Monday, December 27, 2010

НЕБУЛОЗИТЕ НА СОНЛИВАТА ГРДУБАВИЦА



Историјата од ’45 е пишувана во посебен стил. Избришани се цели делови, за да се „исправат“! Но, токму поради преводот на делата на македонски, сомнителни се писанијата на наведените научници!  Сè уште сме склони секое „од Македонија“ да го замениме со Македонец! Великиот Александар „освојувач на Светот“ и неговите претци носеле грчки, а не македонски имиња, пишувале на грчки и ја ширеле токму елинската култура! Варвари, не им е срам! Каков блесав освојувач - наместо своја, ширел туѓа идеја, или можеби, токму ние, во тоа време, сме биле на повисок степен на културен развој отколку сега! Чуден владетел, зарем не?

Friday, December 24, 2010

СРЕДБА



„Јас, знаеш, точно е... ме избркаа од гимназијата, но не поради незнаење, туку, поради многу зборење! Веднаш потоа, во новото (занаетчиско) училиште влегов и во Сојузот на комунисти...“ - говореше неговиот познаник од детството, со кого заедно учеа во основно училиште! Се сретнаа, сосема случајно, по цели триесетина и нешто години од тогаш! Уфирцан во одело, а тој и понатаму лежерно облечен, говореа за минатото, за нивните животи! Тој, вработен во јавно претпријатие, партиски определен, но „мува нешто“ и приватно (имал фирма), сега станал дури и шеф... факултетот никогаш не го завршил, но не му ни требал, тој бил попаметен од сите тие...

Monday, December 13, 2010

УТРЕ Е ПРЕДОЦНА!



Народот, има легитимно право да бара смена на легално избрана власт која го прелажала и се заборавила во своето владеење! Надмени, самобендисани, апсолутни шампиони во аматеризам, со приземно и површно знаење од секоја област (претставено како научен зенит), без идентитет, без скрупули, со огромен малограѓански невкус... Тие се мали умислени богови кои себеси се поставуваат над законите, корумпирани борци против корупцијата, грабливци-лешинари кои се борат против криминалот... Тоа се само дел од карактеристиките кои ги поседува оваа власт!

Thursday, December 9, 2010

ГОРД СРАМ



Еве ви споменици, водоскоци! Еве ви и панорамски тркала! Дури и жичарница ќе ви градиме! Па каков народ сте вие? Не сакате ниту славно минато! Од ништо не сте задоволни! Од ништо сити! Предавници!  Не ви требаат плати - ви треба освестување, осознавање! Сознание за вашата гордост и големина! Па, вие не сте ниту доволно Македонци! Само нешто мрчите! Не сте ни големи ни моќни колку нас! Ние сме антика! Ееееј, потомци на Александар! Дијадоси! Не ви требаат лекови, ви дадовме споменици...

Tuesday, November 30, 2010

ГРУШИТЕЛИ!

Готово е! Започнува преродбата! Преродба која треба да го заборави минатото и да нè упати кон моќната иднина! Дали е навистина така? Изгледа дека преродбата успева само во едното: да го преправи минатото, во облик благопријатен за Шерифот! Да го избрише постоењето на сè што било пред тоа, пред 2006! Тогаш, во периодот пред нивното доаѓање на власт, немало ништо! Сè било лошо, грдо, нездраво, без мозок, затворено, без вера, без култура...без „нашиот“ барок!

Monday, November 29, 2010

А1 - ВИРТУЕЛНИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА



Да! Повикот на бунт во Македонија е забранет! Но, нешто не е во ред со народот кој молчи при силување! Нешто не е во ред со народ кому цели 20 години, разни политичари, му ветуваат влез во светла иднина, а таа никако да му осамне!

