавме демократски, да ни се преобразил во најцрна диктатура? Дали Македонија, наместо од социјализам („комунизам“) во капитализам, преминала во некаква, досега невидена, форма на фашизам? Сè ми се чини, ја срушивме сопствената држава (Југославија) во име на рушење на постоечкиот „нехуман“ систем и бришење на границите, а останавме затворени во тор, со нови граници, впишани дури и онаму каде што никогаш ги немало! Системот ни се претвори во беден национал-социјализам продуциран од истите сурати, довчерашни „комунисти“!