Tuesday, June 1, 2010

НА КИРЧО

Колку чини? Колку чини кога постојано те силуваат 22 претставници на Владата, кои се осмелуваат себе си да се наречат Народна Влада?
Колку чини кога те силуваат 120 претставници, кои се осмелуваат себе си да се нарекуваат Народни Пратеници? Колку чини кога секојдневно нè силуваат разноразни шефови, но уште почесто колеги-соработници со скудно знаење, но со силна партиска книшка? Колку мамини лигуши што ако им кажеш дека згрешиле, може да ги испободат сите околу нив? Што всушност им оставаме на нашите деца? Бомби, пушки, барокни ножеви и кичфигурини, заштитени со ултразвук од птичјиот измет?! Кој ќе не заштити од птичјиот памет?

No comments:

Post a Comment