Saturday, November 27, 2010

МАЈКИ - МИЛЧО МАНЧЕВСКИ




Трогнат сум до коска! До бол! Погоден право во срцето, во душата! Филмот, од самиот негов почеток, па сè до крајот, ме остави без здив! Остава силен впечаток со својата преубава порака, уште од самиот негов почеток, со кадри и приказна својствена за врвен уметнички ум. Гледањето на неговиот филм е прекрасно доживување, едно цело ново искуство! Секој кадар е влезен на своето место, осмислен е до бескрај. Водена е сметка за композицијата во целосен спој со динамиката на кадрите! Прекрасен филм со исклучителна фотографија. Посебен фил на целиот филм дава длабочината на сказната и нејзината порака. Филмот говори од секоја негова пора! Секоја негова секунда е преполна со длабоки чувства!

АМЕНЦИЈА И НЕЈЗИНИТЕ БЕБИЊА



Аменција е стара и грда баба, но секогаш се движи како боксер и токму како во бајката за Снежана, го преобразува ликот во мирно и кротко јагне. Всушност, таа постојано е накриво насадена и секојдневно, заслепена од својата удобна фотелја, умислува дека нејзината големина е барем десет пати поголема од природната! Секојдневно се огледува во огромното огледало, поставено среде собата, гледајќи го својот лик на кој стои круна неколку пати посветла од сонцето. Фотелјата, со својот одраз во огледалото, секогаш наликува на најсјајниот и најголемиот трон што некогаш сте можеле да си го замислите.

Monday, November 15, 2010

ЗДРАВИ БОМБИ




Уште пред десетина години олујата, што беснееше во регионот, го загади секое делче од „недопрената“ природа. Интервенцијата на „ослободителот“ ги „осиромаши“ пределите на бивша Југославија со ураниум до тој степен, што балканските клиники за радиологија и онкологија уште долго ќе ни се преполнуваат со пациенти! „Не е штетен“ - тврдеа владетелите, весело! Тоа во превод би требало да значи дека е здрав за околината и за човекот!?

Thursday, October 28, 2010

ПРОСЕЧЕН РАМБОИД




Рамбо,или Мирка?РамбоМирк!
Уште еден мој текст е цензуриран од „Нова Македонија“. Овој пат, оправдувањето не е дека мојот коментар е задоцнет, ниту се работи за ненамерна грешка на администраторот.

Monday, October 18, 2010

ВНИМАВАЈ, ОПАСЕН ПЕС!



Внимавај! Опасно куче!
*Текстов е посветен на моето куче - уличарче кое деновиве беше заклано со нож на најсвиреп начин на улиците на градов! Зошто Мое? Па мои се сите оние бездомни кучиња и мачки кои секојдневно лутаат низ градот и едвај преживуваат барајќи ја својата храна по контејнери. Мои беа и срните од Зоолошката градина на кои пред неколку години, на најсвиреп начин, им беа исечени главите и фрлени на лавот.

Thursday, October 14, 2010

ЗА БАГАБОНТИТЕ!



Портокали со променлива боја
Деновиве излезе прекрасен текст на Кирчо во „Нова Македонија“. Веб администраторот повторно не ги ажурира коментарите на време, па моите коментари не се појавија, иако беа испратени уште вечерта. Сметам дека заслужуваат да се појават на блогов, бидејќи силно  (како и текстот) говорат за приказната која кај нас се нарекува политичко лудило! Глумат политичарите, глуми и народот. Глумат сите! А и што друго би правеле во отсуство на здрава и нормална политичка алтернатива, необременета со минатото и со врските со „службата за ментална чистота“?!

ПОРТОКОЛАДНИ МАРКСИСТИ




Не така одамна (од настанот има изминато само четиринаесетина години) имав прилика да ги читам биографиите на кандидатите за парламентарните избори. Беше тоа зародиш на демократскиот процес! Таква ми беше работата. Да не бидам погрешно разбран, тоа немаше никаква врска со Државната Безбедност и нејзините „служби за чување на чистотата на мислата“. Забележително беше што тоа беа биографии испишани од самите кандидати, повеќе како CV, или лична биографија.

