Friday, June 4, 2010

А ДЕНЕС, ЗА ЛОШАТА ТРЕВА

повод: „Поленот од тревите ги задуши скопјани“, натпис во „Утрински“


Ајде да ги уништиме тревите! Да ги уништиме тие Подли Билки, што се дрзнале некому да предизвикаат алергија! Ајде да ги уништиме зелените дрвја - и тие ни го загадуваат животниот простор со својот зол полен и со грдите цветови! Знам: ќе ги прогласиме за Стари - се препречиле на тротоарите и не можеме да си ги прошириме авениите, за нашите нови џипчиња! Да ги уништиме цвеќињата по планините, парковите, терасите!
Да ги уништиме дрвата и тревките на Водно, што му се испрчиле на патот на „грандиозниот“жичан ум! Да ги уништиме кучињата-скитници, што, само, ако им проговорите, го мавтаат опашот, надевајќи се дека ќе си најдат пријател што ќе ги храни! Срам да им е - со опашот креваат прав, а и секогаш се спремни да ве гризнат, кога ќе ги удрите со стапот! Ајде да уништиме Сè што се осмелува да мрдне и да ни го попречи патот! Ајде да се погледнеме во огледалото и да го испокршиме, затоа што се осмелило да го даде одразот на нашиот Грд Лик - Срам да му е! Ајде Да Се Уништиме потопени во големината на своето Его!

No comments:

Post a Comment