Sunday, December 15, 2013

ПАСИШТЕ



По осамостојувањето и по дводецениското тапкање во место, се поставува прашањето, дали ни е подобро од тогаш? Дали сме послободни од некогаш, во „ропскиот“ и „црн комунизам“? Што со Македонија? Таа токму во таа Југославија („зандана на народите“, како обожаваат да ја нарекуваат „патриотите“), стана држава со сите свои атрибути, а македонскиот народ признаен со сите свои карактеристики и особености, со свој јазик, свои училишта, своја власт, свои закони, свои судии, своја полиција, свои адвокати, дури и своја црква, за која некои (ново)„верници“ тврдат дека им било забрането да ја посетуваат.

ВЕЧНА КУЌА НА ТЕМНИНАТА



Претствата уште на почетокот бледо го наговестува она што подоцна преоѓа во гротескно лигавење кон владетелот. Во целина, таа е зенит на една општеприсутна нацистичка еуфорија, јасен печат на духовната бедотија во која заглавивме со оваа полуписмена багра на власт! По својата суштина не е ништо друго освен една ординарна бледа шовинистичка фарса. Уште од првиот момент јасен е впечатокот дека вешто го прикрива тоа чувство. Авторот на пиесата со неа зема активно учество во агитпропот на нашиот „современ“ барокен националсоцреализмус. Уште на почетокот ве обзема чувството дека присуствувате на едно само навидум уметничко дело, кое подоцна, како што се развива дејствието, ги поприма сите атрибути и сосема јасно се одредува како (умо)болен антикомунистички изблик во име на „големиот“ македонски патриотизам.