Tuesday, October 12, 2010

МАРКСИЗАМ




Се сеќавам на времињата кога не смееше да се критикува системот... Час по Марксизам, а јас: „Сето тоа е добро, но нашето општество е изопачено“! „Молчи, јас ќе ти ја ставам единицата, па ќе видиш колку е изопачено“ - рече професорката, пријателски! „Еве“, продолжив, „еднаквоста е невозможна, ние сме сепак единки и посебни индивидуи!“...„Молчи!“ - се јави повторно професорката. „И како може да ни е „једнак труд и рад“, кога јас, знам повеќе од Перо, а... и кога работиме, јас пет задачи, а тој уште е на првата...“

Thursday, October 7, 2010

ЛАВОВИ ИЛИ ВРАПЧИЊА?




Македонски лавови или Симба
Очигледно е дека некои луѓе не можат да се одлепат од идејата да нè засмејуваат! Сатирикот замрел, сплотувајќи се со власта во едно. Некаде меѓу лавот и кошулата го снемало и духот. Се изгубил во замаглениот меѓупростор! Но неговиот сон повторно го создаваат некои нови Сатирикон скулптури,кои изгледа,му се потсмеваат на неговиот „стручен“ невкус! А зошто и не? Паричките се земени! 

Wednesday, September 29, 2010

ТЕМНА НОЌ




Македонија полека, но сигурно навлегува во најцрната фаза на неофашизам. Со најновото решение за спојување на Службите за државна безбедност, се остварува сонот на многумина верни „чувари на колективната свест“! Во име на народот ќе биде дозволено да ве изеде црна темница! Веќе почнаа да се бараат непријатели. Пресуди пристигнуваат без да знаете дека сте судени! Без право да се браните. Едноставно,осудени сте!  Се водат судски парници за клевета, без да знаете кого сте го наклеветиле, кој ве тужи, кој ве брани… почнуваме да наликуваме на сцените од Кафкиниот роман!

Thursday, September 23, 2010

МКРТВ - КАКВА БЕДА Е ТОА?





Во написот во „Нова Македонија“ авторот фрла поглед на проблематиката за и околу Јавното Претпријатие Македонска Радиотелевизија, и околу проблемот со наплатата на Радиодифузната такса. Констатациите, изнесени во текстот, за хаотичната состојба во МКРТВ се сосема на место!

СЛАТКАРИСТИКА!

Во „Утрински“, вчера, налетав и на ваква порака упатена до мене:

Од: maja
Датум: 22.09.2010 15:15:21

ti Ajvane ne vregaj umetnici! Slatkar e legenda vo cela Makedonija pozasluzen od mnogu politicari i profesori i magistri treba samo dobro da otvoris usi da slusas deckoto sto ima da kaze ...

Wednesday, September 22, 2010

НОВО! АНКЕТА!




Хммм... Деновиве, откако напишав еден коментар во „Нова Македонија“, за „метастазата“, ми се втури еден од коментаторите со зборовите: „Загрижува една друга работа кај овој опозициски коментатор (инаку го среќавам во Утрински) што ноторни вистини ги подведува во пресметка на власта со одредени структури. Ова го прави со опозициски акцент.“!? Значи, ем му смета мојата појава во „Утрински“, ем што сум се дрзнал да пишувам во „опозициската“ Нова Македонија. Ова ми роди идеја за анкета!

ПАК ОВАА ЛУДАЧАВА

Со благослов на мојата пријателка Луда Мара, еве го нејзиниот феноменален текст од „Утрински“:

Tuesday, September 21, 2010

ПОЛИТИЧКА УМЕТНОСТ

Скопје, по 2014


Интересен заклучок ми се наметнува од дискусијава. Очигледно е дека се работи за политичка, наместо - Расправа за и околу Уметноста!

Wednesday, September 15, 2010

ЏЕКИЛ И(ЛИ) ХАЈД?!




Одредени новинари, очигледно е, водат кампања против кучињата-скитници!

Текстот кој деновиве се појави во „Утрински“ гласеше: “Внимавајте, агресивни кучиња напаѓаат на улица „Македонија“. Насловот слободно би можел да гласи: „Агресивни типови можат да ве нападнат на било која улица“!

Friday, September 10, 2010

ФИЛМОТ ЗА МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО



Постои еден „документарен“ филм кој се врти две години низ земјава. Филмот би требало да ја докаже големината на Ченто,„нашиот прв претседател“, како што милуваат да го наречат ВМРО-вците. Всушност, филмот е наречен „Вистината за Методија Андонов - Ченто“ и е претставен како „документарец кој ретко може да се види“. Имате прилика да го видите и на Јутјуб, а таму -. коментари, кој од кој поубави („најголем македонец на XX век“ и сл.). Но дали навистина е така? Дали во филмот е изнесена вистината за настаните?

Monday, September 6, 2010

„РЕВОЛУЦИОНЕРОТ“ МИРКА



Небулозите на Мирка продолжуваат! Од текстов произлегуваат неколку значајни заблуди! Главен и одговорен креатор на јавното мислење и на политичката сцена во РМ, да ни бил: Соросоидниот Институт!? Личност со најголемо влијание на политичката фолклорна надградба (и предавничко-непријателска идеја), да ни бил, никој друг, туку Милчин himself! Впрочем, со нас владее Институтот Отворено“ општество!

Tuesday, August 31, 2010

„ВЕСЕЛА“ ИСТОРИЈА



Ајде повторно за историјата! Зошто таа, кај нас, е толку лажна? Вистинска, или лажна? Всушност се работи за Недоречена историја, која најчесто им одговара на бугарофилистичарските интереси! Всушност, во нашата“ историја, постојано се изнесуваат делумни вистини со една единствена цел - да се сокрие вистината. Оттаму навиката, луѓе кои постојано делувале спротивно на интересите на македонското постоење и егзистирање, да ги прогласуваме за борци за македонската кауза“! Немам намера да навлегувам многу назад во историјата. Доволно е да се прегледа реално и непристрасно периодот од времето на Втората Светска Војна.

Monday, August 23, 2010

ВО ЗЕМЈАТА ВО РАСПАЃАЊЕ

Ех, интересно чувство е кога од земја која се распаѓа ќе влезете во земја со невиден просперитет! Возилото наеднаш почнува да ви се тресе, како кога налетувате на калдрма, или се возите преку голем премин со шини, но тресењето е по целиот пат кој обилува со нерамнини кои најчесто ги нарекуваме-дупки!Очекувате возилото во секој момент да ви се расклопи на своите составни делови!

Friday, July 23, 2010

НАСМЕВКА МОЛАМ!


Одлично! Успеа да ми измамиш утринска Насмевка! Особено со Неповторливиот „...Добро Јутро!“! А, што има повредно од Насмевката? Единствено... можеби Сонцето, на кое му се поклонувале нашите Пагани претци, добро познавајќи ја неговата менлива ќуд! Но, сега и тоа се изменило, па Пече со сета жестина, како да сака да ни врати што сме заборавиле да му отпоздравиме!

Tuesday, July 13, 2010

ТОКМАКОТ СЕ СТОКМИ



Сатирата извира и од парахроното враќање во праисторијата,што го нарекувате проект“! Замислете да го вратиме Ќиро“, бидејќи некому му буди сентиментални сеќавања, или да го урнеме центарот, во делот кај сегашниот Сити“ (Стоковна Куќа“) за да на негово место ги изградиме бараките и бројните кафеани, но овој пат во Барок“!? 

НЕВОЛШЕБНИКОТ ОД ЗОО


И Магарињата имаат право на Смеа!Зар не?!

Животот во Бедната Копија на Зоо можеби е и потрагичен, колку и бедното копирање на граѓанството! Дали ќе удрите со левицата, или со десницата(?) - та, сеедно е, средината е иста, ударот е постојано Слаб, Немоќен! Магијата воопшто не постои, таа е само привид! Мираж! Неа ја замислуваме во нашите глави како производ на пустите желби!

Thursday, July 8, 2010

ИН E АУТ



Еден текст во денешните дневни весници говореше за лошата детска игра, во која преовладува насилството, за штетното влијание на интернетот, барајќи го проблемот дури и во храната полна со хормони. За жал проблемот е многу подлабок и посложен од кажаното!

Wednesday, July 7, 2010

КАРТА, ЗА БЕДНА КОПИЈА



„Нашиот“ Циркус е само Бледа копија на „Медрано“! Толку ни чини и ако ја платиме картата стотина денари, или неколку стотини евра! Услов е само да не се работи за оние Барокните!

Monday, July 5, 2010

ЗЕЛЕНАТА ТИКВА НА РАМБО

Му има ли крај на лигавењето кон власта од овој новинар? Очигледно е настроена како математичарот Бајрам!  Целосно и секогаш и’ е посветена на власта! „Нова Македонија“, 2.7.2010.


Интересно ќе биде сознанието на тие копачи од иднината (по илјада години) откако ќе ги ископаат „нашите“ антички артефакти!Ќе биде интересно да им се види Фацата!

Friday, July 2, 2010

БЕЗЗАКОНИЕ!

Можеби и има некои сличности меѓу Нерон и „нашиот“ Пастир* (*превод за неупатените: Пастир-водач на овци, овчар:)! Нерон, прво го запалил Рим, па ги ограбил Патрициите за да го направи прекрасниот Рим, кој го замислил да наликува на Атина! Пастирот, успеа да го урне Скопје, без да го запали, прогласувајќи го тоа за градење, земајќи од најбедните: невработените, болниците, стечајците, млекарите, „плебсот“... со намера да ги Збогати „патрициите“, а Скопје, почнува да наликува на Атина, според Неокласицизмот, кој тие го сонуваат како Антички Великомакедонски „Грандиозен Барок“ (читај: анахрона глупост)!

Monday, June 28, 2010

PER LUBRICUS AD ASTRA

Прекрасен текст на Јосиф Ќурчиев во „Утрински“,25.6.2010! Постојано свеж настап, за состојбите,современието, текстов е насловен како „Шверцери на сопствените животи“! За него имав краток коментар, опишувајќи го цитираното од познатиот хрватски филозоф припадник на движењето Praxis!

ЕВЕРГРИН

Децата пораснале, а Пипи, долгите чорапи ги заменила со подвезици! Така барем вели човекот кој се потпишува како уметник во „Нова Македонија“, наведувајќи ја сласта задскриена под подвезиците и чипканите чорапи, заборавајќи дека огавните, ќе останат такви и поред чипкастите гаќички и трите тони шминка, кои безуспешно го кријат примитивниот порив на најстариот занает!

ДАЛИ ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА?


Дали историјата се повторува, прашува еден граѓанин во „Нова Македонија“,12.6.2010, кој се потпишал себе си како Мусо (видување на еден обичен граѓанин)! (сигурен сум, се работи за апологетот на власта Musso) Мојот одговор на овој Текст поради веројатен проблем со веб администраторот не е објавен, но бидејќи мојот одговор (како еден сосема Необичен граѓанин) заслужува внимание и го поставувам пред вас!

Tuesday, June 22, 2010

НАЕЗДА ОД ТУРИСТИ

Ве поздравува Лудата Мара - „Утрински“21.6.2010.

Шетам низ градов и постојано се чудам!Како да сум залутала!Се мислам,дали сум сеуште во Скопје,или во некоја Странска земја!Навалиле туристиве,не можеш да поминеш од нив!Исток,Запад,Север и Југ..Од секаде!Не можеш главата да ја дигнеш,а да не те погледнат некои искосени очи!Дошле и тие кутрите да се Лечат пред Лековитите Надгробни Споменици!

Wednesday, June 16, 2010

ОТКРИТИЕ НА МЛАКАТА ВОДА

„Нова Македонија“во последно време не ги објавува моите коментари. Дали е случајно, или намерно, ќе осознаам подоцна! Верувам дека се работи за проблем со веб-администраторот, а не некаква зла намера! Сеедно, еве го мојот необјавен коментар на текстот од Рамбо лук-лајк Мирка, во „Нова Македонија“14.6.2010!

...А СÈ МИСЛЕВ ДЕКА СЕ 2000...

Карикатурата можете да ја видите тука!

Најновото откритие,на нашиот најмлад Нобеловец Емилија Гелева,говори дека се работи за 200 000(години се разбира,никако за евра:)!

МОБИ-ЛИЗАЦИЈА, МИТИНГ...

Пренесено до вас со благослов од Лудата Мара, „Утрински“16.6.2010!


Отсекогаш знаев дека Бабата што доцни е некоја стара Гатара,која визионерски ни ја гледа Иднината!Секој ден ја очекуваат и на телевизија,заедно со Шерифот од бајките!Замислете се јавувате на 0800 ХХХ5-550 и наместо хардкор (*народен панк,не она другоно) налетувате на визионерска Баба, „наша“најубава збрчкана убавица,која,по доцнење на емисијата од половина час,ви се смешка од ТВ-екраните и ви вели:

Thursday, June 10, 2010

„СОВРЕМЕНА“ АДМИНИСТРАЦИЈА

Замислете! Пред неколку денови отидов да го побарам мојот стар, но сеуште важечки пасош!

Да, бев да поднесам барање за нов „биометриски“патен документ! Не знам зошто, но на МВР им требаат старите, сеуште важечки пасоши од граѓаните, уште при самото предавање на барањето и фотографирањето! Их, да ме видите колку сум прекрасен! Излегов поубав него што сум во природа! :) Не верувате?! Погледнете во сликата кај профилот! Таму ми ја дадоа! Моја слика и прилика! Знаете ли зошто излегов толку убав? Бидејќи мораа да ме сликаат цели 60 минути!

Wednesday, June 9, 2010

ХОЏА, СТАЛИН, ИЛИ ЧЕНТО... KОЈ?

Ете, се случи и тоа! Пристигна уште еден „споменик“од минатото! Токму од оние, кои себе си се претставуваат како антикомунистичка авангарда, добивме нов Надгробен споменик, наменет за народот, од времето на Соцреализмот. Какво ли лудило нè има зафатено, штом, си дозволуваме екскурзии по минатото? Дали е во прашање празноглавата теза дека, бидејќи сме го одминале (прескокнале) барокот, треба да се вратиме во Соцреализмот? Тој, рака на срце, не им беше наметнуван на Уметниците, ниту во ’50-те, ниту во ’60-те од „просрпската и комуњарска“елита, што значи - и него сме го прескокнале, па според логиката на некои малоумници, треба да се вратиме назад во времето, за да го доживееме. Или, пак, поборниците на барокот, се изместиле, па живеат во заблудата, дека соцреализмот, со своите карактеристики е најблизок до „нашиот“барок?! Што ли се одвива во нивниот заматен ум?

Tuesday, June 8, 2010

ЗАЛУТАНОСТ

Дали еден професор доктор смее да си дозволи пишување глупости? Дури и најбистриот ум некогаш знае да се замати,па зошто не и оној на Ванковска!

Monday, June 7, 2010

ПАТРИОТИЗАМ, МАНГУПЛАК, ИЛИ ПРИМИТИВИЗАМ?

Повод: „Четирите страни на светот: Јужна Африка“од А.Русјаков, „Нова Македонија“,5.6.2010


Не можев да додржам, а да не напишам некој збор за вчудовидувачки големиот број колумнисти, кои се обидуваат, со простачко изразување и користење примитивно изразување, најверојатно, како недостаток во сопствениот речник, да ги надоместат празнините во сопствената личност, и да му се претстават на народот, како невидени мангупи, како спасители, или како интелектуалци - нонкомформисти! Умислени патриоти! Сподоби кои сметаат дека само, ако се потпишат со уметник, веднаш стануваат тоа! Неранимајковци преоблечени во патриотско руво (дали е златно, не знам), кои се обидуваат преку приземни изрази(најверојатно поинаку и не знаат), да го дискфалификуваат и омаловажат неистородниот мислител, кој веднаш го прогласуваат за политички противник, или предавник! Еве го мојот коментар, на овој наплив на „наш“голем „патриотизам“:

Friday, June 4, 2010

А ДЕНЕС, ЗА ЛОШАТА ТРЕВА

повод: „Поленот од тревите ги задуши скопјани“, натпис во „Утрински“


Ајде да ги уништиме тревите! Да ги уништиме тие Подли Билки, што се дрзнале некому да предизвикаат алергија! Ајде да ги уништиме зелените дрвја - и тие ни го загадуваат животниот простор со својот зол полен и со грдите цветови! Знам: ќе ги прогласиме за Стари - се препречиле на тротоарите и не можеме да си ги прошириме авениите, за нашите нови џипчиња! Да ги уништиме цвеќињата по планините, парковите, терасите!

ПИСАТЕЛСКИ СРАМ

одговор на истоимениот текст во поглед на С. Унковска во „Утрински“

Она што вие,новинарите во МК,упорно пропуштате да изнесете за овој Великан е тоа што тој, освен поет, е и сликар и Архитект! Со еден збор - Сестран Уметник, а таквите се раритет! „В Америке,пропахшей мраком / камелией и аммиаком. / Пыхтя, как будто тягачи, / За мною ходят стукачи…“- Се стихови за сладострасните обожувачи на Маглите! (*превод?! друг пат, кога ќе има простор за него)!

Thursday, June 3, 2010

ИЗБОР НА НАЈГЛУП И НАЈГРД НАДГРОБЕН СПОМЕНИК

Време е на споменици! Време за лечење на патриотизмот! Лековит Споменик! Колку тоа „гордо“звучи! Му недостасува ли патриотизмот на Македонецот? Дали е токму тоа, она што му недостасува? За вас избрав неколку Кичфигурини, кои се прескапо платени (ако некогаш воопшто ја дознаеме вистинската цена)! Одберете ја најглупавата! И што тогаш?! Право пред неа, на лечење! Намерно во нив ги нема „спомениците“на Гоце, Даме, или некој од непристигнатите! За да не ги навредам овие личности, кои сакале, или не, се сепак дел од матната историја на овој народ!

Wednesday, June 2, 2010

ГРДОТИЈАТА НАРЕЧЕНА КАМЕН МОСТ

Една прекрасна емисија… емисија за реставрација на еден добро познат мост - Стариот Мост во Мостар, симболот на тој град, изграден од неимарот Хајрудин уште во далечната 1566 година со цел да ги поврзува двата брега на Неретва и трите нации во градот, а срушен до темел од малоумен официр на ХВО во виорот на граѓанската војна во Босна и Херцеговина во 1993 година.

Она што ме зачуди беше ентузијазмот со кој, раководителот на проектот, една млада дама (не постара од 30 години) и целата екипа со која работеше го реконструираа овој легендарен мост. Беше интересно да се гледа заложбата да се обнови мостот со оригиналниот камен тенелија од кој бил изграден во минатото.

Tuesday, June 1, 2010

НА КИРЧО

Колку чини? Колку чини кога постојано те силуваат 22 претставници на Владата, кои се осмелуваат себе си да се наречат Народна Влада?

ПОРТОКОЛАДЕН ПОПУЛИЗАМ

Зачудувачки!? Не! Секој политичар требало да ги следи граѓаните во нивните желби, за да не го загуби рејтингот (изјава на Ј.Донев)!? Вообичаено е капетанот и кормиларот да управуваат со бродот, а не патниците! Во нашиот случај, изгледа дека и едните и другите, се пијани до бесвест, па му го дале Кормилото на хроничниот зависник! Пловиме во сите правци, токму како „Пијаниот кораб“на Сава Шумановиќ - голи, боси и опиени!

Monday, May 31, 2010

ЗА МОЛКОТ


Да, токму конформизмот нè уништува! Трпиме за да не останеме без работа, за да ги вработиме децата, за да не им стават лоша оценка на училиште, да може да си ги запишеме на дисперзирани студии... Трпиме за да не нè пријават комшиите, за да не ни дојдат инспектори во дуќанот, кафеаната... за да напредуваме... бидејќи „така било на Запад“... А На „Запад“Врие! „Лебче и солца, само мирно да е“, а ваму - Ниту Мирно, Ниту Лебче! Платите, треба да сме среќни ако доцнат, бидејќи може и да не ги добиеме! „Економска криза има-нема“во зависност од потребите за Лековитите (Надгробни) Споменици за 2014п.н.е.! Но, сепак, Трпи Трпе, заедно со Трпана, а на тоа ги учиме и малите Трпчиња! „Молчи,да не те чујат...!“. Вроден Мазохизам!

ЈАСНО И ГЛАСНО - „СКОПЈЕ 2014Δ.п.н.е.“

Makedoncite vo 2014Македонците во 2014

Skopje 2014

!Turistički Proekt na Vladata Na Makedonija "Skopje 2014"






Skopje 2014
No Comment!

Makedonija 2015


!ODBERETE SI RAZGLEDNICA OD POSVETLATA IDNINA!!

Wednesday, May 19, 2010

СО ЖИЧАРНИЦА ДО КРСТОТ

Одговор на малоумните писанија во рубриката Писма („Утрински весник“бр.3286,19.5.2010.)

Големите визии не се за Ситните Искомплексирани Души! И балонот се шири до одредени димензии, но онолку колку му дозволува капацитетот! Жичарницата ќе превезува 1200 патници на час, но која е бројката на патници потребна за нејзина исплатливост? Исплатливоста е главното прашање што треба да се постави за ваквото „чудо“! Каде ќе најдете 1200 патници на час? Гледам Скопје врие од туристи! Не можам да се движам низ улициве и тротоариве од нив! Знаете ли дека ќе се исечат 12000 метри квадратни Шума, само за да ја задоволат Болната Суета на Власта! Гледам, пресреќни сте што ќе може за Божиќ да се крстите на Милениумскиот Крст на Водно! Се прашува ли некој колку чини струјата за негово осветлување? Многумина се Крстат, гледајќи ги „достигнувањата“на преродбата! Вселенските размери во Светот ги мерат според Научните Достигнувања на една нација, а не според Бројот на направените Глупости!

Monday, May 17, 2010

Почеток

После долгото одбивање да влезам во шема (сеуште го одбивам Фејсбук, иако сум присутен и таму) и долгото шкрабање, како реакција на јаловото современие, еве, се приклучувам на „Блогосферата“, исклучиво преку еден од најстарите сервиси - Blogger! Шкрабањево се јавува како последица од недостаток на простор во другите медиуми, особено во „Утрински“каде започнав со моите млатења празна слама! Што ќе произлезе од ова, не знам. Теми има премногу! Има преголем и непресушен извор за пишување текстови. Погледнете во секојдневните глупости и сè ќе ви стане јасно!